Ковачевски: Западен Балкан мора да стане дел од Европската унија

 Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. 

Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Иницијативата „Отворен Балкан" е наша заложба за стабилен регион, владеење на мир, за соработка и за економски развој – ова е нашата заложба за подобар живот на нашите народи. Наша автохтона иницијатива за европеизација на регионот, порача премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Самитот „Отворен Балкан" што се одржува во Охрид.

Во услови кога цела Европа се соочува со последици од воената, енергетската, економската и здравствената криза, според Ковачевски, земјите од регионот се природно поврзани една со друга и имаат заедничка цел – заедно да одат напред. Војната во Украина, како што посочи, е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот, а оставањето на геостратегиска празнина во овој дел од Европа, не е опција.

– Нашата политичка цел е јасна и единствена – Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија. Местото на секоја земја од регионот е во Европската Унија. По тој пат одиме. Заедно се европеизираме. Земјите од Западниот Балкан се тесно поврзани. Кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Европски е да се помагаме, а не да се кочиме и блокираме. Драгоценото време треба да го користиме поефикасно. Војната која се случува во Украина, е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот. Затоа сите мораме да бидеме исклучително внимателни и подготвени. Оставањето геостратегиска празнина во нашиот дел од Европа не е опција. Ние сме тие што мораме да ја пополниме таа празнина и затоа постои Отворен Балкан што е наша, автохтона, органска иницијатива создадена од нашите институции, сериозно поддржана од сите народи и етникуми кои живеат во нашите држави, порача Ковачевски.

Од исклучителна важност е, рече Ковачевски, Европската Унија и земјите членки максимално одговорно да прифатат дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан веќе е и стратешко и безбедносно прашање.

– Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили. Нашата визија за Балканот во 21 век е визија за напреден регион интегриран во Европа каде мирот, стабилноста и развојот веќе никој не ги доведува во прашање. Ние дејствуваме прагматично и економски и со тоа ќе создадеме услови за големи инвестиции во нашиот регион, а тоа ќе значи повеќе работа и подобро платена работа за нашите млади и нашите граѓани. Бараме ЕУ да го поддржи овој наш напор и да го препознае како инспирација за решавање на сопствените проблеми, нагласи Ковачевски.

Премиерот се надева дека иницијативата „Отворен Балкан" ќе стане сѐ поатрактивна и дека кон неа ќе се приклучат и останатите држави од регионот. Го поздрави присуството на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, а, како што рече, останува отворена поканата и за косовскиот премиер.

– Јас сум убеден дека бенефитите од Отворен Балкан ги заслужуваат и дека ќе ги добијат и граѓаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово и верувам дека овој самит ќе донесе позитивен пресврт кога е во прашање проширувањето на Отворен Балкан. „Отворен Балкан" е за интеграција. За отворени можности. За слобода. „Отворен Балкан" е за олеснување, помагање, пријателство, рече Ковачевски.

Во рамки на иницијативата денеска во Охрид ќе бидат потпишани договори за меѓусебно признавање дипломи издадени од високообразовните установи и други овластени институции, како и меморандуми за соработка во туризамот, културата и даночната администрација во Западен Балкан.

– Денес отвораме ново поглавје во нашата соработка во областа туризам. Отворен Балкан заеднички ќе го промовираме како регионална атрактивна туристичка дестинација. Имаме на светот да му ги понудиме дел од најубавите мориња на Медитаренот благодарение на богатството на Албанија. Планините и прочуениот селски туризам на Србија. Македонските езерски пејсажи и убавите зелени планини. Овие убавини ќе му ги понудиме на светот, но пред се ќе овозможиме нашите граѓани да ги уживаат преку најповолни услови, рече Ковачевски, додавајќи дека ќе се креира и заеднички календар на културни настани со што се очекува зголемување на фестивалските настани во регионот.

Иницијативата „Отворен Балкан" ја покренаа Македонија, Србија и Албанија за поголема економска и друга соработка со цел подобар живот на граѓаните. Од неа веќе се чувствуваат првите бенефити со воведувањето на т.н. зелени ленти за камионите на граничните премини Ќафасан и Табановце со кои се овозможува побрз проток на храна и земјоделски производи.

На самитот во Охрид присутен е и еврокомесарот Оливер Вархеји, а преку видео обраќање се очекува да се вклучи и заменикот помошник на државниот секретар на САД Габриел Ескобар.

Најубаво куче на светот е авганистански 'рт што доаѓа од Чиле

 Годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, се одржа викендов. Победата и титулата најубаво куче на светот ѝ припадна на единка од расата авганистански 'рт која доаѓа од Чиле.

За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави" еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии... Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка. /МИА

Ковачки од Берово: 5,5 милиони евра за општината

Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината.

800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари.

800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово.

Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај.

Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево.

Почитувани граѓани,

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3


Пендаровски: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Силјановска

Тој посочи дека очекува огромен дел од гласовите од петте кандидати кои испаднаа од првиот круг на осми мај да дадат поддршка на бројот еден.

На денешната средба со граѓаните на општина Маврово-Ростуше, кандидатот за претседател Стево Пендаровски се осврна на случувањата меѓу двата круга од претседателските избори и барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гласовите од другите кандидати да се префрлат кон кандидатката Гордана Силјановска-Давкова.

„Од денешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ гледаме дека тој отишол да моли кај другите партии со кои наводно веќе има направено договор за влада, тие да му ги префрлат гласовите за противкандидатката. Поголемо понижување на македонските гласачи немаме видено одамна. Ако ги делиш ресорите и власта пред да ја освоиш, ти си политички манипулант. Нека решат граѓаните и вечерта на осми и ако ти ја имаш власта, повели, терај ја понатаму државата. Но во меѓувреме, несигурен во тоа што го нудиш како политички концепт, да бараш од другите помош и поддршка, затоа што знаеш дека твојот кандидат, можеби нема да може да ја истера целата работа сам, е нечесно кон целиот народ и сите македонски граѓани. Јас тоа не го правам, не го правев ни пред 24 април, нема да го правам ниту до осми мај. Ќе го чекаме вечерта на осми мај судот на македонските граѓани, како ќе речат тие, така ќе биде. Но јас ве уверувам дека во гласовите на кандидатите кои отпаднаа има огромно мнозинство кои Македонија ја сакаат ваква - шарена со сите убави бои, со сите граѓани еднакви меѓу себе, со солидарност и со заеднички сили да оди напред“ порача Пендаровски.

Тој посочи дека очекува огромен дел од гласовите од петте кандидати кои испаднаа од првиот круг на осми мај да дадат поддршка на бројот еден.

„Во вториот круг почнуваме од нула и тука навистина имаме голема шанса на крај да излеземе и како победници. Петте кандидати кои отпаднаа вкупно собраа 330.000 гласови. Јавно, гласно и јасно кажувам дека од тие 330.000 гласови, најголем дел, огромно мнозинство се блиски до ова што ние го пропагираме, застапуваме и кажуваме години наназад. Нашата притивкандидатка во вториот круг има сосем други замисли за Македонија, која мисли дека Македонија треба да се враќа назад и во тоа е сериозно поддржана од партискиот лидер кој ја поддржа како негов личен избор“ порача Пендаровски, повикувајќи на осми мај да се заокружи бројот 1 како единствена гаранција дека државата ќе продолжи по исправниот пат и нема да се врати назад.

притисни ентер