Крапски риболовен натпревар на Осломејско Езеро - Канал 5

Крапски риболовен натпревар на Осломејско Езеро

На Осломејското Езеро од денеска до недела ќе се одржи крапски риболовен натпревар, што ќе трае непрекинато цели 72 часа.

Крапски риболовен натпревар на Осломејско Езеро

На натпреварот ќе земат учество 14 екипи од кои две од странство, потврдија од риболовното друштво „Хантер Фиш", кое е домаќин на натпреварот.

-Од денеска до недела на Осломејско Езеро ќе се одржи третиот спортско-риболовен натпревар на кој ќе земат учество 14 екипи од кои две од странство. Риболовниот натпревар ќе трае непрекинато 72 часа, по што ќе се добијат најуспешните екипи. Секоја екипа што ќе учествува на овој риболовен натпревар ќе мора да плати котизација за учество од 5.000 денари, а екипите ќе бидат составени од најмногу три члена или ќе можат да ловат со најмногу шест трски, истакна Бесмир Елези, претседател на риболовното друштво „Хантер Фиш".

Ќе се лови, додаде, на боила, жито и други мамки, а должината на трската не смее да биде поголема од четири метри.

-Подготвени се сите 14 боксови, каде што ќе бидат сместени екипите, а пред самиот натпревар ќе се влече која екипа на кој бокс ќе биде лоцирана, потенцира тој.

Од клубот најавија дека за овој натпревар наградите за најдобрите екипи ќе бидат двојно повисоки од претходно, а награда ќе има и за риболовецот кој ќе го улови најкрупниот примерок на крап.

-За овој натпревар предвидени се досега највисоки награди кои им биле доделувани на учесниците на еден натпревар одржан на Осломејско Езеро. Така трите најдобри екипи покрај пехари и медалји ќе освојат и 30.000 денари за прво место,18.000 за второ и 9.000 денари за трето место. За риболовецот што ќе го улови најкрупниот примерок на крап наменета е награда од 3.000 денари, прецизира Елези.

Тој потсети дека на претходниот натпревар, што пред неполни два месеца се одржа на истата локација, риболовците уловија најголеми количества на крап од било кој натпревар одржан последниве неколку години во земјава и нагласи дека деновиве во езерото се пуштени капитални примероци крап.

-За да биде натпреварот уште поатрактивен во водите се пуштени и примероци на крап тешки дваесетина килограми, што ќе го направи уште поинтересен и неизвесен, додаде Елези.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер