Кремљ: Зеленски повикува на почеток на нуклеарна војна

Русија е „најантиевропската земја во светот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред европските лидери собрани на првиот состанок на Европската политичка заедница и побара од нив да помогнат и да воведат повеќе санкции кон Русија.

На денот кога Украина првпат објави дека ослободила 400 квадратни километри од руската окупација на југ, Зеленски во обраќањето преку видео врска предупреди на опасноста што ја претставува Русија. „Русија сега има само една политика, а тоа е „војна против Украина, против Европа, против светот“, рече Зеленски, пренесува ДПА.

Тој ги повика шефовите на држави и влади собрани во Прага да направат сѐ што можат за да ја запрат војната во неговата земја. Тој повика на повеќе санкции против Русија, посилна воена поддршка за Украина за „руските тенкови да не стигнат до Варшава или Прага“ и безбедносни гаранции додека неговата земја не се приклучи на НАТО. „Агресорот треба да биде казнет“, нагласи тој, додавајќи: „Ќе дојде ден кога руското зло ќе загуби“.

Зеленски денеска имаше говор и пред Институтот Лови во Австралија. Зборувајќи преку видео врска, Зеленски го повика светот да „покаже сила“ по анексијата на четирите украински региони. „Шефот на Русија сега внимателно ја анализира реакцијата на светот на лажните референдуми што ги организираше на украинска територија и на најавата за анексија на нашата територија“, рече Зеленски.

„Него го интересира дали сè уште има потенцијал за ескалација. Ако светската реакција сега е слаба, Русија ќе излезе со нова ескалација“, додаде тој.

Кремљ го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека повикал на нуклеарна војна во денешното обраќање пред Институтот Лови во Австралија. Кремљ тврди дека неговите коментари се „повик за започнување нуклеарна војна“.

Михајло Подољак, советник на претседателот на Украина, зборуваше и за руската најава дека Зеленски повикува на нуклеарна војна.

„Уште една руска лага. Зеленски не кажа ништо за нуклеарен напад врз Русија. Зеленски потсети на нуклеарната уцена од Русија и предложи превентивно да се наведат последиците за Русија и да се интензивираат нападите врз неа во форма на санкции и вооружена помош за Украина“, напиша Подољак.

Украина денеска објави дека руските сили се под силен притисок од украинската контраофанзива.

„Украинските вооружени сили ослободија повеќе од 400 квадратни километри од регионот Херсон од почетокот на октомври“, изјави претходно Наталија Гуменјук, портпарол на Јужната воена команда.

Со ова Украина за првпат официјално објави колкав дел од окупираната територија на југ вратила под своја контрола.

Украинските сили се во офанзива на сите фронтови од почетокот на септември и веќе го вратија најголемиот дел од регионот Харков на североисток, како и важни логистички центри како што се Купјанск и Лиман на исток.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер