Кожув гостува во Приштина - Канал 5

Кожув гостува во Приштина

Кошаркарите на Кожув вечерва од 19 часот и 30 минути и гостуваат на Приштина во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Балканската лига.

Кожув гостува во Приштина
Без Слободан Дунџерски во екипата, кој нема право за настап во БИБЛ, избраниците на Милош Пејиќ се наоѓаат пред голем предизвик против силниот противник, кој е предводен од Македонците Бојан Трајковски (крилен центар) и Марјан Илиевски (тренер).

Шесте победи по ред со кои Приштина влегува во овој натпревар само потврдуваат дека домаќинот на денешната средба е во одлична форма и дека сигурно ќе сака да го покаже најдоброто за да обезбеди прво финале во БИБЛ.

Кожув и Приштина сезонава веќе одиграа две средби во рамки на првата фаза, а во двата натпревари победи Кожув и тоа со 100:87 во Приштина, односно со 93:78 во Гевгелија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

„Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски.

Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција.

Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи.

Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи.

„Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас.

Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните?

Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови?

Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа?

Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи?

Зошто се молчи за овие прашања?

Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто?

Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор?

Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вратени 20 тони македонски јаболка од бугарската граница

До утре треба да се знае судбината на 20-те тони јаболка што беа вратени од инспекторите на бугарската агенција за безбедност на храна, откако во анализите покажало зголемено присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници.

Вратени 20 тони македонски јаболка од бугарската граница

Јаболката биле откриени во рамки на засилените контроли што бугарските надлежни служби ги спроведуваат на увозеното свежо овошје и зеленчук. Од Државниот инспекторат за земјоделство објаснуваат дека пестицдите во јаболката биле во границите на дозволеното.

„Двата камиона се задржани на македонската граница и дополнително се направени анализи. Од секој производ се зема мостра при извоз така и од јаболката направени се сите испитувања и според податоците нема надимнување на границата на пестициди“.- Државен инспекторат за земјоделство.

Она што на една од мострите на што ги земале бугарските инспектори покажало дека имало над минимално под милиграм над дозволената граница.

Извори за Канал 5 објаснуваат дека можно е да има влијание и политичката состојба, но засега ќе се чекаат уште еднаш официјални резулатати од направените мостри. Пред една година беше вратена зелка од Хрватска, тогашниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски објасни дека по направените испитувања во Македонија воопшто не бил потврден хемиски препарат како што им било кажано на хрватската граница.

Во септември беа вратени пратки пиперки од Хрватска и грозје од Црна Гора заради зголемени пестициди што биле потврдени на тамошните граници. Од државниот инспекторат за земјодлество објаснуваат дека вредностите и дозволените пестициди во Македонија се исти со закондоваствтото за извоз и увоз на храна со другите земји од соседството и со земјите од Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер