Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
2Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
3Влада за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар:Од првиот момент сме во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните.
ЖивотКремљ: Сопственикот на Телеграм треба да биде повнимателенПортпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен. Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен. - Ќе очекуваме зголемено внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошка гледна точка, кој всушност растеше пред нашите очи, сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, користена за терористички цели, посочи Песков. Руската државната новинска агенција РИА Новости објави дека напаѓачите биле регрутирани преку радикален канал на Телеграм, кој припаѓа на групата Исламска држава - Хорасан. Во текот на изминатите 2 дена, рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на Телеграм поради „содржини поврзани со тероризам“. Го забрзавме откривањето и верификацијата на каналите на Телеграм. Поконкретно, регистрираме создавање на канали, кои наводно известуваат за нови терористички напади. Тие се создадени со цел да се заплаши населението. Во изминатите два дена ограничен е пристап до 11 такви канали, се наведува во соопштението на „Роскомнадзор“. Телеграм, основан од Дуров, е со седиште во Дубаи. Дуров (39) ја напушти Русија во 2014 година и живее во Дубаи, има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати. Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Во живопоследно ажурирање новоФудбалСП2026: наме голови ниту по прото продолжение во Џерси, во големото финале Шпанија - АргентинаГоломото финале на 23 Светско фудбалско првенство меѓу Аргентина и Шпанија замина во продолженија по регуларните 90 минути без голови.ново23:42Мируваат мрежите и по првите 15 минути продолженија на финалето во Њу Џерси. Најголемата шанса за гол во продолженијата ја имаше Шпанецот Мерино кој биеше со глава но неговиот удар заврши крај стативана од голот. Инаку ова е петтото од последните 6 мундијалски финалиња во кое победникот се решава по продолженија или пенали. пред 15 минути23:296 минута од првото продолженија гол на младиот Шпанец, Нико Вилијамс, Словенецот Винчиќ свири фаул над голманот на Аргентина Мартинез, голот е поништен нема реакција ниту од ВАР собата иако има материјал за тоа. ново23:24Одбранбениот бедем на актуелниот светски шампион Аргенитна ги издржа сите напади на најдобриот европски тим Шпанија. Фудбалерите на црвената фуија во регуларите 90 минути ја имаа конролата и поседнот на играта но не успеаја да го совладаат вечерва одличниот Мартинез на голот на Аргентина. Шпанските фудбалери упатија дури 15 шутеви кон голот на противникот но ниту еден не заврши во мрежата на Мартинез. Бранителот на тронот ниту еднаш не го загрози голот на Симон. Во продолженијата гаучосите по заслуженото исклучување на Енцо Ферандез играат со човек помалку. Ова инаку првото мундијалско финале во кое играат актуените континетални шампиони на Европа и Јужна Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!Најубавата српска ракометарка, Сара Гаровиќ, покрај со своите одлични игри на теренот, плени и во приватниот живот. На Инстаграм ја следат повеќе од 30.000 луѓе, а таа често ги радува со провокативни фотографии што ја потврдуваат нејзината титула на една од најубавите спортистки во Европа. Најновата профилна фотографија ја прикажува Сара во бикини, како позира со два прста кренати високо додека стои на пешкир, со контроверзен натпис: Добро „га.е“. Сара Гаровиќ својата кариера ја изгради во ракометот. Започна во белградските клубови „Авала“ и „Вождовац“, а преку двојна регистрација настапуваше и за „Инџија“. Нејзиниот пат потоа ја водеше низ „Раднички“, „Јуниор“, „Медицинар“ од Шабац и „Бекамент“ од Аранѓеловац, пред да стане шампионка на Србија со „Црвена ѕвезда“, за која настапува во последните две и пол години. Меѓународно искуство стекна во Полска и Германија, каде што забележа значајни резултати во европските натпреварувања со „Борусија Дортмунд“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на МесиПоранешната Мис Бум Бум, инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најверните и најконтроверзните обожавателки на Лионел Меси, е блиску до исполнување на ветувањето што неодамна го даде. Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело. Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер. „Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, а една од нив е на интимен дел од телото. Сепак, ако Аргентина освои уште едно Светско првенство, ќе исполнам уште едно ветување – ќе направам нова интимна тетоважа во чест на Меси. И бидете сигурни... таа ќе го шокира целиот свет. Сите што ме следат знаат дека секогаш го исполнувам она што го ветувам. Напред, Аргентина!“, изјави Сузи. Поранешната победничка на натпреварот „Мис Бум-Бум“ во Бразил претходно се поврзуваше со контроверзиите околу Жерар Пике. Според нејзините тврдења, таа била меѓу жените на кои поранешниот шпански репрезентативец наводно им испраќал експлицитни фотографии додека сè уште бил во врска со пејачката Шакира. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook