3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотКредитобарателот понекогаш може да ги исплаќа и долговите на жирантот ?Граѓаните често не знаат за долговите што ги преземаат.Скоро секогаш блиски пријатели, сопрузи или колеги си гарантираат еден на друг за долг, со што преземаат голем финансиски ризик. Ако должникот не може да го врати долгот, жирантот (гарантот) станува одговорен за исплатата што често доведува до финансиски и емоционален товар и целосно нарушување на односите. Финансискиот притисок, нарушената доверба и емоционалниот стрес создаваат тензии и кавги, особено ако должникот не покажува одговорност. Различните очекувања, кога едниот очекува помош, а другиот се чувствува измамен или под притисок, во целост ги згаснуваат овие врски. Во пракса може да се случи и обратна ситуација, кога лицето кое го плаќа својот кредит уредно и навремено поради преголемата кредитна изложеност, односно нефункционалност на неговиот жирант, банката да побара од него да го исплати целиот доспеан долг од жирантот кој не е способен да си ги отплаќа сопствените долгови. - Најчесто има доверител и должник каде е јасно кој треба да ја плати паричната обврска. Не ретко во предметите има и солидарни должници, кои помеѓу граѓаните често се нарекуваат гарант, жирант, кокредитобарател. Тие одговараат солидарно за целата обврска и доверителот може да бара од секој поединечно или заедно да му ја платат долгуваната сума во целост. Доколку еден од должниците го исплати долгот, таа обврска престанува, па двајцата или доколку се повеќе, се ослободуваат од долгот, односно од обврската без оглед кој колку платил поединечно, вели за МИА извршителката Емилија Павловска од Штип. Граѓаните, како што посочува Павловска, многу често не се свесни дека се должници се до моментот кога ќе добијат известување од извршител дека е потребно да подмират долг. Има случаи кога кај извршител доаѓа наплата за долг каде должникот во целост ги исполнувал своите обврски од кредитот, односно редовно плаќал, но поради финансиски проблеми на неговиот жирант, односно активирање на неговите кредити, се активира и долгот од другото лице. - Како би се чувствувал секој од нас кога уредно ги плаќа обврските за кредит, а ќе биде известен од извршител дека е достасан долг за наплата во целост на кредит од десетици илјади евра поради тоа што вашиот жирант западнал во финансиски неволји и неговите долгови се стасани за наплата, вели Павловска. Посочува дека има еден таков предмет во нејзината канцеларија, кога одеднаш должникот морал да го исплати долгот на жирантот, односно тој не сакајќи станува должник. - За да се избегнат вакви проблеми, важно е да се размисли двапати пред да се гарантира за нечиј долг и да се осигура дека постои јасен договор и разбирање меѓу сите страни. Граѓаните кога се јавуваат пред нотар или во банка детално да се информираат што потпишуваат, за колкава обврска и за кое лице тоа го прават, вели Павловска. Во контекст на тоа посочува дека при потпишувањето на договорите за кредит во сите одредби јасно и прецизно стои кои се условите за плаќање и дека доколку не се исплати долгот од главниот должник кон нив може да се спроведе извршување кон целокупниот движен и недвижен имот, како и на паричните средства со кои тие располагаат. Методологија за управување со кредитниот ризик Најзначајните барања за управувањето со кредитниот ризик коишто треба да ги следат банките, вклучително и постапувањето со т.н. нефункционални кредитни изложености се пропишани со Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, којашто Советот на Народната банка ја донесе во февруари 2023 година, а почна да се применува од 1 јануари 2024 година. - Точката 49 од оваа Одлука пропишува како банките треба да постапуваат во однос на заедничките кредитни изложености, дефинирани како изложеност кон два или повеќе кокредитобаратели коишто се подеднакво одговорни за извршување на обврските што произлегуваат од заедничката кредитна изложеност, велат од Народна банка. Доколку оваа заедничка кредитна изложеност, како што посочуваат, ги исполни условите од Одлуката за да добие третман на нефункционална кредитна изложеност, банката е должна како нефункционални кредитни изложености да ги смета и другите кредитни изложености кон кокредитобарателите. Исклучоци од ваквото правило - Одлуката предвидува два исклучока од ваквото правило, доколку доцнењето во намирувањето на обврските врз основа на заедничката кредитна изложеност е резултат на судски спор меѓу клиентите или доколку заедничката кредитна изложеност има многу мало учество во вкупната изложеност на банката кон одделните клиенти – кокредитобаратели, истакнуваат од Народна банка. Ваквите одредби на Одлуката, како што посочуваат од Народна банка, се усогласени со барањата и практиката на Европската Унија. - Треба да се има предвид дека заради единствена и усогласена примена на одредбите на оваа Одлука, Народната банка објави прашања и одговори на својата интернет страница. Едно од тие прашања (тема I, прашање бр. 3) се однесува токму на тоа дали со дефиницијата за заедничка кредитна изложеност треба да бидат опфатени кокредитобарателите, жирантите и давателите на гаранции, нагласуваат од Народна банка. Во одговорот, како што велат, експлицитно е наведено дека имајќи ја предвид дефиницијата, кокредотобарателите задолжително треба да бидат опфатени со овој термин, но не и жирантите, давателите на гаранции (со исклучок на давателите на солидарна гаранција, кога станува збор за гарант-платец) или давателите на друга форма на обезбедување на кредитната изложеност. Стапката на нефункционалните кредити ниска во вкупното кредитно портфолио Нефункционалните кредити најчесто се дефинираат како кредити кај коишто има доцнење во отплатите од страна на клиентот, што најчесто е одредено како доцнење од 90 дена и повеќе. Од Народната банка велат дека во вкупното кредитно портфолио веќе подолг период стапката на нефункционалните кредити е ниска и се одржува на ниво од околу три отсто. - На крајот на 2024 година, стапката на нефункционалните кредити за вкупното портфолио составено од нефинансиски клиенти се сведе на историско најниско ниво од 2,7 отсто, исто како и кај корпоративното портфолио каде оваа стапка се сведе на 2,8 отсто, нагласуваат од централната банка. Учеството на нефункционалните кредити во портфолиото на кредити за населението, како што посочуваат, изнесува 2,5 отсто и е стабилно по одреденото зголемување во првите месеци од 2024 година кое се должеше на започнувањето со примена на регулаторните промени направени заради натамошно усогласување со европските регулативи и стандарди. -Квалитетот на кредитното портофлио е добар и нема знаци за негово системско влошување поради што засега не предизвикува загриженост ниту претставува ризик за стабилноста на банкарскиот систем и за финансиската стабилност, оценуваат од Народната банка. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотврдена поддршката на Полска за европскиот пат на МакедонијаДенеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска. Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување. Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија. Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот. Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение. На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор ДалиКреативниот центар „Сончогледи“ продолжува со реализација на циклусот креативни работилници „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, поддржан од Град Скопје. Второто издание од циклусот ќе биде посветено на Салвадор Дали, еден од највпечатливите претставници на надреализмот, чие творештво ја истражува границата меѓу реалноста, соништата и фантазијата. Работилницата наменета за деца и млади над 6 години ќе се одржи во четврток, 29 октомври, со почеток во 18 часот, во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, во Т.Ц. Олимпико, Тафталиџе. Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, децата и младите ќе се запознаат со животот и творештвото на Дали, неговиот необичен уметнички израз и светот на надреалистичката имагинација. Дел од неговата лична приказна ќе биде претставен преку глума и пантомима, со што литературата, ликовната уметност и сценскиот израз ќе се поврзат во едно интерактивно креативно искуство. Практичниот дел од работилницата ќе биде посветен на сликањето со акрилни бои. Инспирирани од надреалистичките визии на Дали, учесниците ќе создаваат сопствени дела, експериментирајќи со формите, боите и неочекуваните комбинации. На тој начин, преку непосредно искуство и слободно творештво, ќе имаат можност да ја развиваат својата визуелна перцепција, креативно размислување и личен уметнички израз. Циклусот „Приказни што оживуваат“ има за цел да им овозможи на децата и младите да ја доживеат уметноста како простор за истражување, прашања, имагинација и сопствено творештво, поврзувајќи ги литературата, ликовната уметност и пантомимата на пристапен и инспиративен начин. Работилницата ќе ја водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар. Учеството на работилницата е бесплатно.Тагови: Салвадор Дали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоциЛишени од слобода 67 лица за безобѕирно управување на возило.Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: сообраќајни прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook