Кремљ: Очекуваме САД да нè известат за исходот од преговорите со Киев - Канал 5

Кремљ: Очекуваме САД да нè известат за исходот од преговорите со Киев

Кремљ очекува дека САД да ја известат Русија за исходот од преговорите што ги водат со Украина и Европската Унија за украинската криза, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ: Очекуваме САД да нè известат за исходот од преговорите со Киев

Песков рече дека Москва засега нема видено официјални информации за можно воведување нови американски санкции кон Русија, но дека Кремљ е свесен дека такви планови постојат.

Со ова, Песков ги прокоментира наводите на Блумберг дека Вашингтон размислува за нови санкции доколку рускиот претседател Владимир Путин го одбие мировниот договор за Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Речиси двојно помалку пожари како резултат на работата и инвестициите на оваа Влада

Во 2024-та година имало 132 пожари, опожарена површина 95.000 хектари, просечна површина по пожар 721 хектар. 

Петрушевски: Речиси двојно помалку пожари како резултат на работата и инвестициите на оваа Влада

Во 2025-та година имаме намалување на 82 пожари, 31.228 хектари опожарена површина и просечна површина по пожар 382 хектари. Ќе се сложите, драстично намалување. Во 2026-та година тековната, досега, истиот систем EFFIS има евидентирано 69 пожари, опожарена површина 25.000 хектари, просечна површина по пожар 366 хектари. Секаде намалување во секој параметар. И она што е уште поважно е дека имаме драстичен тренд на намалување од она кое што било во време на претходната влада на СДС и ДУИ, со ова кое што денеска го работи оваа Влада. А зошто тоа е така? Овие бројки овие статистички показатели не паѓаат од небо и не се случуваат случајно, тие се производ на работа на планирања на инвестиции. Ќе ве потсетам, дека откако дојде оваа Влада, иако претходната ги заглави, air тракторите, сега беа ставени во функција. Потоа, исто така, се сеќавате дека оваа Влада изврши пренамена на воени и полициски возила, коишто имаат вградени резервоари за вода и коишто имаат пумпи под висок притисок, успешно се справуваа со дел од пожарите особено во делот на шумските пожари. Се вклучија армиските и полициските хеликоптери, се ангажираа нормално армиските припадници, меѓутоа се ангажираа и 300 доброволци, коишто се во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување, за да помогнат во справувањето со оваа непогода, нови инвестиции, опрема, превентивни мерки, како што беа забрана за движење во шумите, контрола на депонии и други потенцијални извори на пожари и инструкции до општините преку ЗЕЛС за проверка на ризични области. Се сложувам дека треба уште повеќе да се инвестира, се сложувам дека е проблем за којшто не смее да се штеди, меѓутоа, тие бројки коишто кажуваат дека е драстично подобрено се резултат на работа, на инвестиции и на залагања не оваа Влада, објави на ФБ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)

Мал приватен авион, Piper PA-46 Malibu, се урна на прометен автопат во мексиканскиот град Аподака откако, според извештаите, ја изгубил моќноста на моторот при полетувањето, а потоа се запалил.

Авион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)

Сите шест лица во авионот ја преживеале несреќата.

Несреќата се случила на 18 ноември, откако авионот полетал од Северниот меѓународен аеродром.

Потоа авионот прелетал преку заштитната ограда на аеродромот и завршил на автопатот Монтереј-Нуево Ларедо, каде што се запалил.

Во авионот имало шест лица, двајца членови на екипажот и четири патници.

Според првичните информации, сите преживеале, но се здобиле со полесни повреди и модринки. Во несреќата немало жртви.

Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот, додека надлежните органи започнале истрага за да ги утврдат околностите на несреќата.

Се вели дека прелиминарната причина е губење на моќноста на моторот при полетувањето, но конечните резултати ќе бидат познати откако воздухопловните власти во Мексико ќе ја завршат истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Производството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата

„Stellantis“ објави дека ќе го продолжи производството на електричните и хибридните модели на „Fiat 500“ во Торино, по петнеделен прекин на работата во одделот за каросерија поради недостиг на компоненти.

Производството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата

Во целиот производствен комплекс „Мирафиори“ во Торино се вработени околу 1.400 работници, а повремените прекини во производството влијаеја и на други оддели, пренесува „ANSA“.

Синдикатите „FIM-CISL“ и „UILM“ претходно предупредија дека зачестените прекини во производството поттикнуваат растечко незадоволство и несигурност кај вработените, кои со месеци се соочуваат со прекини во работата и неизвесност во однос на иднината на фабриката.

Оваа година, „Stellantis“ најави намалување на бројот на вработени за 175 лица во Мадрид, додека во фабриката во Тихи, Полска, се планира укинување на 740 работни места по укинувањето на третата смена. Во Италија е најавено намалување на бројот на вработени за 485 лица, главно преку доброволно заминување и предвремено пензионирање.

Извршниот директор на „Stellantis“, Антонио Филоса, предупреди дека производителите на автомобили и нивните добавувачи ќе се соочат со значителен пораст на трошоците за суровини и електронски компоненти – вклучувајќи мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници – во текот на 2027 година, а веројатно и во 2028 година. Говорејќи на годишното собрание на италијанското здружение на производители на автоделови, „Anfia“, во Милано, Филоса изјави дека инфлаторните притисоци во овие категории ќе претставуваат трошок за „Stellantis“ во износ од милијарди евра, пренесе Ројтерс.

Според Филоса, компаниите и добавувачите ќе мора да одговорат на овие притисоци преку зголемување на својата конкурентност. Сепак, ќе биде потребна и поддршка од италијанската влада и од Европската унија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер