Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Европа - Канал 5

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Европа

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара со „сите“, вклучително и со Европејците, соопшти денеска Кремљ.

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Европа

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара со „сите“, вклучително и со Европејците, соопшти денеска Кремљ, откако „Фајненшл тајмс“ објави дека раководството на Европската унија се подготвува за потенцијални разговори. „Фајненшл тајмс“ во четврток напиша дека пресвртот на Европската унија е поттикнат од фрустрацијата од преговорите за ставање крај на војната во Украина предводени од американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека верува оти постои „потенцијал“ за преговори на ЕУ со Путин и дека алијансата има поддршка од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Песков: „Путин е подготвен да преговара со сите“

„Путин е подготвен да преговара со сите. Тој го повтори тоа неколку пати“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите кога беше прашан за статијата на „Фајненшл тајмс“. „Ќе бидеме подготвени да напредуваме во дијалогот колку што Европејците се подготвени да го сторат тоа. Сепак, како што веќе нагласи Путин, нема да иницираме такви контакти по ставовите што ги зазедоа Европејците“.

Русија го чека првиот потег од Европа

Русија верува дека европските влади мора да го направат првиот потег бидејќи тие се оние што ги прекинаа контактите со Москва во 2022 година по почетокот на војната во Украина. „Руската страна не беше иницијатор на целосниот прекин на нашите односи со ЕУ“, рече Песков. „Брисел и поединечни европски престолнини го иницираа ова.“

Европските лидери претходно нагласија дека Русија мора да биде поразена во Украина и го опишаа Путин како воен злосторник и автократ кој, тврдат тие, еден ден би можел да нападне членка на НАТО ако му се дозволи да победи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер