Ковачки: Со заокружување на бројот 9, Македонска Каменица ќе продолжи да се развива - Канал 5

Ковачки: Со заокружување на бројот 9, Македонска Каменица ќе продолжи да се развива

„Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски, да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа.“

Ковачки: Со заокружување на бројот 9, Македонска Каменица ќе продолжи да се развива

„Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски, да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа, за да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што заедно ја трасиравме заедно од 2021 година. Да продолжиме со промените кои носат подобро утре. Во изминатиот мандат, вашиот градоначалник работеше транспарентно и чесно. Иако беше под постојани контроли и притисоци сакајќи да му наштетат и да ги докажат своите злобни намери, секогаш излегуваше со чист образ, докажувајќи го својот интегритет и посветеност на граѓаните. И затоа во вториот мандат влегува уште помотивиран и пофокусиран на проекти кои се од важно значење за Каменичани“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од народниот митинг во Македонска Каменица, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.

Ковачки истакна дека кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, Димче Атанасовски во неговиот четиригодишен мандат реализирал голем дел од проектите за општината и покрај попречувањата и борбата со поранешната власт на СДС и ДУИ.

„Ако имате дилема дали ќе се реализираат зацртаните проекти, погледнете што е направено се досега. Неговите дела зборуваат сами за себе, подобрени патишта и водоводна и канализациона инфраструктура за полесно секојдневие на сите вас, подобрени услови во училиштата и градинките затоа што иднината почнува од нашите деца, вложува во зачувување на традицијата и културата затоа што во коренот е нашата сила. Овие резултати не се случајност, тие се плод на труд, визија и борба со поранешната влада на СДС и ДУИ кои преку свои локални инсталации се обидуваа да го попречат развојот на Каменица. Но овие резултати се и плод на соработка меѓу луѓе кои веруваа во истата цел, а тоа е дека интересот на Каменичани е пред се“, рече Ковачки.

На крај Ковачки истакна дека Атанасовски е вистинскиот избор за Македонска Каменица и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 со цел општината да продолжи да се развива како и досега.

„Димче Атанасовски е вистинскиот избор под број 9, заедно со нашата советничка листа, затоа што неговото искуство, посветеност и докажани резултати се гаранција за иднина во која мак каменица ќе продолжи да напредува. Затоа браќа и сестри, ве повикувам да ја градиме нашата заедничка куќа Македонска Каменица, да го поддржите Димче Атанасовски и советничката листа под број 9, да гласаме за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, дециден е Ковачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

По прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело.

Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Најдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“.

41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија.

Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at.

Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон.

Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market).

Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана.

Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери.

Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“.

Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“.

За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци.

Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа.

За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер