Крајно десничарскиот сојуз на Орбан достигна статус на група во Европскиот парламент - Канал 5

Крајно десничарскиот сојуз на Орбан достигна статус на група во Европскиот парламент

Новиот крајно-десничарски сојуз во Европскиот парламент, кој беше формиран пред само една недела од унгарскиот премиер Виктор Орбан, има доволно партии за да се здобие со статус на група, јави ДПА.

Крајно десничарскиот сојуз на Орбан достигна статус на група во Европскиот парламент

Холандската партија за слобода (ПВВ), белгискиот Вламс Беланг и данската Народна партија ја соопштија својата намера да се приклучат на сојузот во текот на викендов.

Нивната објава значи дека седум земји сега се претставени во сојузот наречен Патриоти за Европа, важен услов за формирање парламентарна група во законодавниот дом на ЕУ.

Покрај тоа што претставува четвртина од земјите на ЕУ, една политичка група мора да има 23 европарламентарци, според правилата на Европскиот парламент. Не е дозволено да се припаѓа на повеќе од една група.

Партијата Фидес на Орбан, австриската крајнодесничарска Партија на слободата и чешката АНО партија беа првите членки на сојузот Патриоти за Европа кога првпат беше објавен.

Манифестот на групата го има вообичаениот фокус на крајната десница на задржување на националниот суверенитет во однос на Европската унија, борбата против илегалната миграција и потиснувањето на мерките на ЕУ за намалување на климатските промени.

Многу од партиите во Патриоти за Европа претходно беа со крајно-десничарската група Идентитет и демократија (ИД), во која доминираше екстремно десничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен од Франција.

Ле Пен не сакаше да коментира за можното членство во новата десничарска алијанса до понеделник, ден по вториот круг од француските парламентарни избори.

Додавањето на РН ќе и овозможи на групата „Патриоти за Европа“ да стане третата најсилна парламентарна група зад централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) и централно-левичарските Социјалдемократи (СД), престигнувајќи ја другата десничарска група, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Досега, крајно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која беше исфрлена од групата ИД за време на неодамнешните избори за Европскиот парламент, одби да се приклучи на Патриоти за Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града

 „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ

Вечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града

СКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри.

„За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“.

Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин.

Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл.

Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца

Полицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца..  Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.

Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер