Костелиќ најдобар на слаломот во Крањска Гора, Хиршер до малиот глобус - Канал 5

Костелиќ најдобар на слаломот во Крањска Гора, Хиршер до малиот глобус

Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ е победник на претпоследниот слалом од Светскиот куп возен денеска во Крањска Гора, слалом на кој Австриецот Хиршер го обезбеди Кристалниот глобус во оваа дисциплина.

Костелиќ најдобар на слаломот во Крањска Гора, Хиршер до малиот глобус

Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ е победник на претпоследниот слалом од Светскиот куп возен денеска во Крањска Гора, слалом на кој Австриецот Хиршер го обезбеди Кристалниот глобус во оваа дисциплина.

Искусниот Костелиќ до вториот триумф сезонава во Светскиот куп, а 26 во кариерата стигна со вкупно време по двете возења од 1-45-81 минута.

Второ време по двете возења имаше Австриецот Марсел Хиршер ,со второто место во Крањска Гора Хиршер го осигури Кристалниот глобус за најдобриот во слалом во Светскиот куп.
Одличниот ден за Австријците во Крањска Гора го комплетираше Марио Мат со освојување на третата позиција.

Поради лошите временски услови во текот на првата трка многу скијачи не успеаја да стигнат до целта.
Хиршер со денешното второ место втора година во низа е најдобриот светски слаломист и освојувач на малиот Кристален Глобусќ

Австрискиот на една трка пред крајот има недостижни 880 бодови во редоследот во слалом, на втората позиција е Германецот феликс Нојројтер со 616 бода.

Марсел Хиршер е блиску и до големиот Кристален Глобус,извонредниот Австриец е лидер во генералниот пласман со 1375 бода , пред Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со заостаток од 149 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули, инфлација во однос на јуни 0,1 %

Инфлацијата продолжува да стивнинува.. во Јули измерен е просечен раст на трошоците за живот од 2,3 % во однос на истито месец лани– што преставува најниско ниво од почетокот на годинава, кај индексот на цени на мало пак е завбележано зголемување од

ДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули,  инфлација во однос на јуни 0,1 %

Споредбено со претходниот месец, инфлацијата во јули е 0,1%, а според статистичарите растот на трошоците на живот на месечно ниво главно се должи на повисоки цени за транспорт и тоа за 4,4%, зголемени трошоци за рекреација, спорт и култура за 2,6%, домување 0,9%, ресторани и сместување 0,7%, образование 0,3%, алкохолни пијалаци 0,1%...

Граѓаните кои ги анкетиравме велат клучот лежи во домашното производство, со сегашните примања и според нив високите цени тешко се преживува. Инаку на пазарите кило домати се продава по цени од 50 па до 90 денари, околу 70 денари се кило пиперки и грозјето, лубеница може да се најде и за 10 денари кило...

„За добриот и богат човек цените не прават проблем. А за оние што се со потенок џеб богами цените се скапи... Пензионерите ние по 20, 21 илјада пензија ако нема со нас некој да ни помогне цените се многу големи.“

„Малку скапо. Со овие примања тешко се е...“

„Скапо, не скапо, мора да се ајде. Со мерки не него инвестиција во земјоделието министерството за земјоделие треба да биде број еден.“

Од министерството за економија велат податоците на статиска покажаа дека ценовните движења остануваат стабилни без значителни шокови на пазарот, во моментов нема основ но доколку состојбата се промени и има неоправдани ценовни скокови како Влада сооодветно ќе реагираат. А на социјланите мрежи се огалси и министерката за финанисии, Кочоска вели денешните бројки се уште една потврда за добрите економски политики на Владата...

„Забавување на растот на ценит ее забележано и на месечно ниво кај речиси сите категории, со исклучок на транспортот. Покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат и извозот, индустриското производство и вработеноста, што укажува дека економските политики даваат резултати. Тоа се потврдува и со растот на даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули.“ - Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии.

Примањата остануваат ниски, граѓаните едвај преживуваат реагираа и денеска од опозициската СДСМ. Според партијата секој пат кога од Владата ќе кажаеле дека цените се намалуваат граѓаните плаќале повеќе.

„Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата. Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе.“ -велат од партијата.

Минатитот месец, намалување имаше кај минималната синдикална кошничка која ја пресметува ССМ. Според пресметките на синдикатот во јули за 108 денари беше забележано намалување во делот на храната и околу 50 денари поевтинел транспортот. Кошницата на синдикатот која се однесува на потребите на едно 4 члено семејство за претходниот месец изнесуваше нешто над 68 илјади денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој го убеди Родри да ја избере Барселона?

 Иако речиси беше договорено најкорисниот фудбалер од последното светско првенство, Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент.

Кој го убеди Родри да ја избере Барселона?

Иако речиси беше договорено најкорисниот фудбалер од последното светско првенство, Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент и практично го презеде капитенот на Шпанија од својот најголем ривал.

Вчера, Родри ја извести управата на каталонскиот клуб дека сака да стане дел од тимот на Ханси Флик, со што би се исклучила каква било можност за трансфер во Реал Мадрид, пишува „Марка“.

Флик лично стапил во контакт со играчот од средниот ред, како и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и спортскиот директор Деко, но шпанскиот фудбалер не донел одлука по разговорите со нив.

Според шпанските новинари, Флик, Лапорта и Деко му ги претставиле своите планови на Родриго, но освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година пред да ја донесе конечната одлука се консултирал и со неговиот долгогодишен тренер големиот Пеп Гвардиола.

Родри го прикажа својот најдобар фудбал под водство на Гвардиола во Сити, а конечната одлука ја донесе токму во разговор со него.

Гвардиола, како легенда на Барселона, го советувал својот досегашен капитен да замине во Каталонија, а според последните информации извонредниот Родри го послушал својот пријател и тренер – како што тоа го правел и многупати претходно во кариерата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснати

До 13:00 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Гори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснати

Активни се пожарите во селото Могила, Општина Могила, каде што гори ниска вегетација, како и кај селото Ропотово во Општина Долнени, каде што е зафатено стрниште.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер