Кремљ ги откри главните теми на посетата на Путин на Кина - Канал 5

Кремљ ги откри главните теми на посетата на Путин на Кина

Соработката во областа на енергетиката, вклучувајќи јаглеводородите и снабдувањето со гас, ќе биде меѓу клучните теми на разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кремљ ги откри главните теми на посетата на Путин на Кина

Соработката во областа на енергетиката, вклучувајќи јаглеводородите и снабдувањето со гас, ќе биде меѓу клучните теми на разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг за време на претстојната посета на Путин на Пекинг, изјави денес помошникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Зборувајќи на прес-конференција во Москва, Ушаков рече дека соработката во секторот на јаглеводороди ќе биде детално разгледана со учество на функционери директно вклучени во поврзаните проекти.

„Деталите нема да бидат објавени сега, но верувам дека лидерите ќе ја разгледаат оваа тема многу темелно со учество на директни претставници вклучени во сите овие проекти“, рече тој.

„Испораките на руска нафта во Кина се зголемија за 35 проценти“

Според Ушаков, испораките на руска нафта во Кина се зголемија за повеќе од 35 проценти во првиот квартал од оваа година.

„Во првиот квартал од оваа година, нашите испораки на нафта до кинеските потрошувачи се зголемија за повеќе од 35 проценти и достигнаа 31 милион тони“, рече тој.

„Русија е исто така еден од најголемите извозници на природен гас во Кина, вклучувајќи го и течниот природен гас“, додаде тој.

Ушаков потврди дека за време на состанокот ќе се дискутира и за планираниот гасовод „Моќта на Сибир 2“.

„Таа тема ќе биде разгледана многу детално, е на дневен ред“, рече тој.

„Енергетската соработка е главен двигател на односите“

Помошникот на Кремљ ја опиша енергетската соработка како главен двигател на билатералните економски односи, особено во контекст на тензиите на Блискиот Исток.

„Ломотивата на економската соработка е нашето партнерство во енергетскиот сектор. Во контекст на кризата на Блискиот Исток, Русија продолжува да ја одржува својата улога како сигурен снабдувач, додека Кина останува одговорен потрошувач на енергетски ресурси“, рече тој.

Ушаков, исто така, рече дека трговската размена меѓу Русија и Кина ќе достигне речиси 240 милијарди долари во 2025 година.

„Во 2025 година, трговската размена ќе достигне речиси 240 милијарди долари, а нејзината структура се проширила за да вклучи стоки со висока додадена вредност“, рече тој.

Тој додаде дека Русија и Кина се важни трговски партнери една за друга.

Според него, преминот кон порамнувања во национални валути помогнал во заштитата на билатералната трговија од надворешни притисоци и нестабилност на глобалните пазари.

„Всушност, изградивме стабилен систем на меѓусебна трговија кој е заштитен од влијанието на трети земји и негативните трендови на глобалните пазари“, рече Ушаков.

Најавен самит на БРИКС и состанок на ШОС

Ушаков, исто така, потврди дека Путин ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Бишкек од 31 август до 1 септември и на самитот на БРИКС во Њу Делхи на 12 и 13 септември.

„Секако, продолжуваме активна соработка во рамките на Шангајската организација за соработка и заедно оваа година ќе ја одбележиме 25-годишнината од ШОС“, рече тој.

Зборувајќи за односите со Соединетите Американски Држави, Ушаков рече дека посетите на руските министри на Америка биле корисни, но не донеле пресврт во билатералните односи.

Тој додаде дека руската влада го одобрила учеството на делегацијата предводена од министерот за труд Антон Котјаков на конференцијата за правата на лицата со попреченост, која ќе се одржи во САД во јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“.

Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот.

Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица.

Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден.

На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Венко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови

Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат.

Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски.

И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%.

Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%.

Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати.

Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер