Кожата помни: Ги забележавте првите брчки под очите – Без паника, ова се 5 клучни совети за нега на лицето! - Канал 5

Кожата помни: Ги забележавте првите брчки под очите – Без паника, ова се 5 клучни совети за нега на лицето!

Потребна е само малку поголема дисциплина во негата на лицето, еве како!

Кожата помни: Ги забележавте првите брчки под очите – Без паника, ова се 5 клучни совети за нега на лицето!

Брчките под очи не се само знак на стареење, туку тие се одраз и на начинот на кој живееме, на нашите емоции и навики. Секоја линија на нашето лице открива колку сме среќни, колку сме под стрес и колку се грижиме за нашиот организам. Додека некои траги настануваат поради смеење и радост, други може да бидат предупредување дека на кожата ѝ е потребно поголемо внимание.

Ако брчките ви се поизразени додека се смеете, тоа е знак дека искрено ги покажувате емоциите. Дерматолозите ги нарекуваат мимички брчки, природна трага од смеењето, топлината и моментите на радост.

Меѓутоа, ако линиите стануваат подлабоки и видливи и кога не се смеете, можеби телото ви испраќа предупредување. Недостатокот на сон, преголемиот стрес, забрзаното темпо на живот најпрво се гледа под очите. Кожата е потенка, поосетлива и бргу покажува дека ѝ е потребен одмор.

Ситните брчки може да бидат тивок знак за вашите животни навики. Пушењето, чаша алкохол повеќе или непиење доволно вода во текот на денот, сето ова ја суши кожата и го забрзува создавање на брчки. Ако ви се чини дека изгледате постаро отколку што би требало, можеби е време да ја промените рутината.

Сонцето исто така остава последици врз кожата. УВ зраците го разградуваат колагеност и ја намалуваат еластичноста на кожата, а брчките се предупредување дека заштитниот фактор е задолжителен, а не опција.

Добрата вест е дека со мали промени во секојдневните навики може да ги ублажите или да спречите појава на нови брчки.

Ова се пет совети кои проверено помагаат.

Нега на кожата

Хијалуронската коселина ја враќа влагата на кожата и ги измазнува ситните линии. Ретинолот и ретиноидите го поттикнуваат обновувањето на клетките и создавањето колаген, но со нив треба да се започне постепено, особено ако имате чувствителна кожа. Пептидите се уште еден сојузник во зајакнувањето на структурата на кожата и долгорочно делуваат врз еластичноста.

Заштита од сонцето

УВ зраците се еден од главните фактори за предвремено стареење, затоа кремата со заштитен фактор треба да се нанесува секој ден без оглед на годишното време и временските прилики. За време на летниот период, кога сте поизложени на сонце, користењето на крема со заштитен фактор 50, качкети или шапки е задолжително, бидејќи не залудно се вели дека „кожата памти“.

Доволно течности

Хидратацијата однатре е многу важна, ако телото е дехидрирано, кожата станува сува, а брчките поизразени. Редовно пијте вода и внесувајте храна богата со течност, како краставици, портокали или лубеница.

Квалитетен сон

Сонот можеби е наједноставен, но највлијателен третман против стареење. Во текот на ноќта кожата се обновува, па недоволното спиење бргу станува видливо под очите. Идеално е да се спие 7-9 часа, а положбата на грбот може да спречи дополнителни брчки од притисокот на перницата.

Помалку стрес

Напнатоста често се врежува на нашето лице. Ситните брчки се продлабочуваат ако постојано сте во грч. Мали рутини на опуштање, како прошетка, јога или неколку минутно длабоко дишење пред спиење, може благотворно да се одрази на вашата кожа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

По години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. 

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи.

„MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика.

Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед.

Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик.

Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување.

Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа.

Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петти ден насилни протести во Тирана

Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. 

Петти ден насилни протести во Тирана

Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми.

Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер