Кремљ: Датумот за новите руско-американски преговори ќе биде одреден во наредните денови - Канал 5

Кремљ: Датумот за новите руско-американски преговори ќе биде одреден во наредните денови

 Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека датумот за новите руско-американски разговори ќе биде одреден во наредните денови.

Кремљ: Датумот за новите руско-американски преговори ќе биде одреден во наредните денови

Тој го изјави ова еден ден по телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

Песков во својот дневен брифинг со новинарите рече дека се предвидени разговори денеска и утре, со цел да се утврдат „точните датуми на следните контакти и составот на руската и американската делегација“.

Американската и руската делегација досега имаа два состаноци, во Ријад на ниво на министри за надворешни работи на 18 февруари и во Истанбул, Турција на 25 февруари, за заживување на работата на амбасадите на двете земји. Нивните контакти беа иницирани по првиот телефонски разговор на Трамп и Путин на 12 февруари.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп би можел да ја преземе бразилската репрезентација или Реал Мадрид, пренесува „UOL“.

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Според бразилската медиумска компанија, Клоп се чувствува многу исцрпен во својата позиција како глобален фудбалски шеф во Ред Бул. Забележано е дека Клоп е подготвен да ги разгледа опциите за продолжување на тренерските активности.

Педесет и седумгодишниот Германец своите должности како глобален шеф на Ред Бул ги презема на 1 јануари 2025 година.

Како тренер работеше во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул. /MИА

Гроси: Гуклеарен надзорен орган на ОН треба да учествува во преговорите меѓу Иран и САД

 Гроси изјави дека нуклеарниот надзорен орган на ОН треба да има улога во преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и Вашингтон пред вториот круг разговори меѓу двете земји.

Гроси: Гуклеарен надзорен орган на ОН треба да учествува во преговорите меѓу Иран и САД

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нуклеарниот надзорен орган на ОН треба да има улога во преговорите за иранската нуклеарна програма меѓу Техеран и Вашингтон пред вториот круг разговори меѓу двете земји.

Гроси, кој вчера пристигна во Техеран, разговараше со министерот за надворешни работи Абас Арагчи и со шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, за начините на кои МААЕ може да ги поддржи нуклеарните преговори меѓу Техеран и Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран доколку преговорите не успеат.

„Во контакт сум со американскиот преговарач за да видам како агенцијата може да стане мост меѓу Иран и САД и да помогне да се постигне позитивен исход во преговорите“, рече Гроси, прецизирајќи дека за да биде валиден секој нуклеарен договор, потребна е верификација од МААЕ.

Фото: ЕПА

притисни ентер