Кралот Чарлс III прави сирење на фарма во Германија - Канал 5

Кралот Чарлс III прави сирење на фарма во Германија

Британскиот крал Чарлс со сопругата Камила е во посета на Германија.

Кралот Чарлс III прави сирење на фарма во Германија

Тоа е негово прво патување во странство откако стана британски крал. Кралот посетил органска фарма и помогнал да се направи специјално сирење кое ќе му биде посветено нему.

„Слушнавме дека кралот е голем љубител на сирењето. Ја искористивме како прилика да му направиме сирење“, рече Катја фон Малцан, која ја води фармата Бродовин со својот сопруг, на околу 80 километри од главниот град на Германија. пишува AP News.

Бродовин Кинг е сирење во стилот на Тилситер, со сок од морков за да му даде „малку сладост и портокалова боја, како британскиот чедар“. Освен сирење, фармата произведува и зеленчук, млечни производи, ленено и сончогледово масло, свежо месо и колбаси, сето тоа според строги органски стандарди.

При пристигнувањето на фармата, британскиот крал го обиколи имотот, каде што има 160 молзни крави, 300 молзни кози и 1.800 кокошки. Поради силниот дожд, кралот не отишол во шталата, туку времето го поминал во млекарницата.

„Некако заглавивме во млекарницата. Но, тоа ни даде шанса да разговараме малку со кралот, што инаку можеби не беше можно“, рече Катја. Земјоделците планираат да произведат околу 150 пити кралско сирење, кое ќе треба да созрее шест до осум недели пред да биде подготвено за јадење.

На земјоделците им било голема чест, велат, што кралот решил да дојде на нивната фарма. Кралот разговарал и со вработените во фармата и им поставувал прашања за органското земјоделство. „Разговаравме за кравјото ѓубриво и колку е добро за почвата“, рече Катја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО)

Доналд и Меланија Трамп беа домаќини на деца за традиционалното давање слатки за Ноќта на вештерките во Белата куќа, а меѓу гостите имаше две деца во контроверзни костими. 

Доналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО)

Претседателската двојка топло пречека едно момче облечено во руска воена униформа и едно девојче во руска народна носија.

Воени обележја и традиционална носија

Момчето носеше камуфлажна јакна со обележја на тенковска единица и капа со советска воена значка, на која имаше срп и чекан. Девојчето што го придружуваше беше облечено во сарафан, руска народна носија со цветен дезен, и носеше традиционална лента за глава.

Меланија Трамп се насмевна додека ја местеше шапката на момчето, а потоа двете деца добија бомбони од претседателската двојка.

Сцена среде војната

Настанот, на кој присуствуваа претежно семејства на војници и државни службеници, се одржа додека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови.

Поради ова, сцената привлече критики како нечувствителна кон жртвите на советскиот режим и тековната војна во Украина. Посебно внимание привлече реакцијата на Меланија Трамп, која насмеаному ја намести капата со советски симбол на момчето.

Официјалниот пренос од Белата куќа го сними моментот без понатамошни коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800

Британски авион „Џет2“, кој денес леташе од Самос, Грција, до Манчестер, беше пренасочен поради технички проблеми кон сплитскиот аеродром „Свети Јероним“.

Драма на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800

Во авионот имало 165 патници и шест члена на екипажот, и сите се добро, според информациите од аеродромот. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700 за општа вонредна состојба, пишува „Далмација Данас“.

Летот бил LS1750 и „Боинг 737-800“ со регистрациски број G-JZBU. Аеродромот „Свети Јероним“ објави дека во 14:20 часот добил известување од хрватската контрола на летање за вонредно слетување поради технички проблеми. Аеродромот започнал целосна постапка за тревога и ги ставил во состојба на тревога сопствените служби и надворешните служби за вонредни ситуации.

Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Боингот направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на надморска височина од приближно 700 метри, со брзина од околу 306 километри на час. Откако ја сменил дестинацијата, не го продолжил патувањето кон Обединетото Кралство, туку се упатил кон Сплит.

Кодот 7700 го користат пилотите за да сигнализираат општа вонредна состојба до контролорите на летање. Неговото активирање му обезбедува на авионот посебно внимание од контролата на летање и, доколку е потребно, иницира безбедносни процедури. Самиот код не мора да значи дека авионот е во непосредна опасност од пад. Аеродромот ги потврди техничките проблеми, но не ја откри нивната точна природа.

Според аеродромот Свети Јероним, сите патници и членови на екипажот биле добро. Целосната тревога завршила во 14:42 часот, 22 минути по известувањето за вонредно слетување. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит потоа продолжил нормално.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр

Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.

Цариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр

Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини.

Идентификувани се два вида

При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени.

IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра).

Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори.

Важна улога во екосистемот

Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт.

Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација.

Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер