Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
1Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
3Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?
3Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
КошаркаКожув продолжува победнички во БИБЛ лигата Кошаркарите на Кожув ја продолжуваат победничката низа во регионалната Балканска лига (БИБЛ). На средбата од 6.коло во А групата одигран вечерва во Бар, гевгеличани го совладаа црногорскиот тим Морнар со 75:67. Алексеј Нешовиќ со 23 и Драшко Албијаниќ со 16 постигнати поени, го предводеа Кожув до петата победа во исто толку одиграни натпревари во БИБЛ конкуренцијата, со што се врати на првата позиција на табелата во Б групата. Вториот македонски претставник во БИБЛ лигата екипата на Куманово во овие моменти пред својата публика го игра натпреварот против косовскиот тим Пеќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценкатаПедесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра. Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИлјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант. Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти. Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти. Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.Тагови: Истанбул протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter