Ковачевски: Европскиот пат е блокиран дома поради неодлучноста на Мицкоски

„Ние имаме формално отпочнати преговори, но заради блокадата којашто на нас ни се случи тука во Македонија, ние сега имаме застој, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „Дуел за Македонија“,на Канал 5 телевизија

Говорејќи за евроинтегративниот процес, Ковачевски посочи дека за да се направи исчекор потребни се одлуки, граѓаните очекуваат конкретни одлуки, наместо постојано да се критикува.

„И Киро Глигоров го критикуваа, ама денес Киро Глигоров е запишан во историјата, како човекот што ја внесе Македонија во ОН. Се критикуваше и кога станувавме членка на НАТО, денес сите се горди на членството во НАТО. Вие бевте горди кога бевме во Брисел, кога чешкиот министер за надворешни кажа преговорите со Македонија ги прогласувам за отпочнати. Формално се отпочнати, но заради блокадата којашто на нас ни се случи тука во Македонија, ние сега имаме застој, такви блокади ние сме имале и во минатото. Кој го блокираше зачленувањето во НАТО? Неодлучноста на претходникот на господинот Мицкоски“, рече Ковачевски.

Притоа, Ковачевски посочи дека овие избори се за тоа кој има план за Европа, а кој нема план за Европа.

„Ние спроведовме скрининг за една и пол година, нешто на што им требаше, на наши соседни држави, две до две и пол години. 1.000 професионалци беа организирани, беа поканети од ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат, одбија, беа ангажирани 1.000 професионалци во 100 тимови, часови и часови презентации и состаноци во Брисел и добивме позитивен извештај за билатералниот скрининг. Ние веќе имаме добиено извештаи за два кластери, тие се дојдени и точно знаеме што треба да правиме. Ние веќе предложивме во нашата програма зголемување за 50% на платите за оние кои ќе учествуваат во преговорите, точно знаеме со какви ресурси ќе преговараме и точно знаеме дека до 2028 година ќе завршат преговорите и после 2 години ратификација, до 2030 година, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Тоа е план, термински, со ресурси, со човечки ресурси и со конкретни активности, се друго е замајување и неносење на одлуки, тоа го гледавме 11 години, 11 години ние гледавме некакви преговори со Грција кадешто не се носеше никаква одлука“, рече Ковачевски.

„На изборите граѓаните ќе се определат дали се за европска Македонија. Јас сум убеден дека ќе се определат за европска Македонија и кога на 8 мај ќе ги видиме резултатите тогаш ќе биде јасно дека Македонија ќе ја спроведе својата обврска и дека ќе ги отвориме преговорите со ЕУ по поглавјата“, порача Ковачевски.

„Мицковски не може да ги менува ставовите од една причина што тој нема став никогаш и кога немате став, вие не може да го менувате“, потенцираше Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „Дуел за Македонија“, на Канал 5 телевизија.

„Кога имате став тогаш вие носите одлуки. Еве, прашувате за Преспанскиот договор. Преспанскиот договор е резултат на 30 години работа, ние 30 години имавме посредник од САД, од ОН, меѓутоа, адвокат од САД. И што требаше за да се постигне договор? Не го постигна Метју Нимиц договорот. Договорот го постигнаа двајца лидери коишто постигнаа договор и си пружија рака и ги решија односите помеѓу двете држави. Го решија тоа коешто никој немаше храброст претходно да го реши. Тоа е лидерство и тогаш беа истите обвинувања, немало да бидеме Македонци, јазикот немало да биде македонски и што добивме? Останавме Македонци како што сме и секогаш ќе бидеме и македонскиот јазик е македонски јазик и станавме земја членка на НАТО. Е тоа е лидерство и тоа е носење на одлуки, се друго е немање на став. Имавме референдум, еве ве прашувам уште еднаш, дали господинот Мицкоски гласаше на референдумот? Еве, конечно дознавме дека не сте гласале. Ќе кажам во 12 часот, па не кажувам во 12 часот, тоа беа одговорите колку што јас се сеќавам“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Бела Хадид во проѕирен фустан на црвениот тепих во Кан, сите занемеа (ФОТО)

Манекенката Бела Хадид го украде шоуто на Канскиот филмски фестивал кога се појави во проѕирен фустан кој ги откри нејзините облини.

Во фустан со потпис на брендот Ив Сен Лоран, Бела го привлече вниманието на фотографите на црвениот тепих и на балконот каде позираше пред да го напушти хотелот. Папараците буквално ја опколиле при нејзиното пристигнување на црвениот тепих.

Инаку, Бела се појави на проекцијата на филмот The Apprentice.

Во Калифорнија среде ноќ исчезна очувот на принцезата Татјана од Грција (ВИДЕО)

Очувот на принцезата Татјана од Грција (43) ненадејно исчезна среде ноќ во Малибу.

Како што објави „Дејлимејл“, Атиљо Брилембург (53) исчезнал во саботата, а последен пат бил виден во еден часот по полноќ. Носел сина кошула, сиви панталони и бил бос.

Властите ги повикаа сите кои можеби знаат нешто за неговото движење да се јават. Родениот њујорчанец, кој е поврзан со европските кралски членови, бил забележан недалеку од луксузен станбен комплекс. Тоа е ридско подрачје, кое што било слабо осветлено.

Околностите под кои исчезнал не се откриени. Полицијата навела дека станува збор за белец, висок 177 сантиметри, тежок околу 75 килограми, со седа коса, зелени очи и тетоважа на горниот дел од телото.

„Загрижени сме за господинот Брилембург“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Атилио Брилембург е очув на принцезата Татјана од Грција, член на грчкото и данското кралско семејство, која е родена во Венецуела. Полицијата изјавила дека тој повеќе нема никаква врска со кралското семејство. Принцезата Татјана од Грција е мажена за принцот Николај, син на Константин II, кој беше крал на Грција до укинувањето на монархијата во 1973 година.

Парот, кој се венчал во август 2010 година, минатиот месец објави дека се разведува. И покрај ова, Татјана најави дека ќе ја задржи титулата. На свадбата, која беше опишана како „Мама миа, со аристократи“, присуствувале претставници на кралските семејства на Холандија, Данска, Шведска и Шпанија.

Принцезата Татјана, чие полно име е Татјана Блатник, се занимава со пишување и филантропија. Таа пораснала во Швајцарија. Основач е на непрофитната организација „Дух“ која се занимава со подигање на свеста за менталното здравје.

Шок во Тирана: Тројца мажи киднапирале момче среде главниот плоштад и го силувале

Во Тирана денеска е киднапиран и силуван 20-годишен млад човек, соопшти полицијата, додавајќи дека сторителите се уапсени.

Невидениот настан се случил на плоштадот Скендербег во центарот на Тирана, каде Д.Б. (36), Е.Х. (31) и неименуван 19-годишен маж, насилно го зеле 20-годишникот и го силувале, пренесува VoxNews.

Сите тројца се уапсени, додека уште еден маж на 28-годишна возраст исто така е лишен од слобода бидејќи не го пријавил делото.

Се сомнева дека целиот настан се случил од банални мотиви.

Според полицијата, тројцата со употреба на насилство го киднапирале младиот човек.

Специјалисти за истрага на криминал од Полициска станица бр. 1, откако добиле пријава од дваесетгодишен маж дека тројца мажи му ја одзеле слободата, веднаш организирале нивно фаќање.

Материјалите се проследени до Обвинителството.

притисни ентер