МакедонијаКовачевски: е.GO е инвестиција од 130 милиони евра и 890 нови добро платени работни местаВладата, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција.Владата, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. По тој повод, денеска се одржа настан на кој се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Во продолжение, Ви праќаме транскрипт од обраќањето во целост: „Почитуван претседател на Собранието г-дин Џафери, почитувани претставници на Владата, почитуван г-дин Ахмети, почитувани претставници на НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Почитувани екселенции, почитувани домаќини, Драги партнери и гости, Почитувани медиуми и граѓани, Денес ми претставува навистина голема чест и задоволство ми е што сум присутен овде, каде започнува нова инвестициска приказна, мултимилионски проект, на германската компанија „НЕКСТ.Е.ГО.МОБИЛЕ СЕ“. Моите колеги знаат да пишуваат исклучително добри говори, и секогаш го прават тоа на најдобар начин врз основа на претпоставки кои јас им ги давам. Меѓутоа некогаш не можете да доловите сè на лист хартија. Затоа сакам да споделам со вас, неколку важни работи за себе. Прво Македонија, беше пред 21 година, т.е Република Македонија во тоа време, којашто имаше голем предизвик, каде што тука во тоа време имаше голем број на политичари и дипломати, коишто нас ни помагаа да изградиме општество еднакво за сите, и општество во коешто секој ќе може државата да ја гледа како поле за личен и професионален развој. За точно 21 година после тоа, повторно сме собрани сите тука и повторно имаме странци. Меѓутоа тие странци, со коишто разговаравме во изминативе три месеци, се од Германија, професионалци менаџери, коишто заедно со наши граѓани тука во Македонија, и успешни бизнисмени и инвеститори, ја отвораме првата фабрика за електрични автомобили во државата, и во регионот. Тие преговори покажаа неколку работи. Јас изминатиот период заедно со уште неколку министри одговаравме на неколку прашања, дали ние како држава сме подготвени да направиме исчекор во вакво општество коешто ќе понуди повеќе за своите граѓани. И секогаш одговарав со „да“. И секогаш добивав уште едно прашање, па дали некој може нас нешто да ни направи, дали може некој да не закочи…и мојот одговор секогаш беше „не“. Затоа што јас имам исклучително голема верба во нашите граѓани. Без разлика дали се тоа се Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, сите што живеат тука. И секогаш кажував дека граѓани коишто можат да купуваат производи од највисоки производители, се граѓани кои можат да направат промена. И затоа тие граѓани, направија набрзо вклучување во НАТО, и направија почеток на преговорите со Европската Унија. И длабоко верувам дека граѓаните, преку своите избраници во Собранието, ќе направат и најбрзо интегрирање во Европската Унија. Нема поголема потврда за тоа што го зборувам од овој денешен ден. Затоа што тие граѓани ќе бидат вработените во оваа фабрика којашто ќе произведува електрични автомобили, коишто ќе ги гледаме на пазарите низ Европската Унија или светот. И затоа сакам да ве замолам за еден аплауз, не за нас овде, туку за граѓаните коишто тоа го овозможија. Денес е еден од оние убави денови кога стануваат видливи резултатите од вложениот труд. Денес ќе се постават темелите на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места. Оваа инвестиција е од огромно значење за државната, но и за локалната економија и развојот на човечкиот потенцијал во Тетово и во државата. Со оваа значајна инвестиција, Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО“ имаат партнер од доверба. Она што особено ме радува е дека за прв пат, кај нас ќе биде произведен целосен автомобил. Во Северна Македонија и досега се произведуваа делови за автомобили од светските брендови, но сега имаме целосно производство на финален производ токму кај нас. И ова е навистина голема работа. Оваа инвестиција ми е лично посебно драга. Не само затоа што ќе го промени на подобро животот на семејствата чии членови ќе работат тука, туку затоа што ќе го промени начинот на кој размислуваме за возилата. Затоа што ова е иднината, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Меѓутоа ова е иднината и на образованието. Вакви инвестиции, вакви фабрики, ќе го сменат образованието во државата, бидејќи ќе направат нови потреби коишто ќе бидат неопходни. Електричниот автомобил „е-Go“ кој ќе се произведува овде во ТИРЗ во Тетово е корисен за урбани средини, истовремено одржлив, иновативен, економичен и без штетни емисии на гасови. Ова меѓу другото е нашиот влог за идните генерации. Фабриката која ќе се гради овде во ТИРЗ зоната во Тетово, е составен дел од глобалниот производствен капацитет на „е-Go“, наменет да го снабдува и националниот и меѓународниот извозен пазар. Кризата која веќе започна во целиот свет, нѐ научи дека постојано треба да вложуваме, да ги поттикнуваме и да ги стимулираме домашните и странските компании да инвестираат. Ваквите инвестиции се доказ дека како Влада успешно ги користиме сите потребни механизми кои ги даваат очекуваните резултати овозможувајќи услови за понатамошен побрз и одржлив економски раст и развој. Во технолошко индустриските развојни зони, во првите шест месеци се постигнати договори за инвестиции во висина од 240 милиони евра, а потенцијално до крајот на годината се очекува затворање на уште два договори во висина од 160 милиони евра. Јас никогаш не сум најавувал инвестиции, и оваа е инвестиција за која беше извесно дека ќе се случи. Оставивме прво да се договорат сите детали и потоа на изненадување на целата јавност, бидејќи ги гледам написите во медиумите, дознавме дека во Македонија ќе има инвестиција којашто ќе биде од 130 милиони евра, и ќе биде на почеток со околу 900 вработени. И уште има такви инвестиции, од други инвеститори, а ние ќе оставиме тоа инвеститорите заедно со институциите да го најават, и ќе се случи многу брзо. Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се реализирани над 1.100 нови работни места. Вкупниот број на вработени во јули порасна и достигна над 15.000 вработени, што е за 6% повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5% повеќе во однос на јули 2020 година. Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Во првите седум месеци од 2022 година извозот од ТИРЗ достигна речиси две милијарди евра, што е највисок во последниве четири години. А да не заборавиме дека работиме во најкризни две години после втората светска војна. Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280 милиони евра што е за 25% повеќе од јули минатата година. И покрај глобалните политичко економски случувања, сите анализи покажуваат дека ваквиот тренд ќе продолжи до крајот на годината со што според проценките, извозот може да го надмине минатогодишното рекордно ниво од три милијарди евра извоз годишно. Ваквиот тренд се очекува да продолжи и во однос на порастот на нови работни места и согласно инвестициите постигнати изминатата година се предвидува отворање на над 2.700 работни места во следните години. Овие позитивни резултати и бројки кои постојано растат, потврдуваат дека создадената нова стратегија и програма за работа креираат позитивна бизнис клима за инвеститорите и вработените. Пандемијата ни покажа дека во Европа може да се произведуваат многу повеќе неопходни добра и да се обезбеди заштеда на трошоците кои инаку ги имаме за транспорт и логистика од далечните земји, особено од истокот. Македонија тоа го искористи создавајќи амбиент за нови инвестиции. Ние сме членка на НАТО, а нашата позиција е и членство во Европската Унија со веќе отпочнати проговори, за инвеститорите да знаат дека имаат сигурност и предвидлив деловен амбиент, што е впрочем и нашата предност во регионот. И ќе повторам уште еднаш, оваа држава од 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција со Европската Унија, ќе оди само напред. Нема да оди назад, нема да оди ни лево а уште помалку десно. Државата ќе оди напред, во полноправно членство со Европската Унија, затоа што тоа им го должиме на граѓаните, а тоа им го должиме и на инвеститорите кои отвораат добро платени работни места за граѓаните. Нашиот пристап во привлекувањето инвестиции е изменет и сега е насочен кон инвестиции и инвеститори што носат поголема додадена вредност. Таков пример е и оваа инвестиција денес, и такви примери се и ветерните паркови и соларните централи односно обновливите извори на енергија, кои дел веќе се финализирани, а дел се во фаза на подготовка односно имплементација. На крајот, уште еднаш, сакам да упатам честитки за стартот и да посакам успешна работа на компанијата. Создавање на локалната економска вредност и напредниот технолошки развој кој оваа инвестиција го носи ќе го промени животот во локалната заедница, ќе даде силен стимул на економијата и значајна референца за државата во привлекување на странски инвестиции. За крај, денес е денот кога се одбележува 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и би сакал да ја искористам оваа можност да упатам честитки и да изразам задоволство од нашето заедништво, нашата сплотеност и желба за соживот и меѓусебна толеранција. Докажавме дека само така, една мултиетничка и мултикултурна држава може да биде успешна, економски напредна и просперитетна за своите граѓани. Сакам уште еднаш на крајот да им честитам на семејството Дестани, и на компанијата e.GO од Германија, на целиот менаџерски тим којшто денеска е тука присутен со нас, и што побрзо и поуспешно да ги завршат градежните работи за производство на фабриката, и првите автомобили веќе да може да ги возиме и кај нас и на странските автопатишта во предвидените рокови коишто ги имаат зададено“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНовиот Ауди А3 е речиси ист како А5 и Q5 (ФОТО)Audi A3 во Европа добива техничко и визуелно освежување. Ажурирањата се главно фокусирани на дизајнот на ентериерот, инсталацијата на панорамски екран и проширен спектар на системи за помош на возачот. Веста се однесува на сите дизајни на каросеријата и погонските склопови во гамата, вклучувајќи ги и спортските модели S3 и RS3. Редизајниран ентериер Централниот дел од освежениот ентериер на A3 е нов кокпит со таканаречен закривен екран. Се состои од 11,9-инчен виртуелен кокпит и 12,8-инчен MMI панорамски екран. Широк декоративен влошок низ контролната табла, кој се протега од инструмент таблата до страната на совозачот, создава впечаток на непрекината хоризонтална линија. За разлика од претходната верзија, контролите за климатизација ги губат своите физички копчиња и се префрлаат на екран на допир. Контролерот претходно имаше и физички копчиња. Според Aуди, ентериерот може да се конфигурира со четири избора на материјали, вклучувајќи јаглеродни влакна, Dinamica микрофибер и два вида ткаенина наречени Impressum Black и Light Crepe. Централната конзола е променета, така што преградата за телефон сега е свртена кон возачот и вклучува безжично полнење од 25 вати. Контролите користат механичко тркало во рамките на мултифункционалните контроли. Купувачите можат да изберат помеѓу два дизајни со двојни краци и волан со три краци, сплескан на горниот и долниот дел, за моделите S-line и S. Напредни системи за помош на возачот Достапните системи за помош на возачот се реорганизирани и се нудат во три пакети опрема: Tech, Tech plus и Tech pro. Интегрираниот адаптивен асистент за возење plus комбинира адаптивен темпомат со активно одржување на лентата при брзини до приближно 209 км/ч. Кај моделите со автоматски менувач, системот управува со надолжната и страничната контрола користејќи ознаки на патот, рабници и околниот сообраќај. Системот, исто така, овозможува автоматско менување на лентата на автопатите по активирање на индикаторите за насока, како и автоматско забавување на црвено семафор и продолжување на движењето кога семафорот ќе стане зелен. За прв пат, системот користи податоци од „ројот“ (податоци од ројот) за да ја прилагоди брзината на просечното темпо на сообраќај на одреден дел. Користејќи податоци од интернет, водењето во лентата може да се користи и во урбани и во рурални средини, дури и кога ознаките не се јасно видливи. Оваа функција е бесплатна во првите три години од испораката на возилото, по што може да се продолжи со надомест. Напредна помош при паркирање За маневри за паркирање, четири широкоаголни камери овозможуваат тродимензионален поглед од 360 степени на околината на возилото на екранот на MMI. Системите Park Assist plus и pro ги препознаваат паркинг местата преку камера и можат автономно да го насочуваат возилото во паралелни и нормални простори, контролирајќи го воланот, забрзувањето, сопирањето и менувањето брзини. Park Assist pro дополнително нуди функција за далечинско управување што му овозможува на возачот да го контролира паркирањето надвор од возилото преку апликација за паметен телефон. Новата функција наречена „вежбано паркирање“ овозможува складирање и автоматско повторување на до пет индивидуални маневри за паркирање, секој долг до 50 метри. Поврзаност и дигитални карактеристики Преку апликацијата, возачите можат далечински да ја проверат состојбата на возилото, вклучувајќи ја локацијата за паркирање, состојбата на бравата, прозорците и светлата, како и состојбата на километражата, нивото на горивото, притисокот во гумите, нивото на маслото и интервалите за сервисирање. Помошното греење и заклучувањето и отклучувањето може да се контролираат и преку паметен телефон. Преку програмата „Функции на барање“, одредени софтверски функции можат да се активираат со дополнителен трошок, вклучувајќи го пакетот за оптимизација на репродукцијата на звукот и функцијата за виртуелен опкружувачки звук. Верзии и погонски склопови Нема промени во асортиманот на дизајни на каросеријата и погонските склопови. Покрај Sportback и Sedan, понудата го вклучува и кросовер моделот A3 allstreet, достапен од пролетта 2024 година, кој има околу 3 см поголемо растојание од земјата и дизајнерски елементи во стил на теренско возење. Палетата на мотори вклучува бензински и дизел мотори од 115 и 150 КС. Како plug-in хибрид, A3 e-hybrid нуди вкупна системска моќност од 204 КС или 272 КС, со електричен опсег до 143 км според WLTP циклусот. Батеријата може да се полни на брз DC полнач за околу 30 минути, а максималниот капацитет за влечење е зголемен за 300 кг, на 1700 кг. Спортски перформанси S3 и RS3 Спортските S3 и RS3 доаѓаат со quattro погон на сите тркала и конвертор на вртежен момент кој варијабилно ја распределува моќноста на задната оска. S3 е напојуван од турбополнет четирицилиндричен мотор од 333 КС, додека RS3 користи турбополнет петцилиндричен мотор од 400 КС. Визуелно, спортските модели се одликуваат со специфични предни маски и сопствени дигитални потписи на дневни светла. Со Matrix LED фарови, возачите можат да изберат од четири различни дизајни на дневни светла преку MMI системот. RS3 се издвојува дополнително благодарение на широките браници.Тагови: Ауди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на протестен марш за чист воздухГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево излегува на протестен марш кој е предвидено да почне од Собранието.Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево излегува на протестен марш кој е предвидено да почне од Собранието и да заврши пред Министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на А-интергрираните дозволи... На терен е Михајло Видимлиски, кои се барања на демонстрантите? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија е единствената земја-членка која не сака да се усогласи со ЕУ за санкциите кон Русија Бугарскиот премиер Румен Радев вети дека ќе стави вето на најновите санкции на ЕУ против Русија.Бугарскиот премиер Румен Радев вети дека ќе стави вето на најновите санкции на ЕУ против Русија, бидејќи тие се насочени кон патријархот Кирил од Руската православна црква и поранешниот извршен директор на Лукоил, Вагит Алекперов. Кога ЕУ се обиде да ги вклучи патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, и поранешниот извршен директор на Лукоил, Вагит Алекперов, во својот последен пакет санкции против Русија, само една земја-членка се спротивстави: Бугарија. За време на неговиот прв состанок на Европскиот совет на 18 јуни откако стана бугарски премиер, Румен Радев рече дека неговата земја ќе стави вето на пакетот, кој вклучува 34 лица и 47 компании, освен ако двете гореспоменати лица не бидат отстранети од листата, објави Дојчевеле. Иако Радев го поддржа отворањето на преговорите за пристапување на ЕУ со Украина и се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел за да разговараат за енергетската безбедност и производството на беспилотни летала, тој исто така јавно ја бранеше улогата на Руската православна црква во бугарската историја и го опиша Алекперов како некој што инвестирал многу во единствената рафинерија за нафта во Бугарија. Заканата со вето на Радев доаѓа само девет дена откако Бугарија ја забрани испораката на државно оружје во Киев и неколку дена откако руски дрон го погоди манастирот Киев-Печерска Лавра, предизвикувајќи загриженост дека бугарската надворешна политика би можела сè повеќе да ги приоритизира домашните прашања пред единството на ЕУ во однос на Русија. Каква е врската на Бугарија со Лукоил? „Нема да дозволиме санкции што ќе им наштетат на Бугарија и на нејзината економија“, им рече премиерот Радев на бугарските новинари во Брисел во интервју на 18 јуни. Тој рече дека мерките за санкции би можеле да го нарушат снабдувањето со ѓубрива и резервни делови за софиското метро, но додаде дека негова главна загриженост е ризикот за работењето на рафинеријата за нафта на Лукоил во Бургас. Откако САД воведоа санкции врз руската компанија во 2025 година, Бугарија ја презеде контролата врз работењето на компанијата со назначување на специјален државен администратор. Како одговор, Литаско, швајцарската подружница на Лукоил и формален сопственик на неговите бугарски средства, тврдеше дека потегот е нелегална експропријација и предупреди дека може да поднесе тужба за тоа. Зошто Бугарија е против санкциите против Алекперов? Според бугарскиот министер за економија Александар Пулев, спорот би можел да ја чини Бугарија до 3 милијарди евра (3,43 милијарди долари). Иако локалните медиуми објавуваат дека сè уште нема официјална потврда за арбитражата, Радев алудираше на потенцијалниот спор, тврдејќи дека санкционирањето на основачот на Лукоил, Вагит Алекперов, кој поднесе оставка од функцијата претседател на компанијата и од одборот на директори во 2022 година, би било слично на „си пукање во нога“. Премиерот не објасни како санкциите против Алекперов би влијаеле врз работењето на Лукоил во Бугарија или зошто неговата одбрана во Брисел би влијаела на каков било потенцијален правен спор. Радев за патријархот Кирил Додека Радев се залагаше политиката да се држи подалеку од религиозните прашања, тој исто така рече дека Бугарската православна црква треба да има збор во санкциите против рускиот патријарх Кирил. Соочен со фактот дека рускиот патријарх е еден од најлојалните поддржувачи на руската агресија во Украина, бугарскиот премиер Радев одговори дека „не му е грижа за него, туку за самата Руска православна црква“. Потоа го поврза своето противење на санкциите со придонесот на Руската црква во ослободувањето на Бугарија од османлиската власт по Руско-турската војна од 1878 година, велејќи дека „ние и Русите сме едно семејство“. Патријархот Кирил избегна санкции во 2022 година откако тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан се закани дека ќе стави вето на уште еден пакет санкции на ЕУ против Русија.Тагови: Бугарија русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter