Кралот Чарлс прв пат како монарх ќе ја открие личната даночна сметка - Канал 5

Кралот Чарлс прв пат како монарх ќе ја открие личната даночна сметка

Кралот Чарлс ќе стане првиот британски монарх во модерното време кој ќе ја открие својата сметка за персонален данок, пишува во неделата Би-Би-Си. 

Кралот Чарлс прв пат како монарх ќе ја открие личната даночна сметка

Неговите даночни плаќања ќе бидат објавени во четврток како нов елемент во годишните финансиски сметки на кралот, а извори од палатата тврдат дека одлуката била лична одлука на кралот.

Бакингемската палата вели дека овој потег е дел од модернизациониот стремеж за поголема транспарентност и „охрабрување на пошироко разбирање на нашата одговорност“.

Поотворено за јавноста

Овој потег ќе и ги открие на јавноста даночните придонеси на кралот за претходната година - 2024-2025 година. и ќе вклучува даноци на неговиот приход како заработка од Војводството Ланкастер, лични инвестиции и приходи од приватни имоти на кралот како Сандрингам и Балморал.

Портпаролот на Бакингемската палата рече дека тоа е дел од пошироките напори да се биде поотворен со јавноста. „Едноставно кажано, ние продолжуваме да се модернизираме и еволуираме. Кога бил принц од Велс, Чарлс открил и колку данок платил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион.

Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“.

Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. 

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5..

Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер