3Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаКостовски: Поставуваме нови стандарди со тим кој ќе донесе нови проекти за БутелГо сакам Бутел! Ова е мојот, нашиот дом!Дозволете најнапред да ви се заблагодарам на вас граѓаните на општина Бутел кои во изминативе 4 години, несебично и безрезервно ме поддржувавте, благодарам за секоја идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика. Свесен сум дека не направивме сѐ, но исто така сум свесен дека поставуваме нови стандарди како се управува општината и како се реализираат капитални проектите кои се ветувани со децении наназад! Предизвиците се големи, но ќе истраеме се додека не успееме! Нашите проекти се големи, а нашите цели достижни. Ќе градиме и создаваме уште повеќе! Имаме кандидати за советници кои се почитувани во своите населени места но и докажани професионалци. Тим кој со сигурност ќе донесе многу нови проекти за општина Бутел и во наредниот период. Носител на оваа победничка листа е д-р Никола Божиновски. Сега има разлика, но за 4 години општина Бутел ќе биде најубавата општина во градот Скопје. Мојата 8 годишна визија е плод на љубов, работа и искреност! Овие 4 години се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел. Изминаа 4 години на кои сум особено горд, 4 години во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна општина Бутел. Но, тука не застануваме! И наредните 4 години ќе бидат исполнете со уште повеќе работа! Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани. Продолжуваме со уште посилно темпо! За модерна, урбана и европска Општина Бутел!, рече градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаНаучниците од Германија, САД и Канада работат заедно за да направат стакленици за зеленчук на Месечината Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA).Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA), кој треба да обезбеди свежа храна за астронаутите за време на долгите мисии во иднина. Проектот, наречен „Лунарен земјоделски модул - демонстратор за тестирање на земја“ (LAM-GTD), има за цел да развие контролиран систем за одгледување растенија во услови без атмосфера погодна за живеење, плодна почва и лесно достапна вода, со големи температурни флуктуации и изложеност на космичко зрачење, објавува Euronews. Планирано е стаклена градина да биде поврзана со симулираниот животен и работен простор на астронаутите, за да можат истражувачите да ги испитаат можностите за меѓусебно снабдување и функционирање на двата система. Првиот демонстративен модел ќе биде изграден на Земјата, а трите партнерски институции треба да одлучат за неговата евентуална изградба на Месечината најдоцна до 2032 година. NASA веќе спроведе бројни експерименти за одгледување растенија на Меѓународната вселенска станица (ISS), каде што, меѓу другото, се одгледуваат зелена салата, кинеска зелка и чили пиперки. Новиот проект е чекор кон развој на поголеми и посложени системи што би можеле да обезбедат храна за цели екипи. Германскиот центар DLR го носи во проектот искуството стекнато преку претходниот проект EDEN ISS, во чии рамки на Антарктикот работеше специјално дизајнирана стаклена градина од 2018 до 2023 година. Во екстремни услови, без почва и природна сончева светлина, со помош на LED осветлување, хранливи раствори и систем за наводнување, истражувачите произведоа околу еден тон свеж зеленчук, вклучувајќи зелена салата, домати, краставици, ротквици и јагоди. Истражувачите истакнуваат дека технологиите развиени за одгледување храна на Месечината би можеле да имаат примена и на Земјата, особено во сушните области и регионите со ограничени резерви на вода. Контролираните системи за одгледување би можеле да овозможат поефикасно користење на водата, енергијата и просторот, како и да ја намалат употребата на пестициди.Тагови: зеленчук месечината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34