Крал Чарлс: Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од натамошна руска агресија - Канал 5

Крал Чарлс: Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од натамошна руска агресија

- Британскиот крал Чарлс изјави дека Велика Британија и Германија се подготвени да „ја поддржат Европа во услови на закана од натамошна руска агресија“.

Крал Чарлс: Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од натамошна руска агресија

Зборувајќи на државниот банкет во чест на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кралот го пофали заедничкиот одбранбен договор меѓу двете земји, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, пишува Скај њуз.

На почетокот од тридневната државна посета, Штајнмаер рече дека двете земји „работат заедно за да ја промовираат безбедноста и одбраната, рамо до рамо за слободна, мирна Европа... со поддршка на Украина“.

Ова е прва државна посета на германскиот лидер на Велика Британија по 27 години, а околу 160 гости присуствуваа на банкетот во салата „Сент Џорџ“ во Виндзор, опкружена со елка украсена со 3.000 лампиони.

Во текот на вечерта, кралот се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, наведувајќи дека „на крајот Германците победуваат“.

Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер беа пречекани од кралот Чарлс и кралицата Камила во Виндзор.

Германскиот претседател се сретна и со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса на бизнис лидери од двете земји, како дел од проектот за електрични возила вреден повеќе од 20 милиони евра, предводен од Мерцедес, што ќе создаде 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир.

Во јули, Германија и Велика Британија го потпишаа Договорот од Кенсингтон, а Стармер рече дека земјите „ќе соработуваат уште потесно“.

Тој рече дека односите меѓу двете земји се во „многу, многу силна позиција“ и дека партнерството е клучно за прашања како што се Украина, миграцијата, економскиот раст и трговијата.

Штајнмаер денеска ќе положи цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Сент Џорџ“ во Виндзор, а подоцна ќе се обрати пред британскиот Парламент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер