Ковачевски: Денешната средба со Таравари е продолжение на лидерската средба - Канал 5

Ковачевски: Денешната средба со Таравари е продолжение на лидерската средба

Денешната средба со Таравари е продолжение на лидерската средба со претседателите на парламентарните партии.

Ковачевски: Денешната средба со Таравари е продолжение на лидерската средба

Се што се зборува за денешната средба со в.д. претседателот на Алијанса Албанците, Арбен Таравари и за влегување на партијата во Владата, е во делот на шпекулациите, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Денешната средба со господинот Таравари е продолжување на лидерската средба, која ја имавме во текот на изминатиот период со претседателите на сите парламентарни политички партии. Планирам во наредниот период да одржам поединечни средби со сите политички партии застапени во Парламентот, со цел да продолжиме да разговараме околу одлуките кои треба да се носат за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен консензус, изјави Ковачевски во одговор на прашање по потпишувањето договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.

На средбите, додаде премиерот, ќе се разговара и за законските решенија кои треба да се носат во Собранието кои се од економски карактер, во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза во државата.

– Особено ќе стане збор за делот од законите кои се блокирани во Собранието, што најмногу се однесуваат во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза, укажа Ковачевски.

Во медиумите се појавија информации дека цел на денешната средба на Ковачевски и Таравари е за влегување на Алијанса за Албанците во Владата и дека на партијата и се нудат три министерски места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе

Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.

Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе

Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе .

Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење.

Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година.

Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам.

И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур.

Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј

Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден  белградски клуб!

Видео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни.

Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената.

Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски.

Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката.

https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed

Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пентагон објави нови снимки од НЛО?

Владата на САД објави нови снимки од неидентификувани воздушни појави, забележани од американските воени сили на Блискиот Исток. 

Видео: Пентагон објави нови снимки од НЛО?

Ова претставува осма серија документи поврзани со НЛО што Пентагон ги објави оваа година.

Најновата објава содржи 43 документи и снимки, вклучувајќи три видеа забележани во 2020, 2023 и 2026 година. Сите три снимки се направени од американски воени летала или други воени платформи на Блискиот Исток.

Снимките се направени со помош на воени камери и сензори способни да детектираат објекти врз основа на топлинско зрачење. Пентагон ги класифицира овие случаи како нерешени примери на неидентификувани аномални појави, познати под акронимот UAP.

Видеото од 2020 година трае 20 секунди, снимката од 2023 година трае 13 секунди, а онаа од 2026 година трае 54 секунди. Материјалите ѝ биле доставени на американската канцеларија за истражување на неидентификувани феномени од страна на Централната команда на САД.

Американските власти сè уште немаат утврдено што точно се гледа на објавените снимки. Нивното објавување не значи дека Пентагон го потврдил постоењето на вонземски летала или каков било вид вонземска технологија.

Американската војска го користи терминот „UAP“ за појави што не можат веднаш да се идентификуваат врз основа на достапните податоци.

Ова не значи дека станува збор за вонземски летала; туку, тоа значи дека нивното потекло сè уште не е утврдено. Некои од овие појави подоцна можат да се објаснат како летала, беспилотни летала, балони, атмосферски појави или грешки во сензорите. Во други случаи, нема доволно податоци за сигурно да се утврди причината.

Американските власти продолжуваат со постепено отворање на своите архиви кои се однесуваат на неидентификувани појави. Според Пентагон, се подготвуваат нови групи документи за јавно објавување, кои чекаат процес на проверка и отстранување на нивниот доверлив статус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер