Ковачев: Никој не го оспорува правото на самоопределување

Бурата реакции во Бугарија не престанува по изјавите на премиерот Заев за македонскиот јазик.

По бранувањата во јавноста на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов за македонско-бугарските односи каде тој најде забелешки на договорот од Преспа и договорот за добрососедство и бара да се осветиме и да бидеме нормален народ, како што рече добри Бугари на фејсбук статус се огласи и бугарскиот европратеник Анреј Ковачев кој напиша дека на Македонија местото и е во НАТО, и оти договорот со Бугарија треба да се почитува.

И тој како Кракачанов не изостана да напише за толкувањето на историските бугарски факти.Тој за канал 5 изјави дека Македонија и Бугарија треба да бидат како Грција и Кипар и дека треба да се престане со интерпретација на историјата, туку да се користат историските извори

„Ние го почитуваме секој човек кој се самоопределува и тоа основно човеково право, за да се самопоредели како сака така ако е Македонец тоа е негово право и јас нема што да не го почитувам“ .

-За мене Македонија и Бугарија и македонија треба да бидат нешто како Грција и Кипар , секогаш заедно да си помагаат.

Ковалев уште еднаш повтори дека треба да се почитуваат историските факти дека Глигор Прличев се изјаснувал како Бугарин или дека се пронајдени арте факти кои откриваат дека Самуил бил бугарски цар

Охрабрувачки пораки доаѓаат од грчкиот европратеник од Сириза, Стелиоз Кулоглу, кој во разговор за МИА рекол дека нема сомнеж дека Преспанскиот дговор ќе помине во Грција и смета дека истиот треба да добие меѓународно признание, кaко што е Нобеловата награда за мир.

„Доколку зборувaте со некого во Европскиот парламент, од Левица или Десница, ќе ви го кажат истото. Дека Договорот е фундаментален за стабилноста и мирот на Западен Балкан и многу да придонесе за стабилноста на цела Европа“.

Европратеникот вели дека е обезбедено апсолутно мнозинство во Грчкиот парламент, и покрај ставовите на лидерот Каменос.

Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот

Израелците денеска одржаа двеминутно молчење за жртвите на Холокаустот, 80 години по убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во Европа и Северна Африка.

Сирените се огласија низ Израел точно во 10 часот по локално време за комеморацијата на загинатите Евреи во Втората светска војна.

Пешаците и возилата запреа на улиците и главните автопати, а возачите и патниците излегоа со наведнати глави, јавија израелските медиуми.

По двеминутно молчење, почна церемонијата во Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим по повод Денот на сеќавањето на жртвите.

Синоќа во Јад Вашем, на почетокот на одбележувањето на Денот на сеќавање на холокаустот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денес, како и тогаш, пред осум децении, доколку Евреите бидат принудени сами да се спротивстават на непријателот, Израел ќе го направи тоа.

- Пред осумдесет години во холокаустот, еврејскиот народ беше целосно беспомошен против оние кои тежнееја кон наше уништување. Ниту една земја не дојде да ни помогне. Денес повторно се соочуваме со непријател кој сака да не уништи, рече израелскиот лидер, алудирајќи на меѓународно спротивставување на воената операција во Рафа во Газа, закани со потерници од Меѓународниот кривичен суд во Хаг и критики за однесувањето на израелската армија во борбите на палестинската територија.

Нетанјаху рече дека нема притисок, одлука, меѓународен форум што ќе го спречи Израел да се брани. Тој го отфрли меѓународниот притисок да се запре војната во Газа.

- Како премиер на Израел, една и единствена еврејска држава, ветувам овде од Ерусалим на Денот на сеќавањето на холокаустот, ако Израел биде принуден да стои сам, Израел ќе застане сам, рече израелскиот премиер и оцени дека Израел не е сам затоа што безброј достојни луѓе ширум светот ја поддржуваат каузата на земјата.

Тој го спомена и американскиот претседател Џозеф Бајден, велејќи дека американскиот лидер е посветен на одговорноста научена од холокаустот.

- На Денот на сеќавањето на Холокаустот, жалиме за шесте милиони Евреи кои беа убиени во едно од најтемните поглавја во човечката историја, објави Бајден на X, додавајќи дека ја повторува својата посветеност на лекциите од Холокаустот и ветувањето за „никогаш повторно“.

Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против

 Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин

Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано.

Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

Хамас навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот

Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф Ал-Кану изјави за Франс Прес дека неговата организација ќе продолжи со преговорите за постигнување договор „кој обезбедува неодреден прекин на огнот“, пренесува Бета.

Палестинската исламистичка милитантна организација Хамас денеска навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, иако Израел побара да се евакуираат жителите од источните населби на градот Рафа на југот на територијата пред можна воена операција.

Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф Ал-Кану изјави за Франс Прес дека неговата организација ќе продолжи со преговорите за постигнување договор „кој обезбедува неодреден прекин на огнот“, пренесува Бета.

Израелската армија денеска им нареди на жителите да евакуираат неколку населби во источниот дел на Рафа, предупредувајќи дека војниците се подготвуваат за воена операција.

Египет, Катар и САД веќе неколку месеци се обидуваат да придонесат за воспоставување примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, првенствено со цел пауза во борбите и ослободување на Палестинците од израелските затвори во замена за израелските заложници киднапирани од палестинските екстремисти во терористичките напади во јужен Израел во октомври.

Индиректните разговори во Каиро вчера завршија без напредок.

Хамас бара договорот за прекин на огнот да обезбеди крај на израелската офанзива во Појасот Газа, на која Израел се противи, тврдејќи дека сака да го уништи Хамас.

Египетската телевизија Ал Кахера њуз, повикувајќи се на добро информиран извор, денеска јави дека вчерашниот смртоносен напад на Хамас на граничниот премин Керем Шалом од Израел кон Газа предизвикал ќорсокак во преговорите за примирје. Хамас и Владата на Израел меѓусебно се обвинуваат за недостиг на напредок во преговорите.

Во меѓувреме, египетските преговарачи ги засилија напорите да се запре ескалацијата на насилството, рекол изворот.

Израелските медиуми јавуваат дека четворица војници загинале во ракетниот напад на Хамас во близина на преминот преку кој минувале илјадници камиони со хуманитарна помош за Газа.

Игнорирајќи ги меѓународните повици за воздржаност, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано повторува дека планира да почне голема копнена офанзива во Рафа, каде што тврди дека се кријат последните баталјони на Хамас.

притисни ентер