Ковачевски-Бесими: Буџетот за 2024 е развоен, целосно се обезбедени повисоките пензии и плати - Канал 5

Ковачевски-Бесими: Буџетот за 2024 е развоен, целосно се обезбедени повисоките пензии и плати

Владата денеска на редовната седница, на предлог на Министерството за финансии, го усвои Предлог-буџетот за 2024 година. 

Ковачевски-Бесими: Буџетот за 2024 е развоен, целосно се обезбедени повисоките пензии и плати

Цели на буџетот за следната година се да обезбеди забрзување на економскиот раст, да осигура фискална одржливост и да овозможи редовна исплата на сите обврски, вклучително и повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на претпријатијата и земјоделците , како и граѓаните. Предлог-буџетот, кој Владата ќе го достави до Собранието, на конференција за печат, на јавноста и го претставија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Буџетот за 2024 година ќе биде столб на економското заздравување, а понатаму и на забрзување на растот. Тој ќе обезбеди фискална одржливост преку понатамошно спроведување на процесот на фискална консолидација. Буџетот ќе биде добра основа за зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување на странски инвестиции, иновативност на домашните компании, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, како и интензивирање на конвергенција на Македонија кон ЕУ. Исто така, тој ќе овозможи редовно и непречено извршување на сите законски обврски, вклучително и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО и непречено спроведување на изборните активности“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека Буџетот трета година по ред се планира во услови на изразена неизвесност, надворешни ризици и неповолни трендови во глобалната економија и дека Предлог-буџетот за 2024 година е одговор на потребите и состојбата во која се наоѓа македонската економија. Во 2024 година се очекува раст на економијата од 3,4% во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка, додека стапката на инфлација се очекува да се стабилизира и е проектирана на 3,6%.

Вкупните приходи на Буџетот на Македонија за 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари (31,6% од БДП) и истите се за 10% повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари (35% од БДП) или за 5,8% повисоко во однос на 2023 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит на ниво од 3,4% од планираниот БДП или во апсолутен износ од 33,5 милијарди денари. Планираниот дефицит е во согласност со определбата за фискална консолидација, пропратена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден фискален простор за поддршка на домашната економија и граѓаните и реализацијата на инфраструктурните проекти.

Министерот за финансии Бесими подвлече дека вака структуриран буџетот, со едновремено намалување на расходната страна и подобрување на наплатата на давачките на приходната страна, ја одразува заложбата на Владата за фискална консолидација, односно намалување на дефицитот.

„Предлог-буџетот ги има сите карактеристики едновремено да го поддржи развојот, но и да обезбеди фискална одржливост, што е од големо значење за економија во развој како нашата. Развој и одржливост - тоа се двата клучни збора кои го опишуваат буџетот за 2024 година. Буџетот за 2024 година е развоен, поради продолжувањето на инвестициите во инфраструктурата, односно најголемиот инфраструктурен циклус во историјата на нашата држава. Буџетот е одржлив, бидејќи и покрај силната инфраструктурна компонента и надворешните предизвици, продолжуваме со фискалната консолидација, односно го намалуваме и понатаму буџетскиот дефицит на 3,4% (скоро една третина во однос на оваа година кој изнесува 4,8%)“, потенцира Бесими.

Тој додаде дека за реализација на планираниот инвестициски циклус во Буџетот преку капитални расходи се планирани 45,1 милијарда денари за инвестиции во веќе започнатите инфраструктурни проекти, како патна и железничка, енергетска и комунална инфраструктура, во здравството, образованието, социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштита на животната средина и правосудството.

На прес-конференцијата беше истакнато дека со Предлог-буџетот за 2024 година се продолжува воспоставената пракса за почитување на златното правило во јавните финансии, односно дефицитот да е помал од капиталните расходи и се обезбедуваат и средства за системски воспоставените механизми за понатамошно зголемување на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор, зголемување на пензиите и повеќе средства за општините.

„Само за исплата на зголемените плати во овој Предлог-буџет се обезбедени дополнителни 160 милиони евра, дополнителни 170 милиони евра за спроведување на системското решение за исплата на зголемените пензии, а истовремено имаме номинално понизок дефицит во однос на оваа година за 150 милиони евра, тоа се средства со кои се прави заштеда и значи помало задолжување“, рече министерот Бесими.

Со Предлог-буџетот за 2024 година за тековните расходи се планирани 298,6 милијарди денари, со кои се обезбедува редовна исплата на плати на вработените во јавниот сектор и нивно усогласување со Општиот колективен договор, навремена и редовна исплата на пензии и нивно усогласување согласно системското решение, гарантиран минимален приход и останати социјални права, исплата на субвенции во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, поддршка и субвенционирање на иновативните активности, како и алоцирање на средства за таргетирана поддршка на ранливи категории на граѓани и стопанството. За трансфери и субвенции се планирани 215,2 милијарди денари, кои се за околу 5% повеќе во однос на 2023 година. За исплата на пензии согласно новата утврдена методологија, се планирани 83,6 милијарди денари. За исплата на надоместоци за социјална заштита 13,5 милијарди денари. Дополнителни 1,5 милијарди денари се за таргетирани мерки за најранливите категории на граѓани. За активни мерки и политики за вработување 2 милијарди денари.

За здравствена заштита се предвидени 45,7 милијарди денари со кои ќе се финансираат здравствените услуги, исплата на обврски на јавните здравствени установи, програмите за лекови, меѓу кои и за лекот за цистична фиброза - Трикафта, како и обезбедување средства за зголемени плати за сите вработени во јавното здравство согласно Општиот колективен договор.

Предвидени се средства за исплатата на земјоделски субвенции, субвенции за поддршка на мали и средни претпријатија, зголемување на конкурентноста, иновативна дејност, технолошки развој и истражување, нови инвестициски вложувања, поддршка на извозот и освојување на нови пазари, поддршка за создавање на нови вработувања и слично.

Со Буџетот за 2024 година се обезбедуваат и повеќе средства за трансфери до единиците на локалната самоуправа во износ од 29,7 милијарди денари. Општините ќе добијат 787 милиони денари односно 15,5% повеќе средства врз основа на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ кои се распределуваат на општините од 4,5% на 6% од наплатениот ДДВ во претходната година. Дополнителното зголемување од 2,5 милијарди денари е обезбедено за финансирање на зголемените плати на вработените во институциите на локално ниво, соопштуваат од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. 

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си.

Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати.

Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост.

По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката.

Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS).

Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен.

„Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП.

Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат.

Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината.

Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. 

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“.

Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина.

Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење.

„На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“.

Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави.

Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација.

Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред.

Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците.

Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето.

„Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата.

Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. 

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса.

Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“.

Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро.

Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил.

Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште.

Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил.

Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот.

Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега.

„Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот.

Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената.

„Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот.

Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло.

До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер