Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро
2 Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро
ЗдравјеКовидот и респираторните инфекции ги преполнија амбулантите на матичните лекари Слично како во регионот така и во Македонија постепено се зголемува бројот на заразени со ковид. Матичните лекари велат дека секој втор пациент е со некаква респираторна инфекција.. Додека се уште не се знае која варијанта на ковид е доминантна во земјава, матичните лекари велат дека се бележи зголемување на пациентите со респираторни инфекции. Не е само ковид, има и грип и стомачни вируси кои циркулираат низ луѓето, а во ординацијата на Д-р Анкица Станоевска има по 100-тина граѓани дневно кои доаѓаат со манифестации на вирусни инфекции, а тоа се половина од вкупниот број на посети во две смени. Иако симптомите на грипот и ковидот се слични, главоболки, болки во грлото и мускулите, сега посилни манифестации дава грипот иако мал е бројот на сериозни компликации, вели Д-р Станоевска. Статистиките во ординациите и бројките во последниот извештај на Институтот сепак не се пресликуваат. Во месец август, според Институтот за јавно здравје имало само 112 случаи, кое сепак е мало зголемување од месец јули, кога бројката е четири пати помала. Малиот број на позитивни тестови е објаснувањето на надлежните зошто досега не се направило секвенционирање за да се знае точно која варијанта на ковид ја има во Македонија. Во меѓувреме, препораката од Комисијата за заразни болести задолжително да се носат маски во болница не е стапена на сила, и се уште чека одобрување од владините служби. Периодов, многу мал број на граѓани завршуваат во болница поради ковид. Вообичаено станува збор за повозрасни луѓе со хронични болести. Токму поради ова советот на лекарите е да се носи маска на затворено, каде што има гужви. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУмејр Мухамеди во „Само вистини“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Умејр Мухамеди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Луѓето после 50-тата година најмногу жалат за овие работиСпоред психолозите, една грешка е особено болна.Како годините минуваат, животното искуство носи мудрост, но често и соочувања со одлуките што можеле да бидат поинакви. Многу луѓе кои зачекориле во 6-тата деценија нагласуваат дека не жалат толку за нешто што го направиле, туку за пропуштените прилики. Токму затоа психолозите сметаат дека е важно навреме да се препознае вистинската вредност на работите. Едно од најчестите каења се однесува на посветеноста на работата. Многумина признаваат дека со години бркале кариера и финансиска безбедност, додека семејството, пријателите, сопствените потреби ги ставале во втор план. Дури подоцна сфатиле дека изгубеното време со најблиските е невозможно да се надомести. Голем број од луѓето жалат за тоа што немале повеќе храброст да ги следат своите соништа. Некои никогаш не ја промениле работата што не ги исполнувала, други не отпатувале на места за кои мечтаеле, а трети се откажале од сопствениот талент поради стравот од неуспех и осуда од околината. Исто така, луѓето најчесто жалеле што го запоставувале своето здравје, се хранеле нездраво, физичката активност изостанувала, па хроничниот стрес и одложувањето на лекарските прегледи често оставаат видливи последици во подоцнежните години. Затоа стручните лица нагласуваат дека вложувањето во здравјето во текот на целиот живот е исплатливо. Многу луѓе после 50-тата признаваат дека премногу размислувале за тоа што ќе кажат другите. Носеле одлуки за да исполнат туѓи очекувања, наместо да живеат во согласност со сопствените желби и вредности. Дури подоцна, сфаќаат колку пропуштиле обидувајќи се да им удоволат на сите. Луѓето често се каат и за неизговорените зборови. Жалат што почесто не велеле „те сакам“, што не простиле на време или што не одржувале контакт со драги личности. Кога некого ќе изгубат или патиштата ќе им се разминат, станува јасно колку искреноста и блискоста се важни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утроЕдна едноставна промена во начинот на кој ја користите климата, ќе ви го подобри сонот и ќе ја намали потрошувачката на електрична енергија.Будење во 4.30 наутро со вклучен клима - уред кој и понатаму работи на 21 степен можеби делува како последица на летната спарнина, но стручните лица предупредуваат дека тоа би можело да е знак дека температурата во просторијата не е оптимално наместена за квалитетен сон. Специјалистот за одржување на домот Алвин Пулинс нагласува дека разладената просторија може да помогне при спиење, но премногу ладен простор го нарушува одморот. Кога температурата ќе падне под пријатната граница, телото почнува да троши енергија за загревање наместо на одмор, што може да доведе до тоа да се разбудите уморни иако сте спиеле 7 часа или повеќе. Клима – уредот може да го наруши сонот Проблемот настанува во текот на ноќта, кога надворешната температура дополнително паѓа, па климата продолжува да дува ладен воздух во веќе разладена просторија. Во овие услови, телото се грчи, сонот е со прекини, па лицето може да се буди повеќепати во текот на ноќта. Стручните лица препорачуваат користење на тајмер кој ќе го исклучи клима-уредот по еден до два часа. Студениот воздух може да предизвика тегоби Освен температурата, дополнителен проблем претставува струењето на воздухот што уредот го создава во просторот. Со ладниот воздух може да се шири прашина, полен и грини, што кај поосетливите лица може да предизвика чувство на суво грло, кивање и чешање на очите. Сувиот воздух може да предизвика чувство на отежнато дишење и непријатност во текот на ноќта. Експертите предупредуваат и на влијанието на студениот воздух насочен директно кон телото, особено вратот и грбот. Овој проток може да предизвика напнатост во мускулите и утринска вкочанетост, особено кај лица кои имаат проблем со зглобови и ‘рбет. Како правилно да го користите клима – уредот? Не треба да го занемарите ни финансискиот аспект, бидејќи повеќечасовно ноќно користење на климата за време на летните месеци може значајно да ја зголеми потрошувачката на електричната енергија. Стручните лица за греење и ладење истакнуваат дека со исклучување на уредот во текот на ноќта не штедите само пари, туку и го продолжувате неговиот век на траење. Наместо непрекината работа на климата, се препорачува комбинација од проветрување пред спиење и спуштање на ролетната во текот на денот, како и користење на тајмер. Лесна памучна постелнина и пасивни начини на разладување може дополнително да помогнат во одржување на пријатната температура во текот на ноќта без потреба климата да работи непрекинато.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter