Ковачевски: Отворен Балкан е одлична иницијатива, но не е замена за ЕУ

„Со Отворен Балкан, како држава и како Влада имаме обврска да обезбедиме подобар животен стандард на граѓаните, да обезбедиме подобра инфраструктура, и да ја спречиме корупцијата со ефикасност на администрацијата и на сите институции".

Ова го подвлече денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали „Отворен Балкан" останува единствена реална иницијатива за нашата земја доколку има уште едно „не" од Бугарија.

Тој подвлече дека од друга страна граѓаните на нашата земја не можат да бидат заложници на исчекувања на датуми на секој нов Самит на ЕУ и затоа тој не се врзува за датуми за нешто што не зависи од нас.

„Ние нашата работа ја имаме завршено. Македонија има четири позитивни последователни извештаи од страна на Европската комисија. Имаме 45 проценти усогласеност на националното законодавство со законодавството на Европската Унија", рече Ковачевски.

Посочувајќи дека определбата за европска интеграција во НАТО и во ЕУ секогаш ќе биде стратешка цел како и остварувањето на членството во НАТО за што граѓаните донесоа тешки одлуки.

„Европската Унија досега не го испорача своето ветување, но веруваме дека тоа еден ден ќе се случи како резултат на усогласување и на разговорите базирани на европски вредности", рече Ковачевски, додавајќи дека имаме стратешки дијалог со САД за важни прашања.

Ковачевски потенцираше дека „Отворен Балкан" е оригинална, органска иницијатива на трите држави, базирана на европски вредности, бидејќи сите граѓани од државите на регионот имаат право да живеат и да соработуваат меѓу себе.

Иницијативата има само добри страни, рече Ковачевски, кој повтори дека замена за стратешката цел на интеграција на нашата земја во ЕУ не постои, но земјите од регионот заради граѓаните ќе ја унапредуваат соработката преку досега донесените иницијативи, како и со други за кои беше постигната согласност на самитот на „Отворен Балкан" во Охрид.

Најубаво куче на светот е авганистански 'рт што доаѓа од Чиле

 Годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, се одржа викендов. Победата и титулата најубаво куче на светот ѝ припадна на единка од расата авганистански 'рт која доаѓа од Чиле.

За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави" еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии... Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка. /МИА

Ковачки од Берово: 5,5 милиони евра за општината

Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината.

800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари.

800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово.

Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај.

Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево.

Почитувани граѓани,

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3


Пендаровски: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Силјановска

Тој посочи дека очекува огромен дел од гласовите од петте кандидати кои испаднаа од првиот круг на осми мај да дадат поддршка на бројот еден.

На денешната средба со граѓаните на општина Маврово-Ростуше, кандидатот за претседател Стево Пендаровски се осврна на случувањата меѓу двата круга од претседателските избори и барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гласовите од другите кандидати да се префрлат кон кандидатката Гордана Силјановска-Давкова.

„Од денешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ гледаме дека тој отишол да моли кај другите партии со кои наводно веќе има направено договор за влада, тие да му ги префрлат гласовите за противкандидатката. Поголемо понижување на македонските гласачи немаме видено одамна. Ако ги делиш ресорите и власта пред да ја освоиш, ти си политички манипулант. Нека решат граѓаните и вечерта на осми и ако ти ја имаш власта, повели, терај ја понатаму државата. Но во меѓувреме, несигурен во тоа што го нудиш како политички концепт, да бараш од другите помош и поддршка, затоа што знаеш дека твојот кандидат, можеби нема да може да ја истера целата работа сам, е нечесно кон целиот народ и сите македонски граѓани. Јас тоа не го правам, не го правев ни пред 24 април, нема да го правам ниту до осми мај. Ќе го чекаме вечерта на осми мај судот на македонските граѓани, како ќе речат тие, така ќе биде. Но јас ве уверувам дека во гласовите на кандидатите кои отпаднаа има огромно мнозинство кои Македонија ја сакаат ваква - шарена со сите убави бои, со сите граѓани еднакви меѓу себе, со солидарност и со заеднички сили да оди напред“ порача Пендаровски.

Тој посочи дека очекува огромен дел од гласовите од петте кандидати кои испаднаа од првиот круг на осми мај да дадат поддршка на бројот еден.

„Во вториот круг почнуваме од нула и тука навистина имаме голема шанса на крај да излеземе и како победници. Петте кандидати кои отпаднаа вкупно собраа 330.000 гласови. Јавно, гласно и јасно кажувам дека од тие 330.000 гласови, најголем дел, огромно мнозинство се блиски до ова што ние го пропагираме, застапуваме и кажуваме години наназад. Нашата притивкандидатка во вториот круг има сосем други замисли за Македонија, која мисли дека Македонија треба да се враќа назад и во тоа е сериозно поддржана од партискиот лидер кој ја поддржа како негов личен избор“ порача Пендаровски, повикувајќи на осми мај да се заокружи бројот 1 како единствена гаранција дека државата ќе продолжи по исправниот пат и нема да се врати назад.

притисни ентер