Ковачевски: Уставните амандмани во собрание во наредните две недели - Канал 5

Ковачевски: Уставните амандмани во собрание во наредните две недели

Уставните измени ќе влезат во собраниска процедура во следните две недели- најавува премиерот Димитар Ковачевски, и покрај неизвесноста за неопходното двотретинско мнозинство за отворање на Уставот.

Ковачевски: Уставните амандмани во собрание во наредните две недели

Вели дека по усвојувањето на владина седница ќе ги објават амандманите за вметнување на Бугарите и другите делови од народи и според него јавноста ќе се увери дека се работи само за технички измени. Ковачевски смета дека изборите кои ги бара опозицијата се одвоен процес кој ќе се случи следната година во редовен термин, и оценува дека не зависат од тоа дали уставните измени ќе поминат или не.

-Уставните измени ќе бидат поднесени во Собранието во текот на наредните две недели и ќе отпочне процес на дискусија согласно со процедура за истите во Собранието, таму кадешто и е местото. Процесот на уставни измени не е поврзан со мандат на Влада, тој е поврзан со европската интеграција на државата и обврска на секоја политичка партија е да ги поддржи европските интеграции.-Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Објавувањето на текстот на аманданите ќе ги расчисти сите неосновани стравови кај граѓаните дека нешто страшно се подговтвува, убеден и шефот на дипломатијата Османи, кој во Само интервју на Канал 5 рече дека има разговори со идеолошко крило од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратеници кои се противат на партискиот став.. Мицкоски пак му одговори дека задкулисни договори ВМРО-ДПМНЕ не прави, а ставот против промена на уставот останува непроменет.

-Можеби ќе се разбуди он (Мицкоски) кога на телевизија ќе гледа како поминуваат уставните измени.-Бујар Османи – министер за надворешни работи.

-Смисолот за хумор на Бујар Османи не му бил добра карактерна особина и често пати неговите метафори преку лошиот смисол за хумор не се добро разбрани ниту од мене, ниту пак од јавноста, бидејќи не знаеме што сака со тоа да каже. Ако како медицинско лице е загрижен за мојот сон, тие што ме познаваат знаат дека бргу и малку спијам. Рано се будам и долго работам во текот на денот.-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Османи во интервјуто оцени дека во случај на неуспешни уставни измени, за првпат земјава формално ќе ги прекине односите со Европската Унија, а можност за репреговарање на преговарачката рамка рече дека нема. Опозицискиот лидер пак уверува дека и по евентуланото доаѓање на власт нема да го променат ставот и нема да гласаат за уставните измени се додека не се сменат околностите и Македонија да добие европски гаранции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици

Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски”.

ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици

Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход.

Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, и била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и била дадена терапија, по што била пуштена дома.

Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба.

На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија.

Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат и била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала, стои во соопштението од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Неславен крај на една огромна кариера – на Кристијано Роналдо му се заканува суспензија, навивачите предизвикаа хаос на аеродром.

 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ги напушти репрезентативните подготовките и во текот на ноќта пристигна во Мадрид, а според дисциплинскиот правилник на Фудбалскиот сојуз на Португалија, му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна.

Роналдо го напуштил аеродромот „Барахас“ околу 2:40 часот по локално време, по лет од Копенхаген кој траел приближно три часа. Неговото излегување од аеродромот привлече голем број навивачи, а во еден момент неколкумина од нив ја пробиле безбедносната зона во обид да ја видат португалската ѕвезда.

Заминувањето на 41-годишниот напаѓач на Ал Наср може да повлече сериозни дисциплински последици.

Според Дисциплинскиот правилник на Португалската фудбалска федерација (FPF), играч кој е уредно повикан во националниот тим, а неоправдано ќе го напушти или нема да присуствува на тренинзи, натпревари или активности на репрезентацијата, може да биде казнет со суспензија во траење од еден до шест месеци.

За професионалните фудбалери е предвидена и дополнителна парична казна од пет до десет пресметковни единици, што во овој случај изнесува приближно 500 до 1.000 евра. Во членот 160 од правилникот исто така се наведува дека отсуството или напуштањето на репрезентативните активности може да доведе до автоматска превентивна суспензија на играчот.

Инаку се започна пред дуелот во Осло меѓу Норвешка и Португалија.

Тензиите станаа очигледни по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка во Осло. Роналдо беше стартер во победата од 1:0 над Велс во првото коло од групата А4 во Лигата на нации, но следниот натпревар против Норвешка го започна од клупата за резерви. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не настапи. По завршувањето на натпреварот, португалскиот капитен незадоволен се упати кон соблекувалната и не остана со соиграчите за време на поздравот со навивачите. Ситуацијата дополнително ескалираше следниот ден. Роналдо се ограничи на вежбање во теретаната на хотелот каде што престојуваше репрезентацијата, иако се појави на местото каде што се одржуваа тренинзите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира

Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници.

Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира

Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници, што Иранската мисија при Обединетите нации го демантираше.

„Секретарот Рубио ја отстрани иранската делегација бидејќи го пречекорија дозволеното време за престој. Работата на Генералното собрание на Обединетите нации беше завршена, па беше време тие да си заминат“, изјави еден функционер за „Фокс њуз“. Иранската дипломатска делегација пристигна во Њујорк на 22 септември за да учествува на годишниот самит, а за време на престојот одржа разговори со американскиот тим на маргините на собирот.

Иранската мисија при Обединетите нации ги демантираше извештаите дека преговарачкиот тим на земјата бил протеран од Њујорк по налог на Стејт департментот на САД, наведувајќи дека членовите на делегацијата ги напуштиле САД според претходно утврден план.

Иранската мисија соопшти дека Стејт департментот бил однапред известен за планот за патување на делегацијата и ги оцени како неосновани тврдењата за нејзино протерување од САД, пренесе порталот „Уфук“.

Реакцијата уследи откако „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на американски функционер и извор од Стејт департментот, објави дека иранската делегација ја напуштила земјата по барање на американските власти. Иранската мисија го отфрли извештајот и го обвини американскиот Стејт департмент за ширење „лажни информации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер