Од здружението обвинуваат државата не води статистика, судските постпаки за овие случаи се влечат со години, работодавачите не доволно се казнуваат.
„Оваа година броиме дека најмногу има загинато во градежниот сектор, но трендот на гинење на работни места се уште го држи земјоделството. Или поточно местата каде самите работници имаат најмалку пристап до создавањето на таа превентивна култура, во смисла на обуки, во смисла на лични заштитни средства, во смисла на побезбедни алатки уреди со кој работат.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.
Според статистиката која ја води здруженитето иако е значително намален бројот на несреќи кои имаат фатален крај на работното место, бројот на повредени работници е висок, според нив доколку законот не е само на хартија, и овие повреди може значително да се намалат. Велат клучот лежи во казнивоста на работотдавачите кои мора да разберат дека луѓето не се само бројка.
„Доколку видиме лична одговорност кон еден кој не го почитува законот, кој што ќе биде казнет за пример на сите останати тогаш ќе дојдеме до ситуација дека свеста кај сите останати кои се обидуваат да делуваат како да ќе поминат без последица тогаш мислам дека ќе се промени. Вториот начин е кога веќе имаме несреќа на работните места задолжително мора да дојдеме во ситуација да ги разбереме механизмите кои довеле до повреда. Не може вака да поминуваат несреќи, по несреќи, по несреќи за на крајот тоа да биде само пуста статистичка бројка.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.
Мината година повеќе од 2илјади работници се здобиле со сериозни повреди на своите работни места. Пред неколку дена по повод меѓународниот ден, надлежните институции во земјава посочија дека голем дел од несреќите при работа се последица на недоволното и несоодветно превземање на превентивни и заштитни мерки неопходни за заштита на здравјето и животот на рабтониците.