Крањчар: Имаме голема предност, но мора да бидеме внимателни

Шефот на стручниот штаб на Динамо, Златко Крањчар имаше причина да биде задоволен по победата против Динамо Вардар (2:1) синоќа во Скопје во натпревар од второто квалификациско коло за фудбалската Лига на шампионите.

- Го постигнавме тоа по што дојдовме во Скопје. Имаме одличен резултат и победа пред реваншот. Многу добро, влеговме во натпреварот, наметнавме ритам, а Вардар покажа дека знае да се закани во контра. Ја одигравме својата игра, и заслужено на полувреме водевме со два гола разлика. Во вториот дел се играше отворено. Мислам дека можевме да го решиме натпреварот уште со некој гол, иако и они имаа статива и пречка. Сумарно сметам бевме подобри и заслужено победивме, изјави тренерот на загрепчаните.

- Знаевме дека Вардар е многу добар тим, но им недостасува искуство кое го има Динамо. Честитки за двата тима. Среќни се враќаме во Загреб да се подготвуваме за почетокот на новата сезона и за реваншот со Вардар, додаде Крањчар.

Тој најава претпазливост на возвратниот дуел со македонскиот првак.

- Имаме голема предност и ние сме свесни за тоа, но ние исто така мора да бидеме внимателни и не смееме да му дозволиме на Вардар да не изненади. Сепак, јас сум убеден дека нашиот квалитет и искуство ќе бидат доволни да одиме понатаму, нагласи хрватскиот стратег. /МИА

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Глобалните цени на бакарот се зголемија на највисоко ниво во последните две години, бидејќи овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.

УНРВА: Од Рафа досега избегаа 450.000 Палестинци

 Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека речиси 450.000 луѓе избегале од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа откако израелската армија навлегла во градското подрачје минатата недела.

„Луѓето се соочени со постојана исцрпеност, глад и страв. Итен прекин на огнот е единствената надеж“, објави УНРВА на платформата Икс.

ОН вчера соопшти дека уште 100.000 луѓе се раселени во северниот дел на Газа.

Израел нареди нови евакуации на северот додека се бори со Хамас, чии борци повторно се појавија во областите кои жестоко ги бомбардираше и во кои е водена копнена офанзива уште на почетокот на војната. /МИА

Најдобрата ракометна судиска двојка, Начевски -Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски

Пред Олимпијадата во Париз, најдобрата ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски  .

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со најдобрата македонска и светска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. По бројните врвни натпреварувања од кои ќе ги спомнеме последните- Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 год. во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија, своевремено најдобра судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ), летово ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз. За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио. Градоначалникот Ѓорѓиевски им го честиташе големиот успех за кој тие недамна од Општина Кисела Вода добија статуетката во форма на клуч која се доделува на сите заслужни жители.

- Големо е моето задоволството што и денес прославуваме уште еден успех на оваа светски призната ракометна судиска двојка. Да се суди на Олимпијада и тоа по четврти пат говори за континуиран квалитет со кој сме горди сите ние, пред се жители на Општина Кисела Вода, но и цела Македонија. Од неодамна и официјално ги прогласивме за наши почесни граѓани и се надевам дека листата со успеси ќе продолжат да ја збогатуваат со уште вакви значајни натпреварувања. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, вложувам големи заложби за достоен третман на големите спортски ѕвезди и по официјалното завршување на нивните натпреварувања. Како локална самоуправа се трудиме да го искористиме нивниот потенцијал и тоа најмногу за младите таленти, па така нашите ученици во своите училишта спортуваат со ракометарот Аце Станковски, судијата Славе Николов, како и со поранешниот репрезентативец, ракометарот Кирил Атанасовски-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер