МакедонијаКредитите и депозитите и натаму бележат растДепозитите и кредитите и натаму бележат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1 отсто, додека кредитите за девет отсто.Раст е забележан и кај депозитите и кај кредитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата. Во текот на март на месечна основа кај депозтите има раст од 0,4 отсто во услови на раст кај двата сектора со поизразен придонес на секторот домаќинства. Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, што произлегува од зголемувањето на долгорочните денарски депозити, краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, што делумно е неутрализиран преку падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1 отсто, во најголем дел заради зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при помал, но позитивен придонес и на долгорочните депозити. Вкупните депозити на домаќинствата, бележат месечен раст од 0,2 отсто, што се должи на зголемувањето на долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад кај депозитните пари. Стапката на годишен раст на депозитите на домаќинствата изнесува 8,7 отсто, пред сè како резултат на порастот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен придонес и на долгорочните депозити. Кредитите на корпоративниот сектор, во март 2019 година, забележаа зголемување на месечна основа од еден отсто. Поголемо учество кон месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во најголем дел се должи на кредитите одобрени во денари. Во март 2019 година, вкупните кредити на домаќинствата остварија месечно зголемување, исто така, од еден отсто. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити. Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, овој месец,најзастапената категорија биле потрошувачките кредити, кои бележат месечен раст од 1,2 отсто и годишен раст од 10,9 отсто. Станбените кредити исто така се зголемени за 1,2 отсто на месечна основа, додека годишната стапка на раст кај оваа компонента e непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 13,6 отсто. По негативните стапки во претходниот месец, во март, автомобилските кредити забележале месечно и годишно зголемување од 2,3 отсто и 0,4 отсто, соодветно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20