Ковачки: Подаваме рака на секој кој сака да стави крај на владеењето на ДУИ и нивните измеќари

Резултатот од првиот круг на претседателски избори е одговор на криминалните политики и предавањето на ДУУ, разликата е поголема од гласовите кои ги доби Стево Пендаровски. 

Резултатот е одговор на сите лоши политики, одговор на скандалите како Онкологија, модуларна болница во Тетово каде живи гореа луѓе, на не казнување на криминалот, рече Драган Ковачки, носител на листа на пратеници во изборна единица 3 на вечерашната дебата на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според Ковачки промените се можни и тргнаа со првиот круг на претседателски избори.

„И ова ќе биде потврдено на 8 мај, како што ветивме беа згазени, а сега очекуваме поддршка од сите. Ние подадовме рака на секој субјект само да ја поразиме ДУИ и нивните измеќари СДС, мора да се стави крај на корупцијата, криминалот и продажбата на државата. Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата. Јасно е дека народот сака да си ја врати Македонија и ќе излезат уште помасовно на 8 мај“, вели Ковачки.

Ковачки се осврна на се што е направено и што ветува ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го направи автопатот до Штип, патот до Кочани, експресен пат Штип-Радовиш кој е финансиран од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние предвидуваме нова клиничка болница во Штип, експресен пат од Кочани до Делчево до граница и многу други проекти. За разлика од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ, СДС нема направено ништо, се е организирано уште во време на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ковачки.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

притисни ентер