Ковид 19 неуморно галопира-расте бројот на заразени во светот - Канал 5

Ковид 19 неуморно галопира-расте бројот на заразени во светот

Дали коронавирусот повторно ќе ги спушти државните рампи и „ќе не затвори“ дома?

Ковид 19 неуморно галопира-расте бројот на заразени во светот

Ова прашање засега останува отворено, и за Македонија, но и за целиот свет, со искучок на Израел. Откако Светската здравствена организација објави нов рекорд на заразени од КОВИД 19, околу 308.000 за 24 часа, Израел, земја каде ситуацијата е најтешка, повторно воведува карантин и ги затвора училиштата, рестораните, трговските центри и хотелите.

Одлуката за карантин се однесува на наредните три недели и со можност за продолжување. Мора да има карантин до крајот на празникот. Раководните лица во здравствениот систем алармираа дека високиот број на смрни случаи изнудува итни мерки. Медицинките лица се истоштени.- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

Откако бројот на новозаразени порасна и во регионот, српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот ги повика сите граѓани кои престојуваат во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, да се вратат дома.

Апелираме до сите наши граѓани што се наоѓаат во некоја од соседните земји што имаат висок процент за заразени до петок да се вратат во својата земја, бидејќи од петок во 18 часот ќе имаме поинаков режим кон сите наши граѓани што се враќаат од тие земји. - Д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ

Македонските власти засега не најавуваат воведување на рестрикции, но здравствените капацитети се подготвуваат за нов бран. На прагот на есента веќе се зголемува бројот и на настинки, па дневно се третираат по стотина пациенти, вели за Канал 5 Д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Лекарите алармираат дека граѓаните треба да бидат внимателни, да ги почитуваат мерките, да држат хигиена и да носат заштитни маски, бидејќи така, освен од КОВИД 19 ќе се заштитат и од вирусните инфекции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. 

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта.

Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење.

Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Свети Николе не е за пиење: Утврдени се микробиолошки отстапувања на две мерни места

Три дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

Водата во Свети Николе не е за пиење: Утврдени се микробиолошки отстапувања на две мерни места

„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од јкп комуналец свети николе, кое го сподели градоначалникот Владев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во автобус на фудбалски клуб пронајдени 86,5 кг марихуана

Скандал на векот во фудбалот на Боливија. Во автобус на клуб пронајдени 86,5 килограми марихуана!

Во автобус на фудбалски клуб  пронајдени 86,5 кг марихуана

Фудбалскиот натпревар меѓу Боливар и Сао Паоло падна во втор план поради неверојатниот скандал што ја потресе експедицијата на бразилскиот гигант!

Боливиската полиција заплени дури 86,5 килограми марихуана во автобусот што требало да ги превезува фудбалерите на бразилскиот Сао Паоло, а поради целиот случај се уапсени тројца возачи.

Инцидентот се случи во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР (UMOPAR) запреле автобус за рутинска контрола.

Но, неочекуѕвано во автобусот биле пронајдени четири торби полни со дрога, по што следувла голема полициска операција.

Возилото било ангажирано за потребите на експедицијата на бразилскиот клуб, но било запленето пред да може да ги преземе играчите.

Сао Пауло за „UOL“ потврди дека превозот бил организиран од боливиската компанија „Buses Cosmos“, која обезбедила втор автобус по полициската акција.

Така, експедицијата на бразилскиот гигант го продолжила патувањето без проблеми, додека полицијата ги привела тројцата возачи одговорни за возилото. Според информациите од Бразил, компанијата „Buses Cosmos“ ја презела одговорноста за ангажираните возачи и изјавила дека клубот немал никаква поврзаност со запленетата дрога.

Сао Пауло се наоѓа во Боливија за натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар, а клубот изготви посебен план за патување поради надморската височина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер