Кралот на Шпанија го потпиша Протоколот за членство на земјава во НАТО

Кралот на Шпанија Фелипе Шести го потпиша ратификациониот инструмент. Во следните 72 часа ќе биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон, објави на официјалниот твитер профил Мисијата на Шпанија во НАТО.

– Изутринава Сенатот со масовно е-гласање (259 од 264 Сенатори) го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Веднаш потоа и Кралот Фелипе го потпиша. Во следните 72 часа ратификацискиот инструмент ќе биде депониран во Стејт департментот, објави на официјланиот Твитер профил Мисијата на Шпанија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски рече дека прилично емоционално го доживел, тоа што првпат видел празен Парламент кој работи и тоа со само една точка на дневен ред.

– На 75 години од Холокаустот во Ерусалим се видов со шпанскиот крал. Како што вети, така направи. Шпанскиот крал го потпиша указот, изјави Пендаровски.

Протоколот, појасни Пендаровски, се депонира во Стејт департментот, каде се чуваат сите пристапни протоколи.

– И ние нашиот, кој предвреме го ратификувавме ќе го пратиме во Стејт департментот, откако последната држава членка на Алијансата, Шпанија ќе го достави. Во тој момент откако ќе го депонираме ние стануваме формално земја членка на НАТО, изајви Пендаровски./MИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер