3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
ЗабаваКралицата Елизабета му оставила повеќе пари на принцот Хари отколку на ВилијамНеодамна кралското семејство се сети на кралицата Елизабета Втора и нејзината фондација која им ја остави на своите правнуци. Кога кралицата починала на 101-годишна возраст, пренесува The Mirror, на своите внуци им оставила 14 милиони фунти, но принцот Хари добил повеќе од неговиот брат Вилијам. Одлуката е таква за поделбата на средствата поради тоа што по смртта на кралицата, нејзиниот син Чарлс станува крал, а внукот Вилијам станува новиот принц од Велс. Тоа значи дека тој ќе го добие Војводството Корнвол, приватниот имот и приватните и добротворни активности на престолонаследникот. Од друга страна, Хари ќе ги искористи тие пари и она што го наследил од мајка му принцезата Дијана за да го започне својот нов живот во САД со сопругата Меган Маркл. Дијана на своите синови им оставила повеќе од 12 милиони фунти, кои по нејзината смрт се намалиле на повеќе од 8 милиони фунти, пишува Најжена.рс. Сепак, овие инвестициите беа надгледувани од кралските советници кои допринеле оваа сума да порасна на повеќе од 20 милиони фунти со текот на годините. Хари и Вилијам добија пристап до овие средства кога наполнија дваесет години. По смртта на кралицата, тогаш процената за нејзиниот имот беше помеѓу 50 и 70 милиони фунти, а многу предмети од приватната уметничка колекција на кралицата беа дадени на Кралската колекција и изложени во Бакингемската палата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаПет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУКДо 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади. Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекариОдбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот Нино Васев, доктор Владимир Даниловски, на денешното рочиште во основниот кривичен суд Скопје. Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. Дополнително, од вкупно 35 лекари на Клиниката за онкологија, во лекувањето на овие пациенти учествувале 28 лекари. Во случајот се обвинети поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување пациенти. Обвинението ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти наводно биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 на 04-ти, 05-ти и 06-ти септември! Кавадарци повторно се подготвува за својот најголем празник и фестивалот Тиквешки Гроздобер 2026. Децениска традиција која од година во година расте, се развива и денес претставува еден од најголемите и најпосетените фестивалски настани во Македонија. Програмата за годинашното издание, кое ќе се одржи викендот на 04-ти, 05-ти и -6-ти септември, беше официјално претставена на денешната прес-конференција од страна на Организаторот, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, а заедно со дел од артистите и учесниците - Илчо Нечовски од Дупер, DJ Александар Галоски и Кирил Димитров - Урошев(RPM Classics). Од традиционална манифестација посветена на грозјето, виното и Тиквешијата, во изминатата деценија Тиквешки Гроздобер израсна во голем современ фестивал кој секоја година привлекува огромен број посетители од цела Македонија и регионот. И оваа година Кавадарци ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации, со музички настапи, традиционални содржини, култура, забава и препознатливата атмосфера по која Гроздоберот е познат. Посебен акцент и годинава е ставен на македонските артисти и домашната музичка сцена, со што фестивалот продолжува да биде голема платформа за промоција и поддршка на македонската музика, култура и творештво. Но, Тиквешки Гроздобер одамна е повеќе од музичка програма. Тоа е фестивал со најдолга традиција, силен локален идентитет и препознатливост на национално ниво. Настан кој ја слави Тиквешијата, лозарството и винарството, но истовремено создава современа фестивалска приказна која секоја година го претвора Кавадарци во центар на случувањата во Македонија. Со посетеноста и програмската понуда во последните години, Гроздоберот го потврдува своето место меѓу најголемите македонски фестивали, а Кавадарци уште еднаш покажува дека традицијата може да се зачува и истовремено да се развива во модерен настан со публика за сите генерации. Тиквешки Гроздобер 2026 и традицијата продолжува... Кавадарци повторно станува фестивалски центар на Македонија! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter