Кралот Чарлс се откажува од имот во Велс, вреден 1,2 милиони фунти - Канал 5

Кралот Чарлс се откажува од имот во Велс, вреден 1,2 милиони фунти

Кралот Чарлс се откажува од закупот на неговиот имот вреден 1,2 милиони фунти во Велс.

Кралот Чарлс се откажува од имот во Велс, вреден 1,2 милиони фунти

Имотот Llwynywermod, во близина на Ландовери во Кармартеншир, бил купен од Војводството Корнвол во 2007 година за тогашниот принц Чарлс. Имотот со три спални и поранешна куќичка за кочии, се наоѓа на теренот на руинирана палата и гледа на селскиот парк од 18 век, кој опфаќа 40 хектари шума, јавува Би-Би-Си.

Бакингемската палата потврди дека кралот претходно оваа година го информирал Војводството дека планира да се откаже од закупот кога ќе истече ова лето. Llwynywermod служеше како дом на кралот и кралицата Камила за време на нивните посети на Велс, вклучително и за време на нивните годишни летни турнеи низ земјата.

По реновирањето во 2008 година, старите земјоделски објекти со центар во дворот беа претворени во угостителски единици. Според Телеграф, кралот плаќал кирија во Llwynywermod откако Војводството Корнвол преминало на принцот Вилијам по крунисувањето на неговиот татко.

Повикувајќи се на кралски извори, весникот пишува дека кралот останал „страствен“ за Велс, но одлучил да се откаже од имотот бидејќи е „малку веројатно“ дека ќе може да го користи на ист начин како кога беше принц од Велс. Пред да го преземе тронот, кралот редовно се гледал како шета во областа, а тој и кралицата биле опишани како „активни покровители“ во селото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието.

Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен.

Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата.

Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен.

Конкретна работа. Конкретни резултати.

Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

На ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

Активни пожари:

Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);

Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума);

Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација);

Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума);

Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација).

Пожари под контрола:

Општина Делчево – градска депонија (депонија);

Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација);

Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми).

Изгаснат пожар:

Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

​До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните.

СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна.

Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени.

Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата.

До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното.

Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание.

Ова веќе ја помина секоја граница.

Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер