ЖивотКралот Чарлс прекина традиција долга 400 годиниКралот Чарлс III стана првиот британски монарх за околу 400 години што присуствувал на римокатоличка миса, придружувајќи му се на своето семејство во вторник на погребот на војвотката од Кент, сопруга на братучед на покојната кралица Елизабета.Војвотката Кетрин Ворсли, која влезе во кралското семејство кога се омажи за принцот Едвард, војводата од Кент, во 1961 година, почина на 4 септември на 92-годишна возраст. Се преобрати во католицизам во 1994 година Како дел од приватното бдение одржано претходниот ден, нејзиниот ковчег остана преку ноќ во капелата на Пресвета Богородица. Таа е најдобро запаметена по нејзиното присуство на тенискиот турнир во Вимблдон, каде што учествуваше во доделувањето на трофеите од 1969 година. Таа е позната и по тоа што се преобрати во римокатолицизам во 1994 година, станувајќи првиот член на британското кралско семејство што го стори тоа по кралот Чарлс II, кој се преобрати на смртната постела во 1685 година. Чарлс ја прекина кралската традиција Со присуството на погребот на војвотката, Чарлс III, кој е и врховен поглавар на Протестантската црква на Англија, ја прекина вековната традиција. Службата во лондонската Вестминстерска катедрала ја водеше кардиналот Винсент Николс, духовниот водач на католиците во Англија и Велс. На мисата присуствуваа синот на кралот и наследник на престолот, принцот Вилијам, и неговата сопруга Кејт, додека кралицата Камила беше отсутна поради блага настинка. „Овој погреб ќе биде од големо историско значење“, изјави за Сандеј Тајмс Кетрин Пепинстер, поранешна уредничка на католичкиот неделник „Таблет“. „Ова е огромен чекор напред во екуменските односи“, нагласи таа. Чарлс со години изјавува дека сака да биде покровител на сите вери. Тој и неговата сопруга Камила беа меѓу последните официјални посетители што се сретнаа со папата Франциск пред неговата смрт во април. Извор: Б92Тагови: Кралот Чарлс Кетрин Ворсли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје Како да избегнете опуштена кожа по слабеење? Обрнете внимание на пет работиМногумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Многумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Ова често се случува по нагло губење на тежината и може негативно да влијае на самодовербата. Еластичноста на кожата може донекаде да се зачува преку постепено слабеење, исхрана богата со клучни хранливи материи и избегнување на пушење и прекумерно изложување на сонце, пренесува Health.com. Стратегии за одржување на еластичноста на кожата Постепеното слабеење ѝ дава повеќе време на кожата да се прилагоди на намалувањето на масното ткиво. Важен е и тренингот за сила; градењето мускули може да го подобри изгледот на деловите каде што кожата станала опуштена. Важна улога игра и урамнотежената исхрана која треба да вклучува доволно висококвалитени протеини протеини (од посно месо, риба и мешунки) и есенцијални масни киселини (од јаткасти плодови и семиња), но и хранливи материи што го поттикнуваат производството на колаген, како што е витаминот Ц, кој се наоѓа во цитрусните овошја, бобинките и пиперките. На крајниот резултат влијаат возраста, генетиката, пушењето, изложувањето на сонце и времетраењето во кое кожата била растегната. Нега на кожата по слабеење По значително губење на тежината, кожата природно се затегнува додека се прилагодува на новиот облик на телото – процес што може да трае и до една година. Соодветната нега може да го поддржи ова закрепнување. Употребата на хидратантни средства ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Некои луѓе се одлучуваат и за додатоци во исхраната што содржат колаген или колагенски пептиди. Разликата помеѓу опуштена кожа и масно ткиво Понекогаш може да биде тешко да се направи разлика помеѓу вишокот кожа и преостанатите поткожни масти. Опуштената кожа претставува тенок слој што лежи врз мускулот, додека поткожните масти се подлабок и погуст слој на масно ткиво. Еден едноставен тест може да помогне во нивното разликување: ако ја фатите кожата со прстите и почувствувате дебел, сунѓерест слој, веројатно се работи за масно ткиво, а не само за вишок кожа. Опции за затегнување на кожата Ако и по подолг период не сте задоволни од изгледот на вашата кожа, на располагање се професионални процедури кои можат да помогнат. Во одредени случаи – на пример, кога вишокот кожа предизвикува болка или го ограничува движењето – овие процедури можат да имаат и функционална намена. Бидејќи повеќето од нив се естетски третмани, обично не се покриени со здравствено осигурување. Како и сите медицински процедури, тие носат одредени ризици за кои треба да се разговара со лекар. Што ја одредува еластичноста на кожата? Структурата и цврстината на кожата се обезбедени преку мрежа од колагенски и еластински влакна. При зголемување на телесната тежина, овие влакна се истегнуваат за да покријат поголема површина на телото. Ако кожата остане истегната подолг период, влакната може да се оштетат, што го отежнува враќањето на кожата во првобитната состојба по губењето на тежината. Со текот на годините, оваа мрежа природно се разградува, поради што кожата ја губи својата еластичност. Пушењето и прекумерното изложување на сонце дополнително ги оштетуваат колагенот и еластинот. Дебелината сама по себе исто така има негативно здравствено влијание.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook