Кремљ: Русија сè уште е во контакт со Украина за размена на телата на загинатите војници - Канал 5

Кремљ: Русија сè уште е во контакт со Украина за размена на телата на загинатите војници

 Русија останува подготвена за размена на телата на загинатите украински војници и одржува контакт со Киев по ова прашање, соопштија денеска од Кремљ.

Кремљ: Русија сè уште е во контакт со Украина за размена на телата на загинатите војници

Од таму додадоа дека некои од телата сè уште се чуваат во камиони со ладилници за предавање. Русија претходно соопшти дека возилата, кои првично пренесувале над 1.000 тела, се паркирани во близина на точката за размена од сабота, чекајќи Украина да ги преземе. Московските претставници се пожалија дека Киев сè уште не го сторил тоа. Размената беше договорена за време на вториот круг директни мировни преговори во Истанбул на почетокот на месецот.

Од Кремљ изјавија дека сè уште не знаат колку тела на руски војници Украина е подготвена да предаде. Во меѓувреме, се очекува денеска рускиот претседател Владимир Путин да одржи состанок на Советот за национална безбедност, кој ќе се фокусира на политиката за традиционалните вредности на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината.

Општина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м Илинден

Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во летниот период кога потрошувачката на вода е зголемена.

За поефикасно управување и одржување на мрежата, долж трасата се поставени нови јазли, приклучни точки и затворачи. Тие овозможуваат одделни делови од водоводната мрежа да се изолираат при евентуални дефекти или сервисни интервенции, со што се намалува потребата од прекини во водоснабдувањето на поголем број корисници.

Со реконструираната водоводна мрежа се унапредува и противпожарната заштита во овој дел од општината. На новата линија се поставени вкупно 20 нови противпожарни хидранти, од кои 10 подземни и 10 надземни, со што се обезбедува подобра достапност до вода за потребите на противпожарните интервенции долж целата траса.

Со реализацијата на проектот ќе се подобри водоснабдувањето на улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 11, 13, 15, 19, 24, 26, 28, 30, 32, 34, 35 и 36 во населено место Илинден, како и водоснабдувањето во Стопанскиот комплекс Илинден и во дел од населеното место Марино, со постабилен притисок и проток, намалени загуби и помал ризик од дефекти и прекини. Со ова, Општина Илинден продолжува со унапредување на комуналната инфраструктура и создавање посигурни услови за жителите.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрага

Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа.

Германска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрага

Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа, изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот.

„Volksbank Köln Bonn“ му го одобрила заемот на кинескиот инвеститор Ху Јинг за купување на борделот „Паша“ во Келн.

Проституцијата е легална во Германија.

Во јули, банката ангажирала адвокатска канцеларија за независно истражување на трансакцијата, вклучително и дали некој член на управниот одбор можеби лично профитирал од зделката. Деталите за заемот не се обелоденети.

„Volksbank Köln Bonn“ одби да ја коментира истрагата на BaFin. Банката изјави дека го смета членот на одборот за невин сè додека не се утврдат сите околности и напомена дека тој ќе остане на отсуство додека не заврши проверката.

Адвокатот Маркус Лемкулер изјави за „Ројтерс“ дека го застапува членот на одборот Јирген Нојтгенс, кој ја извршува таа функција од 2018 година.

Според извор запознаен со случајот, BaFin ја истражува можноста дека на Нојтгенс му била исплатена провизија во врска со заемот. Ројтерс не успеа да утврди на кого и за што била исплатена наводната провизија. „Мојот клиент во ниту еден момент не примил никаква исплата“, напиша Лемкулер како одговор на прашањата од Ројтерс.

Тој додаде дека очекува истрагата да покаже оти обвинувањата против неговиот клиент се неосновани. Банката покрена внатрешна истрага по извештаите во германските медиуми за заемот.

Германските „Фолксбанки“ (Volksbanken) се задружни банки во сопственост на нивните членови и претставуваат важен дел од финансискиот систем на најголемата европска економија.

Тие ретко одобруваат кредити за странски инвеститори и генерално избегнуваат деловни активности што би можеле да ѝ наштетат на нивната репутација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: На Неретва уловен сом од скоро два метри

Рибари во областа на Салаковац, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, успеале да уловат огромна риба на реката Неретва.

Видео: На Неретва уловен сом од скоро два метри

Двајцата рибари во водите на Неретва уловоиле сом долг 196 сантиметри и тежок приближно 50 килограми.

Според рибарите, станува збор за капитален примерок уловен во реонот на Салаковац.

-Беше потребен голем напор за да се извлече оваа огромна риба од водата и да се подигне на брегот, истакнале рибарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер