Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
БизарноКрадец голтнал приврзок вреден над 19.000 долариПолицијата на Нов Зеланд потврди дека е пронајден дијамантски приврзок вреден речиси 33.500 новозеландски долари (околу 19.300 американски долари), што беше проголтан од 32-годишниот маж во обид на кражба. Скапоценото јајце „Фаберже“ е извадено по природен пат, без потребна медицинска интервенција. Инцидентот се случил пред околу една недела во продавницата за накит „Партриџ џуелерес“ (Partridge Jewellers) во центарот на Окланд. Полицијата го фати човекот само неколку минути откако, како што се верува, тој го проголтал скапоцениот предмет за да го сокрие. Украдениот приврзок, проценет за 33.585 новозеландски долари или (околу 19.300 американски долари) украсен е со 60 бели дијаманти и 15 сини сафири. Според описот од продавачката, јајцето се отвора и открива миниатурен октопод изработен од 18 каратно злато. Приврзокот е наречен „Octopussy“ по истоимениот филм од Џејм Бонд од 1983 година. По апсењето, човекот бил под постојан лекарски и полициски надзор. „Со оглед на случувањата и земајќи предвид дека човекот е во притвор имаме обврска да продолжиме да го следиме“, соопшти полицијата претходната недела. Осудениот, кој пред судот треба да се појави повторно на 8 декември, се соочува со обвинение за кражба. Но, според судските записи, се обвинува и за кражба на „Ајпод“ од истата продавница на 12 ноември, како и за кражба на песок за мачки и средства против бубачки од приватен имот, ден подоцна. Од „Партриџ џуелерес“ известија дека приврзокот ќе биде вратен на произведувачот, светски познатата куќа „Фаберже“. Фаберже е руска куќа за накит основана пред повеќе од два века, најпозната по своите украсни јајца направени од драгоцени камења и благородни метали. Police recover $19k Fabergé egg swallowed by NZ man https://t.co/NZS6GlDc6s — BBC News (UK) (@BBCNews) December 5, 2025 Тагови: Нов Зеланд приврзок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗападен Нил ја зема единаесетата жртва – почина 66 годишна жена од Росоман Западно нилската треска ја зема и единаесетта жртва. Почина 66 годишна жена од Росоман, која подолго време била хоспитализарана и имала и други заболуавња.Епидемијата со Западен Нил стивнува и веќе трете недела нема нови хоспитализирани пациенти, посочи директорот на инфективна Фадил Цана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНаунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во „Идризово“ при продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Сведочеше вешто лице кое посочи дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Родителите на жртвите од Пулс реагираа и порача дека судскиот процес не се води само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притворСо факели, петарди, огномет и музика, како на голема прослава, синоќа во скопски Чаир стотина лица го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби, откако му беше укинат куќниот притвор. Во друштво на пријатели и соработници, Груби се поздравуваше со присутните, додека се палеа факели и чадни бомби. Снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи. Одбраната на Груби , на кого му се суди за злоупотреби во „Лотарија“ во соопштение до јавноста се оградува за синоќешното славење во Чаир. -Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење, нагласува одбраната на Груби. Но, иако Груби од вчера може да се брани од слобода, обвинението против него останува. Од Кривичниот суд соопштија дека куќниот притвор му е укинат по сила на законот, по истекувањето на максималниот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот исто така не ја прифати ниту понудената гаранција од над 335 илјади евра за враќање на пасошот Груби е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој Обвинителството го товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението, со спорни одлуки и постапки поврзани со набавката на видеолотариски терминали, на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 9,7 милиони евра. Во предметот се обвинети вкупно осум лица, меѓу кои и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој по бегство од органите исто така се врати во Македонија. Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен, но и и натаму има забрана да го напушта Скопје, обврска да се јавува во судот и забрана за контакти со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00