Кожув во трилер меч го победи Куманово - Канал 5

Кожув во трилер меч го победи Куманово

Кошаркарите на Кожув во неизвесен меч го победија Куманово со 83-80, во воведниот натпревар од 7.коло на Првата македонска лига во машка конкуренција.

Кожув во трилер меч го победи Куманово
На средбата одиграна попладнево во Куманово, домашниот тим „прокоцка“ 16 поени предност кои ги имаше на пет минути до крајот, односно во 35. минута кумановци водеа со 76:60.

Гостите од Гевгелија, предводени од своите двајца најдобри поединци Брендон Пен и Алексеј Нешовиќ, не само што успеаја да ја анулираат негативата, туку во завршната минута да направат и комплетен резултатски пресврт, па гевгелискиот тим на крајот заслужено се радуваше на четвртата победа сезонава.

Американецот Пен средбата ја заврши со 31 поени и 11 скокови, а Србинот Нешовиќ придодаде 21 поен, 8 скокови и 6 асистенции во статистиката на победничката екипа.

На Куманово не им помогнаа ниту со Урош Луковиќ со 21 поени и 13 скокови и Александар Костовски кој постигна 22 поени да го избегнат четвртиот пораз сезонава.

Утре, од 20 часот, ќе се одигра вториот меч од ова коло во кој Карпош Соколи е домаќин на Работнички.

Во преостанатите два натпревари ќе играат Струмица – Фени Индустри во вторник (24.11) и Бест – МЗТ Скопје А. во среда (25.11)

Табела:
1. МЗТ Скопје А. 11 бодови ,
2. Карпош Соколи 11,
3. Кожув 11,
4. Куманово 10,
5. Фени Индустри 9,
6. Работнички 9,
7. Струмица 8 и
8. Бест 6. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер