ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура
МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција
1ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура
2МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција
3Герасимовски: Подобри услови за учениците , во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“
3„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
СветКремљ го осуди убиството на Али Лариџани Кремљ го осуди она што го нарече „атентат“ врз иранските лидери во воздушните напади на САД и Израел, еден ден откако Иран потврди дека Али Лариџани, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во Техеран.„Недвосмислено ги осудуваме сите дејствија насочени кон оштетување на здравјето, па дури и убивање или елиминирање на членови на раководството на суверен и независен Иран, како и раководството на други земји. Ги осудуваме таквите дејствија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите кога беше прашан за реакцијата на Русија на смртта на Лариџани. Русија, која изгради и помага во работењето на единствената нуклеарна централа во Иран, остро ги критикуваше воздушните напади на САД и Израел врз Иран, близок партнер, и повика на итно прекин на огнот и преговори.Тагови: кремљ Лариџани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктураСо преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион.Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови. Прво се изградија и се пуштија во употреба експресните патишта Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка, кои се многу значајни сообраќајни патни артерии за овие населени места. Со многу засилено темпо се изведуваат градежните работи на веќе започнатите автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола и на терен е видлив многу голем напредок. Се решија наследени проблеми на автопатот Кичево-Охрид, како што се и свлечиштата на косините со таканаречените галерии, и интензивно се работи за што поскоро негово целосно завшување. Се потпиша договор за финансирање, избрани се консултантот и изведувачот и следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Црна Гора и Албанија. И во ваквиот градежен бум невиден во поновата историја на Македонија не се заборавени ниту истокот, ниту југоисточниот дел од државата. Започнаа подготовките и за експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш, проекти кои долги години се најавуваа а ниедна власт до сега не ги изгради. Градежништвото, како нискоградбата така и високо градбата, претставува двигател на економијата и главен драјвер на економскиот развој. Изградбата на модерни и современи патиштата значи побрз развој на економијата, туризмот, побрз и побезбеден проток на патници и стоки. Додека некои само се сликаа со маици со бројки од Коридорите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со забрзано темпо гради патишта, автопатишта, експресни во сите делови од државата и ја модернизира патната инфраструктура. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранцијаДлабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата.Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата. Референдумското изјаснување во 2018 година се темелеше токму на таквите „ЕУ гаранции“, кои сега магично исчезнаа. Со тоа, паѓа во вода наративот дека болните и длабоки национални отстапки направени во минатото биле неопходни затоа што претставувале сигурен пат кон европското членство. Македонски Концепт отсекогаш предупредуваше дека секој меѓународен договор мора да биде заснован на принципите на реципроцитет, правна сигурност и меѓусебна доверба. Процес во кој едната страна, Македонија постојано презема нови обврски, а другата ЕУ не нуди никаква извесност за конечниот исход, не претставува стабилно партнерство, туку процес кој природно ја поткопува довербата на граѓаните. Нашата стратешка определба останува полноправното членство во Европската Унија. Но, европската интеграција мора да биде процес заснован на јасни правила, еднакви критериуми и предвидливост, а не на постојано отворање нови политички условувања без јасен крај. Штом ЕУ официјално ги повлекува гаранциите од Преспанскиот договор, тогаш сосема легитимно е Македонија да ја тргне „северна“ од внатрешна употреба, токму согласно одредбите на тој договор. Бараме Владата итно да преземе чекори во таа насока. Во рамки на владината Коалиција „Твоја Македонија“ во која партиципираме, ова ќе биде отворено прашање од наша страна. Македонија заслужува чесен и предвидлив европски процес. Само така може да се обнови довербата на македонските граѓани во европската идеја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Подобри услови за учениците , во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за санација на инфраструктурата во ООУ „Димитар Миладинов“, со што ќе се подобрат условите за учење, работа и спортување во училиштето.Во првата фаза се изведува нова фекална мрежа, одвоена од атмосферската, со што се решава долгогодишниот проблем со затнување и прелевање на шахтите. Воедно, се реконструира санитарниот јазол до фискултурната сала, каде се заменуваат старите водоводни и одводни цевки и се поставуваат нови санитарии. Се реновираат машката и женската соблекувална, со поставување нова подна подлога и плочки, а просторот дополнително се освежува со молерисување и уредување. „Во летниот период, локалната самоуправа планира санации во повеќе училишта на своја територија, а во овој објект веќе се реализираат неопходни инфраструктурни зафати. Санацијата на канализационата мрежа во овој објект беше неопходна за да се реши долгогодишниот проблем“, посочи Герасимовски. Покрај тековните активности, во план е и реконструкција на кровот, како и санација на училниците на третиот кат и просторијата за наставниците, каде има протекувања. Со овие вложувања, Општина Центар продолжува со уредување и зајакнување на училишната инфраструктура, со цел да обезбеди пофункционална и посовремена средина за учениците и вработените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43