Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
1Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаКовачевски: Цените на храната растат, зошто не се применува Законот за нефер трговски практики?Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за економија Бесар Дурмиши кои се однесуваа на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики.Тој посочи дека и покрај донесениот закон, цените на храната бележат двоцифрен раст, а на терен се забележуваат сериозни отстапувања и драстични разлики во цените на идентични производи. Ковачевски побара конкретни мерки со утврден рок за доследна примена на законот, како и одговор дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е кадровски и технички екипирана за да се справи со нефер трговските практики на големите супермаркети. Според него, без ефективна контрола, законот останува само формална алатка, додека товарот од зголемените цени го плаќаат граѓаните. Во продолжение, интегрален текст од прашањето: Почитувани колеги, почитуван претседател на Владата, почитувани членови на Владата, прашањето е до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, а се однесува на примената и ефектите од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, закон кој беше донесен во 2024 година со цел да спречи злоупотреба на пазарната моќ во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, да обезбеди фер услови за добавувачите и да спречи злоупотреба на пазарната моќ во синџирот на снабдување со овие производи. Овој закон во неколку наврати беше оценет како потребен и целисходен од страна на сите присутни во Собранието и за него во неколку наврати и од различни аспекти се дискутираше афирмативно од страна на сите пратенички групи во оваа собраниска сала. За да биде појасно за јавноста, согласно овој закон кој е усогласен со европските директиви и кој во иста или слична форма се применува во голем број развиени западноевропски држави, нефер трговски практики се договорни одредби и деловни практики кои еднострано се наметнуваат од купувачот кон добавувачот во врска со продажбата на земјоделските и прехранбените производи, спротивно на принципот на добра волја и чесност. Да биде уште појасно, законот се однесува на практиките на големите трговски ланци, односно супермаркети, во кои граѓаните секојдневно ги купуваат своите неопходни животни намирници, прехранбени производи, производи за широка потрошувачка. Согласно одредбите наведени во законот, меѓу другите одредби како нефер трговски практики се наведени случаите кога трговскиот малопродажен ланец, колоквијално или народски кажано супермаркет или ланец на супермаркети, бара надомест за внесување нов земјоделски и прехранбен производ во продажната мрежа и за проширување на продажната мрежа на купувачот, бара надомест за уредување нови и преуредување на постојните продажни места на купувачот, како и и проширување на капацитетот за складирање кај купувачот, бара од добавувачот да се договорат фиктивни услуги кои нема да се извршат, а за кои единствена причина е одложување на рокот за плаќање кој веќе е договорен. Бара надомест од добавувачот за склучување на самиот договор, бара од добавувачите да не продаваат земјоделски и прехранбени производи на други купувачи по пониски цени, бара надомест од добавувачот поради намалена продажба кај купувачот, бара надомест од добавувачот за маркетинг-истражување на пазарот, ги враќа на добавувачот непродадените земјоделски и прехранбени производи кои се испорачани без да плати, бара надомест од добавувачот за прикажување или ставање на производите на полиците на продажното место на купувачот, бара од добавувачот во целост или делумно да ги сноси трошоците за попусти на производите кои се продаваат како дел од промоција, бара добавувачот да плати за рекламирање на производите кои тој ги рекламира, бара добавувачот да плати за маркетинг на производите кои тој ги спроведува и бара надомест од добавувачот за маркетинг-трошоци за персоналот. Сите овие практики значат зголемување на трошоците на добавувачите, зголемување на малопродажната цена на прехранбените производи, зголемување на апсолутниот износ на малопродажната маржа. На ваков начин зголемената цена на прехранбените производи и на крајот сево ова го плаќаат крајните купувачи, односно граѓаните на Македонија. Дополнителен негативен ефект е што со тоа се демотивираат домашните производители на храна и сè повеќе на рафтовите гледаме увезени производи, што се гледа од зголемениот увоз на храна од година во година. На таков начин граѓаните плаќаат двојно , повисоки цени на прехранбени производи од увоз и субвенции преку Буџетот во износ од четврт милијарда евра на производителите на земјоделски и прехранбени производи. Надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон врши Комисијата за заштита на конкуренцијата, која треба да ја контролира примената на одредбите од овој закон и истовремено да изрекува прекршочни казни. Како Комисијата ја извршува оваа функција? Преку проверка на договорите за снабдување помеѓу добавувачот и купувачот, кои мора да бидат склучени во писмена форма со одредби и услови кои се неопходни за регулирање на деловниот однос помеѓу договорувачот и купувачот. Но постои уште една посложена активност која стои на располагање на Комисијата, а во услови кога договорите се согласно закон во најголем број случаи, но сепак на терен се забележуваат нефер трговски практики. Доколку постои основано сомнение дека е определен прекршок за нефер практики, Комисијата може да му наложи на тоа претпријатие да им овозможи непречено да влезат во неговите деловни простории, да им овозможи непречено да ги испитуваат книгите или друга документација која има значење за утврдување на постоење прекршок или да овозможи непречено да земаат или задржат во која било форма копии или извадоци од тие книги или документација. За ова, за разлика од проверката на договорите, Комисијата треба да располага со соодветни човечки и технички капацитети. Сепак, две години по стапувањето на законот во сила, вклучително и периодот на прилагодување, на терен се забележуваат сериозни отстапувања. Според Државниот завод за статистика, во 2024–2025 година цените на храната бележат двоцифрен пораст, при што индексот на трошоци на живот во делот храна и безалкохолни пијалаци во одредени месеци надминуваше 10% на годишно ниво. Ова се гледа од зголемената висина на потрошувачката кошница, која надмина 1.000 евра месечно по семејство. Истовремено, домашните производители укажуваат на притисоци врз откупните цени и дополнителни трошоци. Особено загрижува фактот што идентичен производ од ист производител со иста грамажа и декларација во различни трговски ланци се продава со ценовна разлика што достигнува и до 50%. Бевме сведоци дека имаше дополнителна акција од страна на државните институции за објавување на цените на супермаркетите, која заврши без успех, со оглед на тоа дека на веб-страниците осамнаа ПДФ-фајлови во кои буквално ниеден граѓанин не можеше да се снајде или да направи каква било проверка и споредба. Исто така, јавноста сè уште нема податоци за бројот на спроведени инспекциски контроли, поведени постапки и изречени санкции, освен едно санкционирано здружување, што дополнително ја доведе во прашање ефикасноста на примената на законот. Ваквите резултати отвораат оправдано прашање за недоволната контрола на трговските маржини, нефер практики и отсуство на ефективен надзор согласно законот. Моите прашања се многу конкретни и не се однесуваат на тоа дали ќе се менува законот во делот на зголемување на казните, како што министерот најави пред неколку дена, бидејќи за да се пропише казна, колку и да е таа висока, прво треба да има ефективна контрола. Прашањето не се однесува на општата или на базичната инфлација на цените, туку конкретно на законот кој ги регулира прехранбените и земјоделските производи, нивната трговија и соодветно цените кои во најголем дел го сочинуваат буџетот на граѓаните. Оттука прашувам кои конкретни мерки со утврден рок ќе ги преземе Владата за да обезбеди доследна примена на Законот за нефер трговски практики и да спречи неоправдани и драстични ценовни разлики на идентични производи на пазарот и зголемување на цените на малопродажбата која на крај ја плаќаат граѓаните? Дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е кадровски и технички екипирана за ефикасно извршување на оваа своја законска функција? Дали има вработени кои поседуваат искуство и знаење за спроведување на законот, односно дали во Комисијата за заштита на конкуренцијата се ангажирани соодветни кадри организирани согласно принципите на стручност, ефикасност и ефективност во работењето, кои ќе можат да се носат со идентификување на трговски практики кои ги прават големите ланци на супермаркети, а кои за тоа вработуваат обучен кадар чија основна работа е зголемување на продажбата и зголемување на профитот во интерес на нивниот работодавец?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“. Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани. Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот. Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција. Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата. Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра. Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О. 🇵🇱 ❗️@PolskaPolicja weszła do mieszkania zamachowca. Materiał z działań funkcjonariuszy pojawił się na profilu FB Radia Ostrowiec. https://t.co/QpfMPmUH2m — WarNewsPL (@WarNewsPL1) November 7, 2026 Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж. Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат. Се истражува можен екстремистички мотив Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот. Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник. Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин. Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда. Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот. Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“ Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица. „Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск. Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет. Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија. Полска официјално прогласи дводневна национална жалост Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков. Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter