Ковачки: Синот на Ахмети, Шкумбин, со Дрин и Бесијан, сакаат да градат фотоволтаична централа - Канал 5

Ковачки: Синот на Ахмети, Шкумбин, со Дрин и Бесијан, сакаат да градат фотоволтаична централа

Синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево.

Ковачки: Синот на Ахмети, Шкумбин, со Дрин и Бесијан, сакаат да градат фотоволтаична централа

Синот на Али, Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан веќе ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој од нив има по 1/3 од компанијата.

Според документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката во која фирмите на Ахмети имаат сметки, дознаваме за големо мешање на политиката во бизнисот и со тоа енормно богатење на кланот од Зајас.

Имено од анализата на банката дознаваме дека Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети ја информирале банката дека тие имаат изготвено физибилити студија за 60 MW фотоволтаична централа, во која имаат наведено потенцијални локации. Во анализата пишува дека семејството Ахмети ја информирале банката дека за таквата централа веќе имаат добиено дозвола од надлежните владини органи, а чекаат лиценца од министерството за транспорт. Но, како што се наведува во истата Ахмети не приложиле документи со кои може да го потврдат тоа.

За изградба на таква фотоволтаична централа, тие рекле дека им треба финансиска конструкција од 35 милиони евра, а дека истата ќе биде јавно приватно партнерство.

Од анализата на банката на фирмите на семејството Ахмети може да заклучиме дека синот на Али Ахмети, Шкумбин, заедно со неговите братучеди Дрин и Бесијан или ја лажеле банката дека прават крупен бизнис или откриле дека тие веќе имаат усмен договор со врвот на власта, во овој случај премиерот Димитар Ковачевски, кој е потписник на јавно приватно партнерство дека државата ќе влезе во бизнис со семејството Ахмети за изградба на 60 MW фотоволтаична централа.

Дополнително ако семејството Ахмети не ја лажеле банката, а не доставиле документи дека имаат одобренија од надлежните владини органи за 60 MW фотоволтаична централа, дали тогаш истите имаат усмен договор со низа функционери дека ќе ги добијат потребните договори.

Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети, настапиле пред банката со презимето Ахмети, и со целата политичка тежина на Али Ахмети во Македонија, тоа им дава дополнителна тежина на истите во разговорите и степенот на сериозност.

Овие разговори во банка во Македонија на Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети не можеле да бидат водени без знаење на Али Ахмети, па јавно го прашуваме, дали тој стои зад изнесените информации на неговиот син и внуци во банката, каде што кажале дека им требаат 35 милиони евра финансиска конструкција за да бидат партнери со државата во изградба на фотоволтаична централа? Истовремено го прашуваме и Ковачевски дали тој разговарал со Шкумбин, Дрин и Бесијан дека ќе потпише како премиер договор за ЈПП со нивната фирма „Хелиос“ и ќе градат фотоволтаична централа или можеби тоа го разговарал со Али Ахмети или Артан Груби?

Очекуваме Ахмети и Ковачевски да излезат и да и објаснат на јавноста што договараат и како ги делат бизнисите.

И, во наредниот период ќе излегуваме со уште информации за бизнисите на кланот од Зајас, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград

Уапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“.

Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ.

Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти.

Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Вечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. 

Прво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. Пелистер

Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата.

Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл.

Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер.

Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на  10. коло од Серија А.

Миланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1

„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро.

Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер