ЗдравјеКовид бројките со постојан раст, кој е најдобриот начин на заштита?Регионот ги засилува рестриктивните мерки поради порастот на корона бројките.. Потребна ли е трета доза на вајкцината и кој би бил најдобриот начин за заштита, Канал 5 го праша доктор Злате Мехмедовиќ.Делта сојот нема да е последна мутација на ковид-19, затоа што се уште има голема трансмисија на вирусот на глобално ниво. Министерот Филипче најави можна трета доза на вакцина, а не се исклучува ниту можноста таа да стане сезонска. Според имунологот д-р Злате Мехмедовиќ, евентуалната трета доза на вакцина треба да биде редизајнирана, односно прилагодена на новите соеви. „Кога зборуваме за примање на трета доза на вакцина, би требало да се зборува за редизајнирана вакцина која што ќе биде адаптирана на новите соеви. Се уште нема податоци и логична употреба на трета доза кај оние кои што се вакцинирале двапати со истиот тип на вакцина.“ Бројките на новодијагностицирани и понатаму бележат пораст, д-р Мехмедовиќ смета дека овој тренд ќе продолжи и во наредниот период. Тој вели со делта варијанта можеме да очекуваме дуплирање на бројките на секои 10 дена, според карактеристиките на сојот. „Во однос на таа варијанта можеме да очекуваме на секои 4 до 10 дена дуплирање на бројот на новозаболени случаи, таков е трендот поради високата преносливост на вирусот и поради речиси двапати полесната можност за инфицирање на организмот.“ Д-р Мехмедовиќ вели дека ситуацијата може да се контролира на два начини, едниот од нив е масовна вакцинација на граѓаните, а вториот е рестриктивни мерки. Во однос на тоа дали треба да има рестрикции за оние кои што досега поради лични убедувања одбиле да се имунизираат, смета дека тоа останува на надлежните институции, на кој начин ќе ги стимулираат граѓаните да се заштитат од ковид-19 преку вакцинирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураУтревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција. Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен. Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева. „Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него. Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа. Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и ФилипчеСДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook