ЗабаваКралска гозба: Трамп задрема на масата, Меј го покажа деколтето (ВИДЕО)Британците денеска организираат големи протести во Лондон против американскиот претседател Доналд Трамп, на кои главен лик е балонот во форма на бебето Трамп.Трамп со премиерката во оставка , Тереза Меј расправаа за договорот за слободна трговија по излегувањето на Британија од ЕУ. Водачот на лабуристите Џереми Корбин ги предводеше денешните протести против Трамп. Тој и неговите сопартијаци од опозицијата го бојкотираа синоќешниот кралски банкет , што го организира кралицата Елизабета II. На вечерата имаше 170 гости , каде Трамп се заблагодари на љубезното гостопримство , а потоа-задрема. И тоа додека кралицата го држеше својот говор. #Trump falls asleep during Queen’s welcome speech!!! What a disgrace!! Loser with a capital L #TrumpUKVisit #TrumpNotWelcome #TrumpsAnInternationalDisgrace @cher @ChrisEvans pic.twitter.com/tmQ6CZd1Zp — Kate Danby (@KateDanby2) June 3, 2019 Освен тоа , за време на вечерата Трамп ја потчукнуваше кралицата по грбот , што е строго забрането со протоколот. На вечерата изненади и премиерката во оставка , Тереза Меј , која се појави во црн фустан со длабоко деколте. Принцот Хари и Меган Маркл не беа присутни на вечерата, поради новороденчето. Затоа Кејт Мидлтон беше облечена како принцезата Дајана со нејзината легендарна тијара , што починатата принцеза ја добила како подарок од кралицата кога се венчавала со принцот Чарлс. Гостите биле послужени со јагнешко во сос од зеленчук , пролетен зеленчук и сос од лук , имало и риба со шпаргли . На кралскиот банкет било послужено и виното Шато Лафит Ротшилд од 1990 година , кое се продава по цена од 1 400 фунти за шише. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter