Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
2Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
АвтомобилизамКрај за најмалиот и најнеобичен електричен модел на „Renault“Крај на електричната микромобилност започната од „Twizy“.„Renault“ одлучи да го прекине својот проект за електрична микромобилност и да го повлече подбрендот „Mobilize“ од сцената, предвремено прекинувајќи ги моделите „Duo“ и „Bento“. Овие мали урбани електрични квадрицикли, замислени како наследници на познатиот модел „Twizy“ (2012), дури немаа време сериозно да се етаблираат на пазарот. „Mobilize“ беше лансиран во 2021 година со цел развој на решенија „надвор од класичната автомобилска индустрија“. По концептот „EZ-1“, беа претставени моделите „Duo“ и „Bento“, кои влегоа во сериско производство во 2024 година. За разлика од класичната продажба, тие беа наменети првенствено за програми за претплата и споделување автомобили. Сепак, само една година подоцна, „Renault“ одлучи да ги прекине и возилата и целиот подбренд „Mobilize“, кој повеќе нема да постои како посебен ентитет. Со ова се завршува и услугата за споделување автомобили во Милано, додека Мадрид е следен на листата за затворање во 2026 година. Наведените причини се ограничена профитабилност и неконзистентност со новите стратешки приоритети на групацијата „Renault“. Сепак, дел од активностите на „Mobilize“ ќе преживеат. „Renault“ го задржува својот фокус на решенија за полнење електрични возила, кои сега се интегрирани во бизнисот на групацијата „Renault“. Ова вклучува повеќе од еден милион достапни полначи низ цела Европа, планови за ултрабрзи станици во Франција и Италија, како и десетици илјади корисници на „Charge Pass“. И покрај затворањето на проектот, „Renault“ вели дека „Mobilize“ ја исполнил својата улога како инкубатор на иновации и ѝ помогнал на компанијата да тестира нови бизнис модели во ерата на електричната мобилност.Тагови: Mobilize Renault Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Собранието одржана јавна расправа за Законот за органите на државната управаДенеска, во Собранието, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90-та седница, одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.Со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа. Органите на државната управа се дел од извршната власт на Република Северна Македонија кои се основаат во областите од значење за државата заради ефикасно извршување на нејзините функции и остварување на правата, должностите и правните интереси на граѓаните и правните лица. Основањето и работата на министерствата, органите на државната управа во состав на министерствата и управните организации се уредуваат со овој закон. Јавната расправа ја отвори претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, кој ги поздрави присутните пратеници, универзитетските професори и претставниците на заинтересираната јавност. Притоа, го образложи планираниот тек на денешната јавна расправа, посочувајќи дека станува збор за законско решение за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Потоа, збор му беше даден на предлагачот на Законот – Министерството за јавна администрација, претставувано од министерот Горан Минчев. Министерот Минчев го презентираше предложеното законско решение, нагласувајќи дека станува збор за закон со кој се уредува организацијата на државната управа и се воведуваат системски правила насочени кон унапредување на нејзиното функционирање и зголемување на ефикасноста на јавната администрација. Тој посочи дека една од основните цели на Законот е појасно разграничување на надлежностите на институциите, со што тие ќе се надополнуваат во своето работење, наместо да доаѓа до преклопување на нивните функции. Министерот истакна дека јавната расправа е од исклучителна важност во процесот пред донесувањето на Законот, нагласувајќи дека Министерството останува отворено за предлози и сугестии со цел дополнително унапредување на законското решение пред неговата практична примена. По завршувањето на дискусијата, последен се обрати министерот Минчев, кој истакна дека Министерството внимателно ќе ги разгледа и ќе ги земе предвид забелешките и предлозите изнесени од страна на експертската јавност.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризиМисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали. Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции. „Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“. Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва. Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година. Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28