Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план - Канал 5

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план

Тврдењето дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил американскиот мировен план за Украина би било неточно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план

- Еден дел од точките на планот за Украина се прифатени за време на разговорите меѓу Путин и Виткоф, дел е означен како неприфатлив. Тоа е работен процес, рече Песков и додаде дека колку повеќе преговорите се водат во тишина, толку ќе бидат попродуктивни.

Тој соопшти и дека Русија се надева оти американската страна ќе се придржува до принципот на тишина за време на преговорите за решение.

Портпаролот на Кремљ додаде дека е можен телефонски разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. „Телефонски разговор е можен во секој момент. Постои можност да биде оперативно организиран“, рече Песков.

Вчерашниот разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен, изјави претходно советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека разговорот „не траел пет минути, туку пет часа“.

– Разговаравме за неколку опции за ставање крај на војната во Украина. Се договоривме со американските колеги да не ја откриваме содржината на преговорите. Разговорот беше доверлив, рече Ушаков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер