3Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп
2Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
КултураКраповски: „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж за македонските уметнициАнсамблот „Алтус“ познат по изведбата, афирмирањето и зачувувањето на класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“.Концертот на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката Елена Стојческа, кларинетистот Игор Иванов, гитаристот Роман Петиот, пијанистката Маријана Николовска, виолинистот Мартин Димитров, Александар Лаовски на виола и Паскал Краповски на виолончело. Извонредниот виолончелист Паскал Краповски рече дека ова е трето нивно учество во рамки на „Охридско лето“, што според него, е знак за континуитет и докажани концерти кои очигледно даваат ефект за да продолжи таквиот континуитет. -За нас, како и за секој македонски уметник, најпрестижниот фестивал во Македонија, „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж бидејќи самиот фестивал си ја носи тежината. Искуството што ние го споделуваме со публиката и тоа што ние го доживуваме е нешто што е незаменливо, нема цена, нема зборови со коишто може да се објасни. Чувството на сцена го носиме ние, го доживуваме и тоа е прекрасно, посебно во простор како црквата „Света Софија“, изјави Краповски. На синоќешниот репертоар беа прекрасни изведби на дела од современите македонски композитори Панде Шахов, Дарија Андовска, Дамјан Темков, Ангел Спироски и Томислав Зографски, но и композиции од Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Андре Капле, Гијом Конесон, Х.Вила-Лобос, Мануел де Фаља и Астор Пјацола. -Со оглед на тоа што ние сме ансамбл за современа музика, се трудиме да ја негуваме македонската современа класична музика како нешто квалитетно не само дома, туку да ја презентираме и надвор. Направивме една колажна програма која го опфати нашиот домен на интерес, но сепак настапуваме на фестивал којшто се одржува во лето, а без летна музика не може, додаде виолончелистот Краповски. Ансамблот „Алтус“ кој уште од самите почетоци на своето постоење е одлично пречекан од страна на стручната јавност, во 2024 година ја доби и наградата „Георги Божиков“ што ја доделува СОКОМ како признание за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваГеоргина не се омажи за Роналдо во венчаница- и двајцата носеа костуми од „Гучи“ (ФОТО)Георгина Родригез не избра класична венчаница за нејзината свадба со Кристијано Роналдо.Наместо долг чипкан фустан со традиционални детали, таа носеше целосно бел ансамбл од Гучи, составен од сако и тесно миди здолниште. Првите детали за нејзиното свадбено издание беа откриени откако Вог ги објави официјалните фотографии од прославата. Освен изгледот на Георгина, можеше да се види и што носеа Кристијано Роналдо и нивните пет деца за таа пригода. Бел одело од Гучи наместо венчаница Ансамблот на Георгина се состоеше од палто со долги ракави и тесно миди здолниште, изработено од свилена фајла, поцврста ткаенина што добро ја држи својата форма. Под јакната носеше лесна, малку проѕирна бела кошула, што му даваше на целото издание помек изглед. Комбинацијата изгледаше елегантно и рафинирано, но многу поедноставно и помодерно од класична венчаница. Изгледот го надополни со бели сатенски чевли од Гучи со препознатливиот метален детаљ Horsebit. Долгата коса ја носеше права и лабава, со шминка во природни тонови и бел маникир. Но, ова можеби не е последниот свадбен изглед што ќе го видиме кај Георгина. Двојката планира и поголема прослава со семејството и пријателите, па ќе биде интересно да се види дали ќе останат верни на минималистичкиот стил за таа пригода или ќе изберат полуксузна венчаница. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Ниту Роналдо не носеше класично црно одело Кристијано Роналдо исто така се оддалечи од традицијата. Наместо смокинг или класично црно одело, тој избра светло беж костум од Гучи по нарачка. Го носеше со обична бела маичка наместо кошула и вратоврска и мокасини од Гучи по нарачка. Така се вклопи во светлата палета на бои што ја избра и Георгина. Комбинацијата ја надополни со лична бројаница, видлива на свадбените фотографии. View this post on Instagram A post shared by Vogue (@voguemagazine) Целото семејство носеше Гучи Гучи не носеа само младенците. Нивните пет деца, Кристијано Џуниор, Ева, Матео, Алана Мартина и Бела Есмералда, беа исто така облечени во креациите на италијанската модна куќа. Нивните комбинации беа главно во светли и неутрални тонови, што го направи целото семејство стилски хармонично. Посебно значење зад изборот Изборот на Гучи исто така имаше посебно значење. Георгина и Кристијано се запознале додека таа работеше во продавницата на Гучи, па затоа присуството на брендот на нивната свадба не беше само моден избор.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДеца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)Кога го уништуваме заедничкото – се уништуваме самите себе!Речиси секојдневно сме сведоци на уништување на урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Овој пат мета на несовесно однесување се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ "Васил Главинов", создаден за децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт и рекреација. Општина Велес како и досега ќе ја санира направената штета, но секој денар потрошен за поправка на нешто што намерно е уништено е денар помалку за ново игралиште, нов терен, нова урбана опрема и нови инвестиции. Случајот е пријавен до надлежните институции и очекуваме сторителите да бидат утврдени и да понесат одговорност. Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат. Апелираме за свест и разум да не се уништува она што е направено со народни пари, а секој што ќе примети вакво вандалско однесување да пријави до надлежните институции. Не можеме да изградиме толку колку што можеме самите да уништиме. Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме, да го чуваме Велес како свој дом, објави на ФБ градоначалникот Марко Колев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЃоковиќ објави кога ќе ја заврши кариератаНовак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонскиот весник Спорт објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера.Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерс титули, ги комплетираше своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ нагласи дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности. „Сакам да ја завршам кариерата во Лос Анџелес со знамето на Србија на рамената“ Денес не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не толку колку што правев во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во мојот живот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат. Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го сменив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе успеам до следните Олимписки игри и да ја заврши кариерата со српското знаме на рамената.“Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29