Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
2Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
АвтомобилизамКрај на една ера: Фолксваген откри до кога ќе произведуваат Голфови на дизел или бензин Актуелната верзија на легендарниот модел на Volkswagen Golf со мотор со внатрешно согорување најверојатно ќе биде последна бидејќи пазарите ќе се префрлат кон електрични возила, објави извршниот директор на автомобилскиот гигант Томас Шефер.Осмата верзија на овој ултрапопуларен компактен автомобил, следната година ќе добие уште една надградба што треба да го задржи привлечен за купувачите во втората половина на оваа деценија, рече Шефер во интервју за Automobilwoche. „Доколку светот се развие сосема поинаку од очекуваното до 2026 или 2027 година, тогаш можеме повторно да лансираме целосно ново возило. Но, јас не верувам во тоа“, рече Шефер. „Засега тоа не е предвидено“, додаде тој. Golf првпат беше претставен во 1974 година и со години беше еден од најпродаваните автомобили на овој најголем европски производител на автомобили. Сепак, побарувачката за хечбек е намалена бидејќи купувачите сѐ повеќе се одлучуваат за попространи теренци. VW му додаде електричен „брат“ на Golf, ID.3, пред околу три години. Шефер вели дека VW би можел да размисли за електричен Golf со новата технологија веќе во 2028 година, но тоа возило треба да има некои клучни карактеристики што го разликуваат од ID.3.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворовиОпштина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), во партнерство со Eco-Logic и Centar for Environmental Democracy- Florozon, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“, успешно ја реализираа акцијата за компостирање на собраниот органски отпад. Целта на овој проект беше добивање на природен и квалитетен компост преку правилен процес на третман на органскиот отпад. Произведениот компост, основците од „Јан Амос Коменски“ го употребија за уредување и раззеленување на училишниот двор, додека пак основците од „Аврам Писевски“, добиениот компост го искористија за уредување и збогатување на почвата во билната градина и целосно раззеленување на дворот на училиштето. Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТрагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалијаЧетириесет и четиригодишен маж трагично загина во близина на водопадот Савица во Словенија, откако паднал во провалија длабока 60 метри додека се обидуваше да го спаси својот седумгодишен син. Момчето, кое прво паднало во бездната, го преживеало падот, но се здобило со тешки физички повреди. Несреќата се случила во саботата навечер, а според информациите од Полициската управа во Крањ, странско четиричлено семејство го посетувало водопадот Савица. При враќањето, тие застанале на одморалиште со маса и клупи. Во тој момент, седумгодишното момче се оддалечило од семејството, а набрзо потоа се слушнале неговите повици. Таткото (44) веднаш потрчал во правецот од каде што доаѓале повиците за помош, но притоа и самиот паднал во страшната длабочина. Неговото тело подоцна било пронајдено во коритото на реката Савица, а на истото место било пронајдено и тешко повреденото момче. Акцијата за спасување ја спровеле припадници на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ, како и планинската полиција. Поради исклучително тешкиот и непристапен терен, телото на несреќниот човек било извлечено со помош на јажиња, додека момчето било пренесено во болница со хеликоптер на полицијата. Припадниците на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ објавија емотивна порака на Фејсбук, опишувајќи го страшниот повик што го добиле: „Дете падна во провалија. Дали постои пострашен повик за интервенција?“ Тие истакнаа дека на местото на несреќата пристигнале речиси веднаш, бидејќи дел од тимот веќе бил на теренска вежба во близина. „Се спуштивме до речното корито, кое беше речиси 60 метри под нас. Заедно со колегите од Брник, ги подготвивме момчето и неговиот татко за транспорт – едниот со хеликоптер до болница, а другиот за неговото последно патување. Често зборуваме за невидливи сили... Вчера тие очигледно ги насочија сите свои вештини кон спасување на младиот живот, додека снемаа сили за постариот“, опишаа спасувачите. Тие предупредија дека несреќите во планините ретко се резултат на една единствена грешка, туку на сплет од околности и одлуки што за неколку секунди водат кон трагедија. На крајот, тие упатија искрено сочувство до семејството и апелираа до јавноста да се воздржи од непотребни коментари, со длабока надеж дека момчето што поскоро ќе закрепне од повредите и траумата. Полицијата продолжува да собира информации, а надлежното државно обвинителство ќе извести за сите утврдени факти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничкаПолициски службеници од СВР Куманово упасиле 40 годишен жител од Куманово поради напад на малолетничка.-На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во билтенот на МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook