Костнер: Поранешната сопруга ми бара 248.000 долари алиментација за пластични операции - Канал 5

Костнер: Поранешната сопруга ми бара 248.000 долари алиментација за пластични операции

Актерот Кевин Костнер (68) тврди дека неговата 19 години помлада сопруга Кристин Баумгартнер (49), со која има три деца, бара алиментација од 248.000 долари месечно за да ги финансира нејзините пластични операции.

Костнер: Поранешната сопруга ми бара 248.000 долари алиментација за пластични операции

Двојката неодамна објави дека се разделува.

Во новите судски документи до кои дојде ТМЗ, Костнер тврди дека 248.000 долари вклучуваат повеќе од 100.000 долари за естетска хирургија за Баумгартнер, како и илјадници долари во бутик за облека и други трошоци кои не се поврзани со нивните деца.

Сметководителот на Костнер вели дека ова се еднократни трошоци кои немаат никаква врска со издршката на децата. Во документите се тврди дека Костнер ги платил сите трошоци за децата и ќе продолжи да ги плаќа, нагласувајќи дека смета дека 51.940 долари месечно е разумна сума.

Да потсетиме, Баумгартнер како причина за алиментација од 248.000 долари месечно навела дека ѝ требаат толку многу пари за таа и нивните тројца тинејџери Кејден (16), Хејс (14) и Грејс (13) да живеат како што биле навикнати.

Таа нагласи дека тоа ќе им биде „едвај доволно“ и откри колку семејството потрошило досега. „Патувавме низ светот со приватни авиони и престојувавме во луксузни хотели и вили“, рече таа, истакнувајќи дека тие потрошиле речиси 26.000 долари за чамци, 22.000 долари за спа услуги и 542.000 долари за градинари.

Кевин Костнер поднел судски документи со кои бара неговата сопруга Кристин Баумгартнер да го напушти неговиот дом во согласност со предбрачниот договор.

Тој во судските документи навел дека е единствен сопственик на трите семејни домови, а според предбрачниот договор што го потпишале кога се венчале во 2004 година, Баумгартнер се согласила да ги напуштат домовите во случај да се разведат.

Откако Баумгартнер поднесе барање за развод на 1 мај, таа имаше 30 дена да се исели од куќата, но одбива да го стори тоа, објави TMZ по прегледувањето на правните документи.

Оскаровецот откри и дека на сопругата веќе ѝ обезбедил 1,45 милиони долари со предбрачниот договор, но дека е подготвен да плати повеќе пари доколку тоа ѝ помогне да го напушти неговиот дом.

Потсетуваме, ова му е втор брак на актерот. Од 1978 до 1994 година беше во брак со актерката Синди Силва (66), со која има и три деца: Ени (39), Лили (36) и Џо (35). Почна да излегува со Баумгартнер во 2000 година, а се венчаа во Аспен, Колорадо во 2004 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Херојски потег: Возач на автобус спаси 35 деца од ужасен пожар во возилото (ВИДЕО)

Огромни пламени го зафатија автобусот на Мерцедес, а пожарникарите не беа во можност да го спасат возилото.

Херојски потег: Возач на автобус спаси 35 деца од ужасен пожар во возилото (ВИДЕО)

Сепак, вистинскиот херој стоеше настрана - возачот на автобусот успеа навреме да ги извлече сите 35 ученици од основно и средно училиште од возилото, пишува Bild.de.

Автобусот се движел по Индустриштрасе во Хиршшајд, во округот Бамберг, во германската сојузна покраина Баварија, околу 7:20 часот утрово.

„Децата на задниот дел од автобусот одеднаш почувствуваа мирис на чад. Веднаш го известија возачот“, изјави портпаролот на полицијата Александар Крап (49) за германскиот весник Bild.

Како што додаде, возачот реагирал брзо, го запрел автобусот, ги отворил вратите и им помогнал на сите деца да излезат од возилото.

Сите 35 ученици спасени од запалениот автобус

Само неколку моменти подоцна, пламенот почнал да избувнува од задниот дел на автобусот, а потоа брзо се проширил на целото возило. Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, автобусот на Мерцедес веќе бил целосно зафатен од пламен. Пожарникарите дозволиле возилото да изгори на контролиран начин.

Материјалната штета е проценета на околу 20.000 евра.

Децата биле однесени во училница во блиското основно училиште, каде што биле прегледани од лекар од итната помош.

„За среќа, ниту едно од 35-те деца не е повредено“, заклучи портпаролот на полицијата Кр ап.

Истрагата за причината за пожарот е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан позира на Филипините во фустан направен од јажиња (ФОТО)

Ким Кардашијан сподели серија фотографии на Инстаграм од нејзиното патување на Филипините, каде што замина пред својот 46-ти роденден, кој ќе го прослави следната недела.

Ким Кардашијан позира на Филипините во фустан направен од јажиња (ФОТО)

На сликите, кои таа ги опиша како „роденденска авантура“, се гледа како ужива во зајдисонце, романтична вечера, огномет и нуркање.

Една објава особено привлекува внимание: на неа таа носи фустан направен целосно од јажиња што ѝ ги покриваат градите. Ова е само една од неколкуте провокативни комбинации што таа ги сподели со своите следбеници.

Моменти поминати со нејзиното момче

На некои од фотографиите од Филипините, таа е во друштво на своето момче, возачот во Формула 1, Луис Хамилтон. Парот беше заедно и минатата недела во Сингапур, каде што Кардашијан го бодреше Хамилтон на една трка. Таа беше фотографирана облечена во полупроѕирен розов фустан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Италија: Учениците и студентите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Антивладините протести на студенти и средношколци продолжија во голем број градови низ Италија, а за време на демонстрациите избувнаа неколку инциденти во кои незадоволните демонстранти се судрија со полицијата.

Хаос во Италија: Учениците и студентите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Средношколци и студенти, кои бараат државата да издвои повеќе средства за училиштата и универзитетите, фрлаа камења, јајца и ракети кон полицијата во Торино, јавува агенцијата ANSA.

Безбедносните сили активираа водни топови и солзавец, додека од градскиот плоштад одекнуваа скандирања „Сите ја мразат полицијата“. Полицијата ги потисна демонстрантите додека тие извикуваа слогани како „Пари за училишта, а не за војна“ и „Помалку оружје, повеќе права“.

Објавени се и снимки на кои се гледа како демонстрантите фрлаат огномет кон зградата на Министерството за образование во Рим. Знамињата на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел беа запалени за време на студентскиот протест во тој град.

Меѓу демонстрантите во Рим, беа видени и демонстранти со качулки на главите, јавува агенцијата Adnkronos.

Почнувајќи од Пјаца дел Ескилино, студентите кои маршираа низ Рим за протестот „Ден без Мелони“ стигнаа до Виале Трастевере, каде што се наоѓа Министерството за образование, меѓу петарди, димни бомби и сирени. Студентите пееја и извикуваа „Валдитара, отвори ги вратите!“, според Аднкронос.

Протестниот марш во Болоња, во кој учествуваа околу илјада студенти, беше организиран на булеварите, со блокиран сообраќај на неколку места, а во близина на железничката станица, учесниците на протестот беа запрени од безбедносните сили во опрема за немири, објави италијанскиот јавен сервис РАИ.

Студентите запалија димни бомби и фрлаа шишиња, по што дојде до краток судир кога полицајците ги потиснаа со штитови.

По завршувањето на студентскиот протест во Милано, учесниците ја окупираа поранешната мртовечница на многу прометната Виа Франческо Сфорца, зад Државниот универзитет.

Во Верона утрово, група бунтовни ученици запалија контејнери на улица до стручно училиште, а 10 студенти беа испрашувани за инцидентот. Околу 2.000 студенти се собраа во Фиренца на протест, развевајќи голем транспарент на кој пишуваше „Ако ни ја одземете иднината, ќе ви ја блокираме сегашноста“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер