Крај за апликацијата „Google Play Music“ - Канал 5

Крај за апликацијата „Google Play Music“

Апликацијата „ Google Play Music“ е исклучена за многу корисници, не работи ниту веб страната.

Крај за апликацијата „Google Play Music“

Корисниците добиваат порака дека можат својата музика на „YouTube Music“ платформата или да ги преземат/ избришат нивните податоци.

Апликацијата „Google Play Music“ кај некој корисници се уште работи, но изгледа тоа нема да биде случај уште долго.

Целта е сите корисници да се префрлат на „YouTube Music“ платформата, каде што можат да ја префрлат целата своја музичка база и сите свои податоци од „Google Play Music“ апликацијата.

Корисниците имаат опција и да ги избришат нивните податоци и музика а „Google“ вели дека доколку корисниците не преземат ништо музиката и податоците автоматски ќе бидат избришани откако целосно ќе заврши исклучувањето на „Google Play Music“, пишува „Gadgets“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Империја вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак Ѓоковиќ

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ изгради импресивна глобална империја на недвижности, која опфаќа локации од Белград и Монте Карло до Менхетен и Марбеља.

Империја вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак Ѓоковиќ

Неговото богатство се проценува меѓу 250 и 300 милиони долари, при што инвестициите во луксузни недвижности сочинуваат значителен дел од тој вкупен износ.

Новак Ѓоковиќ, создал огромно богатство во текот на својата блескава кариера.

Издигнувајќи се од скромни почетоци во Србија до статус на глобална спортска икона, тој изгради огромна империја од недвижности со куќи и станови на повеќе континенти - од неговиот роден Белград, преку Монте Карло и Мајами, до Менхетен и Марбеља.

Денес, неговата нето вредност се проценува на помеѓу 250 и 300 милиони долари. Со 24 гренд слем титули и над 165 милиони долари заработени само од награди на турнири, тој се рангира меѓу најплатените спортисти во историјата.

Дополнително,популарниот Ноле генерира над 30 милиони долари годишно преку договори за рекламирање со водечки глобални брендови.

Исто така Ѓоковиќ го прошири својот финансиски успех и далеку надвор од тенискиот терен преку стратешки инвестиции во недвижнини, кои му обезбедуваат стабилен приход и долгорочна сигурност.

Како голем обожавател на познатиот италијански архитект Ренцо Пијано, Новак има и два луксузни имоти во својата колекција во зградата „565 Брум СоХо“ на Менхетен, со вкупна вредност што надминува 10 милиони долари.

Становите располагаат со мебел по нарачка, пространи тераси и подно греење, додека зградата нуди приватен базен, спа центар, теретана и библиотека.

Во Европа, неговата база со години е Монте Карло, каде што поседува луксузен стан веднаш до брегот, со поглед на Француската ривиера. Имотот е вреден помеѓу пет и шест милиони евра и е дизајниран за семеен живот, со наменски простор за неговите деца, Стефан и Тара.

Ноле има и прекрасна вила во шпанска Марбеља вредна 10 милиони долари.

Еден од најлуксузните имоти на Ѓоковиќ се наоѓа во Марбеља, Шпанија. Тој ја купил вилата во 2020 година за 10 милиони евра, откако претходно ја изнајмувал за време на пандемијата по цена од околу 10.000 евра неделно.

Според италијанскиот весник *Corriere dello Sport*, вилата располага со: девет спални соби, осум бањи, затворен базен, приватен спа-центар, кино-сала, теретана, тениски терен, повеќе дневни соби, просторија за рекреација.

Вилата се наоѓа на само неколку минути од центарот на Марбеља и нуди поглед и кон морето и кон планините.

За време на престојот во Србија, Ѓоковиќ има на располагање неколку луксузни имоти.

Во Белград, тој поседува пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитниот комплекс „Вест 65“ (West 65), кој вклучува и кровна тераса од 100 квадратни метри и приватен базен.

Семејството Ѓоковиќ исто така потроши 2,9 милиони евра за имот и куќа на планината Космај, кои ги реновираа по купувањето.

Посебно внимание привлекува и вилата со површина од околу 1.200 квадратни метри на брегот на Павловачкото Езеро, лоцирана помеѓу Рума и Врдник. Изградбата започнала во 2016 година; според медиумските извештаи, проектот бил инициран од таткото на Новак, Срѓан, со цел да му се обезбеди на семејството место за одмор во природа.

Вилата е сместена во изолирана средина и вклучува приватен базен и ресторан. На јадранскиот брег, Ѓоковиќ поседува и луксузен стан во „Порто Монтенегро“ (Тиват), чија вредност изнесува околу 2,2 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Најплатената телевизиска актерка на свето, атрактивната Колумбијка, Софија Вергара  летово ги бодреше фудбалерите на Светското првенство, но и покрај нејзината поддршка турнирот заврши за колумбиската репрезентација.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Со намера да им стави крај на фотките во боите на Колумбија, Софија одлучи да објави нешто многу посекси и елегантно.

Сексапилната Софија објави фотографии на кои позира во долг, шарен фустан со интригантен исечок кај градите.

Овој пат, таа имаше посебна причина за славење: го одбележуваше својот 54-ти роденден.

Фустанот привлече најголемо внимание, секако поради истакнатите облини на Софија, фустанот ги истакна сите атрибути на „жешката“ Колумбијка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста од меѓусебни политички расправии и ценкања и побарала веднаш да се стават во процедура измените на Изборниот законик кои што се однесуваат исклучиво на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

„Тука не станува збор за никакви црвени линии, станува исклучиво збор за договорени технички работи, врз кои што Македонија треба да добие пари од Европската Унија. Понатаму, до 2028 година има време за дебата помеѓу политичките партии да ги усогласат останатите црвени линии по однос на измените на Изборниот законик“, изјави претседателката на ЛДП, Зајкова и ги повика колегите пратеници да гласаат за техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и да им обезбедат 4 милиони евра на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер